Контакт

Забава

Промовирана нова веб страна за настани Topspot.mk

Објавено пред

Три месеци откако постои веб сајтот Topspot.mk во средата ја доживеа и својата официјална промоција во кафулето Драма.

Низ идеите и целите на оваа веб страница, специјализирана за настани од цела Македонија, па и пошироко, присутните ги воведе познатиот водител Жарко Димитриоски, кој ја поздрави идејата на креаторите на сајтот.

Идејата за Тopspot.mk произлезе кога креаторите на веб страната по потрага по информации за каде да го поминат слободното време, потрошиja драгоцени часови за да видат што, каде се случува, па едноставно решиja да им ја олеснат потрагата на останатите.

Во соработка со организаторите на настани од различни категории, Topspot.mk ги донесе сите информации за настаните на едно место. Веб страната нуди лесно пребарување на информациите за настаните преку нивно групирање по градови, категории и временски период. Topspot.mk најде начин сите информации кои се бараат да бидат достапни во секое време.

„Многу организатори ја препознале вредноста на оваа услуга и ја дале нивната доверба со регистрација на веб страната и промовирање на нивните настани. Topspot.mk ќе стори се да ја добие довербата и од корисниците кои ги бараат информациите за тие настани“, изјави Александра Миланова дел од тимот на Topspot.

Локали, галерии, музеи и културни центри, спортски клубови и федерации, продуцентски куќи, поголемите општини, универзитети и факултети се веќе дел од Topspot.mk и ги промовираат своите забавни, културни, спортски, едукативни, хуманитарни и голем број други настани.

Целта на Topspot.mk е да ги донесе посетителите од пред мониторите на местото на настанот. /крај/мф/ач



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Локација за храбри фотографи: Камен заглавен меѓу две карпи на височина од 1.000 метри

Објавено пред

Камен кој стои меѓу две карпи на планината Кјераг покрај планинарите ги привлекува и оние кои сакаат совршена фотографија на скоро 1.000 метри над бездната.

Кјерагболтен е веројатно најпознатиот камен во Норвешка, кој се наоѓа во близина на селото Лисеботн. Иако е голема атракција на „Инстаграм“, поради тешкиот терен, само оние кои се одлично физички подготвени можат да дојдат до ова место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karin _living in Hamburg ⚓️🚢 (@kaa_dschungelbuch_) on

Не е сигурно како овој камен се нашол во пукнатина меѓу карпите, но претпоставката е дека се наоѓа таму уште од последното ледено доба. Со оглед на тоа што карпата е на надморска височина од 989 метри, само најхрабрите се осмелуваат да стапнат на него со цел да направат совршена фотографија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lysefjorden Adventure AS (@lysefjordenadventureas) on

Но, дури и оние кои немаат храброст да се качат на каменот, сепак можат да уживаат во неворојатниот поглед. Кјерагболтен и планината Кјераг се дел од спектакуларни карпести формации во близина на Лисефјорд, кој важи за еден од најубавите фјордови во Норвешка.

Прикажи повеќе...

Забава

Бијонсе шик на 50-тиот роденден на Диди

Објавено пред

Бијонсе беше на списокот гости ѕвезди на прославата на 50-тиот роденден на Шон „Диди“ Комбс во саботата.

23-кратната добитничка на Греми изгледаше прекрасно во вечерен фустан со голем шлиц кога се појави на настанот со сопругот Џеј-зи.

Следниот ден Бијонсе на својот Инстаграм сподели фотографии на кои позира пред нејзината куќа пред да замине на роденденската прослава.

38-годишната пејачка на себе има беспрекорен црн кадифен фустан што допира до земја и голем шлиц до бутот. Фустанот е украсен со апликации во облик на сребрени листови над колкот и преку структурираното деколте.

Изгледот го дополни со долги вечерни нараквици, на кои стави авангарден прстен во облик на лист и слоевита дијамантска бразлетна.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Викторија Бекам се реши за необични украси за својата елка

Објавено пред

Викторија Бекам е позната по својот префинет вкус за модата. Сепак, таа е вешта и во тоа да ја шокира јавноста со изјави, но и со постапки.

Овој пат Викторија покажа како ја украсила елката за претстојните празници, што предизвика бурни коментари во светот.

Меѓутоа, креаторката и поранешна пејачка годинава направи многу чуден избор на украси. Врвот на елката, наместо со ѕвезда, го украси со кукла со својот лик.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ55 минути

Прегазен пешак во Илинден

Дваесет и едногодишно момче со автомобил удрило во 79-годишен пешак, кој починал на местото на несреќата. Според информациите на полицијата,...

Македонија59 минути

(Видео) Јасна Мандиќ од куќен притвор донесена на распит во Обвинителството

Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ, соработничката на Бојан Јовановски, од куќен притвор со полициска придружба беше спроведена во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија2 часа

Жителите на Трнодол најавуваат протести и тужба против градоначалникот

Жителите на Трнодол најавуваат протести ако Општина Карпош не го повлече детаљниот урбанистичкиот план, кој, како што велат, може да...

Свет3 часа

„Њујорк тајмс“: САД тајно протерале двајца кинески дипломати осомничени за шпионажа

Американската влада тајно протерала двајца официјални претставници на кинеската амбасада по нивниот упад во воената база во Вирџинија, објави „Њујорк...

Свет3 часа

Британски турист убиен пред луксузен хотел во Аргентина

Педесетгодишен британски турист е убиен пред луксузен хотел во Буенос Ариес. Како што пренесуваат светските медиуми, автобус со туристи патувал...

Свет4 часа

Во Виена уапсени двајца Чеченци, планирале терористички напад за Божиќ

Австриската полиција уапси двајца мажи осомничени дека планирале терористички напад во Виена меѓу Божиќ и Нова Година, пренесе Индекс.хр. Од...

Македонија16 часа

Aлфите го пронајдоа детето што се изгуби на кејот на Вардар

Единицата Алфа го пронајде 12 годишниот Мартин кој денеска се загуби во близина на кејот на реката Вардар. Од МВР информираа...

Топ19 часа

Тетовец го пријавил чичко му оти му се заканувал со секира

Шеест и двегодишен маж од Тетово, со иницијали И.И. синоќа бил приведен од страна на полицијата. Како што јави МВР,...

Македонија21 час

Мицкоски за ексамбасадорот кој репетираше пушка: Го знам од детството, но ќе предложам негово разрешување

На следната седница на Извршниот Комитет, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе предложи разрешување на ексамбасадорот, Томислав Димитровски, кој е...

Македонија21 час

(Видео) Заев: Судскиот совет да провери зошто се чувале предмети во фиока

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во воведот од неговиот говор рече дека го радува глетката од преполната сала...

Свет22 часа

(Видео) Најмалку четири лица загинаа во земјотресот на Филипините

Најмалку четири лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,9 степени кој го погоди островот Минданао во јужниот дел на...

Спорт1 ден

Македонец е светски првак во УФЦ–Александар „The Great“ Волкановски

Македонецот Александар „The Great“ Волкановски (31) е новиот шампион во УФЦ, во перо категорија. Волкановски утринава во Лас Вегас го...

Економија1 ден

Почна наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“

Од денес со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од...

Свет2 дена

Уништувањето на шумите во Амазонија достигна највисоко ниво за месец ноември

Уништувањето на шумите во бразилската Амазонија го достигна своето највисоко ниво за месец ноември, откако почна да се бележи неславни...

Македонија2 дена

Заев за ДУИ ќе се консултира во СДСМ и со малите партии

Премиерот Зоран Заев најави внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии на кои ќе се одлучува за поднесувањето на...

Топ2 дена

Пожар во стан во Тетово – еден тешко повреден, десетина затруени

Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица се затруени од чад, во пожарот што се случи денеска...

Македонија2 дена

Врховните судии потврдија дека Јован Врaнишковски перел пари

Врховниот суд го отфрли како неосновано барањето за вонредно преиспитување на пресудата против расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски. Тројцата...

Македонија2 дена

(Видео) Русковска: На почетокот на јануари се надевам на второ обвинение за „Рекет“

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека втората истрага за случајот „Рекет“ е при...

Македонија2 дена

Николоски тврди дека со СДСМ имале договор: За изборниот модел требаше да преговараме по изборите

Преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак, по вина на власта којашто на подмолен и недемократски начин, сака...

Македонија2 дена

(Видео) Дескоска, Здравев и Џолев на примопредавање на златната метла

Министерката за правда, пред почетокот на денешната акција за чистење на претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев му ја подари...

Досие