Забава
Илјада радија за париските бездомници

Илјада радиоприемници ќе им бидат поделени на бездомниците на улиците на француската престолнина Париз од 21-ви до 24-ти декември, за да се прекине нивната изолација и да им се пружи достап до информациите и културата.
„Со акцијата првенствено се сака да се потсети дека има повеќе од илјада лица коишто спијат на улиците на Париз“, изјави во средата Кристоф Луи, директор на здружението Децата на каналот која е организатор на акцијата.
„Наместо да им се даваат вообичаените шалови и капи, ние се обидовме да направиме нешто пооригинално коешто ќе потсети дека многу луѓе сé уште спијат на улица“, вели Луи.
Идејата за радијата потекнала од барањата на бездомниците и со увид на екипите н асоцијалните работници или волонтерите кои се во контакт со овие лица, се истакнува во соопштението на здружението.
Радиоприемниците што ќе бидат делени на париските бездомници функционираат со помош на динамо и соларна енергија, а покрај тоа на нив има вградена и сијалица за осветлување./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Tаткото на Бијонсе изјави дека ќерка му била жртва на сексуална злоупотреба

Таткото на една од најпопуларните пејачки на денешницата, Бијонсе (38), даде интервју за „Влад ТВ“, а неговите признанија предизвикаа негодување во јавноста.
Метју Ноулс во моментот ја промовира својата нова книга Destiny’s Child: The Untold Story, во која пишува за лошата одлука што ја донел на почетокот на кариерата на својата ќерка.
„Сè се случи кога Бијонсе беше дел од групата ‘Дестини чајлд’“, почна Метју во интервјуто.
Во тоа време тој бил нејзин менаџер, а сега признава дека Бијонсе и нејзината колешка од групата, Кели Роланд, биле жртви на сексуална злоупотреба.
Тој рече дека во 2000 година биле нападнати од двајца членови на групата Jagged Edge, со кои девојките настапувале на заедничка турнеја. Сепак, тој не ги именувал наводните сторители.
„Тогаш девојчињата беа малолетни. Имаа само 16 години, а момчињата имаа околу 21 или 22 години. Јас бев одговорен за девојките и морав да се грижам за нив“, рече Метју.
Како што објасни тој, Бијонсе и Кели му се пожалиле дека им додеваат момчињата во групата.
Пред да заврши интервјуто, водителот го прашал како тој како татко ја решил ситуацијата во која група мажи се обиделе да спијат со ќерка му.
„Нема да зборуваме за тоа пред камерите“, рече тој.
Сега се очекуваат реакциите на Бијонсе и Кели бидејќи ниту една од нив досега ги нема спомнато овие детали во јавноста.
Забава
Кејт Мидлтон ѝ оддаде почит на принцезата Дијана носејќи ја нејзината тијара

На дипломатскиот прием на кралицата, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, ја носеше тијарата што ѝ припаѓаше на покојната принцеза Дијана.
Тијарата наречена Lover’s Knot беше сопственост на нејзината покојна свекрва, мајката на принцот Вилијам, принцезата Дијана.
Ова не е првпат Кејт Мидлтон да ѝ оддаде почит на принцезата Дијана носејќи предмети што ѝ припаѓале нејзе.
Прекрасната тијара е направена во 1914 година и кралицата ѝ ја даде на принцезата од Велс како подарок за венчавката кога се омажи за принцот Чарлс во 1981 година.
Кралицата Елизабета ја добила оваа тијара од кралицата Марија, а кога принцот Чарлс решил да се ожени со Дијана, кралицата ѝ ја подарила на Дијана.
Тијарата е една од омилените работи што Кејт сака да ги носи од принцезата Дијана.
Забава
Анонимен купувач ѝ ја врати култната кожена јакна на Оливија Њутн-Џон

Пејачката Оливија Њутн-Џон (71) се бори со рак веќе со години, а во ноември минатата година лошата болест ѝ се врати третпат. Таа тогаш рече дека не сака да знае уште колку време ѝ останува и дека нејзините шанси за оздравување се мали.
На почетокот на ноември таа организира аукција на предмети од својата долга кариера за да собере пари за лекување на ракот. Култната кожена јакна што ја носеше во филмот „Брилјантин“ беше меѓу избраните 500 артикли и почетната цена ѝ беше 200.000 долари.
„Воопшто не сум тажна што ќе се разделам со тие работи“. Тоа се само работи и се обидувам да не бидам приврзан кон нештата. Ќе ги задржам убавите спомени и фотографии во моето сеќавање“, рече пејачката во оваа пригода.
Анонимен клиент ја развесели Оливија со тоа што ѝ ја подари нејзината јакна и донира дополнителни 185.000 фунти за австралискиот центар за лекување од рак, што го отвори во 1992 година кога првпат ѝ беше дијагностициран карцином на дојката.
„Јакната не треба да биде во плакарот на милијардерот кој само би се фалел со неа во кантри-клуб“, ѝ рече актерот кога ѝ ја предаде јакната на состанокот во Калифорнија.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми