Забава
Лондонското метро низ бројки
По повод 150-годишнината од постоењето на лондонското метро, Франс прес објави неколку интересни бројки поврзани со него.
– Метрото има 270 постојки.
– Најкуси рута е 300 метри помеѓу плоштад Лестер и Ковент Гарден.
– Билет чини 5,5 евра. Тоа е повисока цена по километар отколку на Ориент Експрес.
– Најдолгиот пат без промена на линијата е 54,9 километри меѓу Вест Рислип и Епинг во Централната линија.
– Мрежата на метро покрива 402 километри и превезува околу 1,1 милијарди патници годишно.
– Станицата Ејнџл го држи рекордот за најдлабок ескалатор во Западна Европа – тој слегува 60 метри под земја.
– Лондонското метро минува растојание еднакво на 90 одења и враќања од Земјата до Месечината секоја година.
– Околу 175 000 лондончани спиеа во метрото секоја ноќ на почетокот на Втората светска војна, за да се заштитат од бомбардирањето.
– Планот на лондонското метро, дело на Хари Бек, кој се претвора во еден од симболите на Лондон, е отпечатен за прв пат во 1933 година.
– Метрото се искористи за превоз на ковчегот со посмртните останки на премиерот Вилијам Гледстон во 1898 година.
– Во 1969 година кралицата Елизабета II, облечена во палто од бизон, се качува на метрото, за прв пат од почетокот на нејзиното владеење, по повод отворањето на линијата Викторија.
– Се смета дека лондонското метро е дом на околу половина милион глувци. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Генијален трик со кибрити ќе ја спаси секоја билка што вене
Ставањето кибрити во саксија можеби ви звучи како суеверие, но зад овој трик стои и наука. Со негова помош можете да одгледувате поздрави растенија кои побрзо ќе цветаат и ќе даваат плодови.
Доколку вашите билки и собни растенија не напредуваат, иако имаат доволно светлина и топлина, причината може да биде недостиг на есенцијални минерали во почвата или присуство на штетници.
Поставувањето кибрити во земјата околу растенијата во саксии создава средина што ги одбива штетниците, а истовремено ги „храни“ растенијата со неопходни минерали.
Кибритите содржат фосфорен сесквисулфид, калиум-хлорид и мали количини магнезиум и железни оксиди. Некои видови содржат и црвен фосфор.
Сулфурот во кибритите помага во борбата против штетници без употреба на хемикалии штетни за луѓето, додека калиум-хлоридот и црвениот фосфор делуваат како дезинфициенс и природен пестицид и се сметаат за безбедни за употреба, наведува „Ask Prepper“.
Често е тешко да се одреди точната количина ѓубриво за растенијата. Тие најдобро напредуваат со почести и помали дози, што бара редовна рутина.
Растенија како бамја, модар патлиџан и пиперки се особено зависни од хранливите материи во почвата, но и чувствителни на нивната рамнотежа. Прекумерна количина азот од хемиски ѓубрива може да доведе до буен раст на листови, но без цветови и плодови.
Користењето кибрити како природно ѓубриво ги елиминира овие проблеми. Со редовно наводнување, влагата постепено ги раствора главите на кибритите, ослободувајќи сулфур, фосфор и магнезиум, кои ги хранат растенијата.
Фосфорот и фосфорниот сесквисулфид го поттикнуваат развојот на пупки. Доволно е да забодете 10 до 20 кибрити во земјата, така што главите да бидат добро закопани. Најдобро е тие да се постават на половина растојание меѓу работ на саксијата и стеблото. Не ги ставајте премногу блиску до стеблото за да не го оштетите коренот.
pexels
Забава
Застани и погледни каде си: хороскоп за последните денови од 2025
Последните денови од 2025 година не носат големи ветувања, туку тивка, но силна порака – застанете и погледнете каде сте. Ова е период на затворање циклуси, внатрешни пресметки и свесно отпуштање на сè што ве исцрпува. Малите одлуки сега имаат долгорочно влијание.
Ова не е време за пасивно чекање, туку за активна лична одговорност, јасност и искреност кон себе.
Овен – Успорување и поставување граници. Помалку обврски значат повеќе енергија.
Бик – Вредности и пари. Крај на трошоци и односи што не ве почитуваат.
Близнаци – Комуникација. Искрен разговор носи олеснување.
Рак – Емоционален баланс. Учите да не ги носите туѓите грижи.
Лав – Идентитет. Престанувате да се докажувате – суштината останува.
Девица – Здравје и рутина. Мали промени носат брзи резултати.
Вага – Односи. Бирате мир и стабилност, не компромис по секоја цена.
Шкорпија – Контрола. Ослободувањето носи вистинска сила.
Стрелец – Насока. Ги преиспитувате целите и правите искрен избор.
Јарец – Одговорност кон себе. Балансот станува подеднакво важен како и обврските.
Водолија – Иднина и планови. Идеите сега стануваат темел за 2026.
Риби – Внатрешен глас. Интуицијата води – тишината носи одговори.
Забава
„Зooтопија 2“ стана најпрофитабилен холивудски филм за 2025 година
Вториот дел од приказната на неочекуваното дуо, „Зоотопија 2“, е официјално најпрофитабилниот холивудски филм за оваа година.
Анимираното продолжение на Дизни , преполно со животински ликови, веќе достигна импресивни 1,13 милијарди долари светски приходи само 20 дена по премиерата, победувајќи го римејкот на „Лило и бод“, кој заврши со 1,03 милијарди долари.
Сепак, надвор од Асоцијацијата на филмски уметници, кинескиот анимиран блокбастер „Не Жа 2“ останува најголемата заработка во 2025 година со огромни 1,9 милијарди долари.
depositphotos

