Забава
Настасија Кински за татко си вели дека бил тиранин
Актерката Настасија Кински го обвинува татко си, германскиот актер Клаус Кински дека бил „тиранин“ кој се обидувал сексуално да ја злоставува кого би го испратила во затвор да е уште жив, додека нејзината полусестра претходно во средата откри дека со години ја силувал.
„Беше тиранин. Одвај можам да се сетам дека заедно сме седеле на маса“, тврди 51-годишната Настасија Кински во интервјуто за германскиот неделник Bild am Sonntag.
Да ја има денес таа можност, би сторила „сѐ да оди во затвор“. „Кога почина, некои ми рекоа дека жалат. Мене не ми беше“, додава Настасија.
Дваесет идве години по смртта на познатиот германски актер Калус Кински неговата постара ќерка Пола седмицава јавно откри дека со години татко ѝ ја силувал.
Во книгата објавена во Германија, 60-годишната исто така актерка Пола ги прераскажува грозоморствата низ кои минувала на возраст од пет до девет години, трагедијата којашто досега не ѝ ја кажала на својата полусестра Настасија.
Таа, пак, за Bild am Sonnta, вели дека иако Калус Кински сексуално не ја злостаувал, „секогаш се обидувал“.
„Секогаш премногу ме пипкаше, ме приближуваше до себе толку силно што мислев дека нема да можам да се извлечам. Во тој период имав четири или пет години и живеевме во Минхен“, вели Настасија.
Харизматичниот лик познат по продорниот поглед, Клаус Кински, почина во 1991 година во 65-та година, беше претставуван како генијален актер чии најпознати филмови се „Агвире, гневот Божји“ и „Фитцџералдо“ во режија на славниот Вернер Херцог./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Уапсена риалити-ѕвездата која тврдеше дека му била љубовница на принцот Хари
Британската државјанка Кетрин Омани (53), која во минатото тврдела дека била љубовница на принцот Хари, е уапсена на шпанскиот остров Мајорка поради сомнеж дека го напуштила хотелот без да ја плати сметката, пренесе Танјуг.
Според полицијата, Омани е осомничена за измама откако наводно заминала од хотелот „Плајас дел Реј“ во летувалиштето Санта Понса, во близина на Магалуф, без да плати околу 550 евра за деветдневен престој од 2 до 11 јануари. Таа била уапсена и истиот ден изведена пред судија во Палма, по што била пуштена да се брани од слобода, пишува Мирор.
View this post on Instagram
Портпарол на Цивилната гарда го потврдил апсењето, наведувајќи дека станува збор за 53-годишна Британка осомничена дека го напуштила објектот без плаќање. Локалните медиуми објавија дека резервацијата наводно била направена со картичка без средства.
Омани, дизајнерка на ентериер и поранешна учесничка во ријалити-програмата „Вистинските домаќинки од Лос Анџелес“, ги демантираше обвинувањата, тврдејќи дека сметката е целосно платена и дека станува збор за техничка грешка на хотелот.
Таа во ноември 2022 година изјави дека имала двомесечна афера со принцот Хари во 2006 година, откако се запознале во бар.
Фото насловна: Depositphotos
Забава
Илон Маск ќе бара старателство над своето 13-то дете: „Мајката сака да го промени полот на нашето бебе“
Илон Маск најави дека ќе поднесе барање за самостојно старателство над своето 13. дете, откако мајката на детето, инфлуенсерката Ешли Сент Клер, јавно изрази жалење поради своите претходни десничарски ставови.
Неговиот приватен живот повторно е во центарот на вниманието поради овој потег.
Ешли Сент Клер, инфлуенсерка позната по промовирање на МАГА-ставови, претходно тврдеше дека тајно го родила детето на Маск. Според Волстрит џурнал, лабораторискиот наод на Лабкорп покажал дека Илон Маск е татко на детето со веројатност од 99,9999 отсто.
Подоцна, Сент Клер побарала самостојно старателство, наведувајќи во судски поднесок дека Маск го видел синот само трипати и дека не учествувал во неговата грижа и воспитување. Таа тврдела и дека Маск не ѝ обезбедувал финансиска поддршка ниту неа, ниту детето.
Ситуацијата се променила откако Сент Клер на Икс ги критикувала некои од своите поранешни ставови. Во неодамнешна објава напишала дека чувствува „огромна вина“ поради својата улога во промовирање на десничарски, вклучително и трансфобни ставови.
„За ова не зборував многу бидејќи се прашував дали мојот глас воопшто ќе биде корисен, со оглед на тоа што многумина ќе го протолкуваат како неискрен или како свртување затоа што сум ‘омразена’“, напишала таа.
„И овој одговор ќе предизвика десничарска хистерија, но да – жал ми е.“
Нејзините изјави брзо стигнале до Маск, откако еден корисник ги споделил и ја обвинил дека синот го изложува на „трансродно заведување“.
Маск реагирал со објава:
„Денес ќе поднесам барање за самостојно старателство, со оглед на нејзините изјави кои сугерираат дека би можела да покрене промена на полот кај едногодишно момче.“
Во објавите на Ешли Сент Клер не се спомнува намера нејзиниот син Ромулус да го промени полот. Таа и понатаму е активна на Икс, каде продолжува да го критикува Маск и тврди дека ѝ е оневозможен пристап до претплатата X Premium. Маск по оваа објава не се огласил дополнително.
Фото: Depositphotos
Забава
Бруклин Бекам побарал комуникација со родителите само преку адвокати
Бруклин Бекам во последно време е во фокусот на светските медиуми откако одлучил да го прекине контактот со своите родители, Дејвид Бекам и Викторија Бекам, со цел да го заштити своето ментално здравје.
Според Мирор, Бруклин испратил правно писмо во кое побарал родителите во иднина да комуницираат со него исклучиво преку адвокати и да престанат со директен контакт. Негов пријател изјавил дека објавите на родителите на социјалните мрежи, во кои тој бил означуван или спомнуван, го вознемирувале емотивно, бидејќи сакал евентуалното помирување да се одвива приватно.
Ситуацијата, според изворите, дополнително се влошила откако Викторија лајкнала негова фотографија, а Дејвид за Божиќ објавил негова детска фотографија, по што Бруклин ги блокирал на социјалните мрежи. Тој смета дека родителите сè уште го гледаат како дете, а не како возрасна личност.
Бруклин е погоден и од тврдењата дека неговата сопруга Никола Пелц го контролира и стои зад неговото дистанцирање од семејството, што негови блиски го оценуваат како сексистички и навредливо.
Од друга страна, извори блиски до Дејвид и Викторија Бекам велат дека тие се шокирани и тажни поради правниот потег, нагласувајќи дека секој нивен чекор бил мотивиран од желба за помирување и дека длабоко го сакаат својот син.
Фото: ЕПА

