Забава
Џована Кири новинарката која прва ја објави веста за одлуката на Папата
Новинарката на италијанската новинска агенција Џована Кири, долгогодишна известувачка од Ватикан, во понеделникот стана славна во новинарските кругови, но и пошироко, бидејќи благодарејќи на познавањето на латинскиот јазик и својата храброст беше првата која во светот ја пренесе одлуката на папата Бенедикт XVI да се повлече од должноста.
Џована Кири, која впечатливо покажа дека познавањето на мртов јазик не е бесполезно, веднаш сфатила што Папата зборува, кој на латински почнал со тивок глас да ја чита својата одлука.
„Ми се стресоа колената. Мислев дека тоа е апсурдно. Знаев, секако, што напиша во неговата книга за можноста за оставката, знаеја сите, но никогаш не помислив дека тоа навистина ќе го стори“, вели новинарката на Ansa.
Кири којашто известува од Ватикан од 1994 година, успеала да ја пренесе веста под голем притисок. „Знаев колку е тоа важно. Веднаш се обидов да ја контактирам агенцијата, да ја проверам информацијата, иако не се сомневав во својот латински. Во редакцијата се погрижија веста брзо да биде емитирана“, објаснува.
Според искусните новинари, многу е тешко да се известува од Ватикан. Дури и оние кои таму се со години ретко го знаат латинскиот и ги чекаат официјалните преводи на Светата столица. Новинарите од Ватикан го пренесуваат сето она што ги интересира и се однесува на милиони верници, но две вести секогаш се поважни од другите – простувањето од еден папа и објавувањето дека доаѓа друг папа.
Кога тоа ќе се случи, како дел од нормалното натпреварување меѓу новинарите, почнува трката: кој прв ќе ја објави веста, или, пак, во конкретниот случај, кој ќе биде доволно храбар да биде прв? Тие прашање можеби не се толку важни надвор од медиумските кругови, но се непроценливи во самиот него, пишува американскиот портал Huffington Post. „Браво Џована“, затоа објавија многу италијански новинари на своите Twitter профили, оддавајќи и’ признание на колешката за нејзината храброст и знаење./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Вратата ја удри Ријана, нејзината реакција стана хит
Поп-ѕвездата Ријана доживеа мала незгода при излегување од хотел во Њујорк, кога вратата ја удри бидејќи телохранителот не ја придржал. Ситуацијата е снимена и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
Ријана реагираше во свој стил – се насмеа и му дофрли на телохранителот: „Баш сте џентлмен“. На интернет се отвори дебата – некои сметаат дека тој требало да ѝ помогне, други дека тоа не е негова работа. Сепак, повеќето се согласија дека пејачката само се пошегувала.
Rihanna reacts to being hit by a door after her bodyguard fails to hold it:
“Such a gentleman you are.”
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) January 17, 2026
Забава
(Видео) Хурем и Сулејман повторно заедно – по 12 години од серијата, блеснаа на црвениот тепих
По 12 години од крајот на снимањето на популарната серија Сулејман Величествениот, актерите Мерјем Узерли (Хурем) и Халит Ергенч (Сулејман) се појавија на ист настан — доделувањето на наградите Joy Awards во Ријад, Саудиска Арабија.
Мерјем блескаше во долга, богато украсена креација на Khaled & Marwan, наликувајќи на вистинска султана. Со изборот на облека таа ги испочитува културните норми на земјата-домаќин.
View this post on Instagram
На настанот присуствуваа и светски ѕвезди како Мили Боби Браун (која доби признание за личност на годината) и пејачката Кејти Пери, која ја отвори церемонијата.
Мерјем и Халит се најдоа во исти кадри и на видеото кое актерката го објави на стори на „Инстаграм“, што дополнително ги разгоре шпекулациите за нивната блискост.

Халит Ергенч се појави на настанот со својата сопруга, актерката Бергузар Корел, со која денес имаат три деца и заедно ја надминале брачната криза од минатото.
Фото насловна: „Сулејман величествениот“ – промотивен материјал
Забава
Директорот на „Рајанер“ и Илон Маск си разменија навреди: „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“
Јавна расправија со навреди изби меѓу Илон Маск и извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, откако О’Лири во интервју за ирското радио „Њусток“ го нарече Маск идиот и ја нарече неговата социјална мрежа „Икс“ – септичка јама. Причина за конфликтот е одлуката на „Рајанер“ да не ја користи ви-фи услугата „Старлинк“ во своите авиони.
„Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“, рече О’Лири.
Маск реагираше на „Икс“, нарекувајќи го О’Лири целосен идиот и побара да биде отпуштен. Во друга објава додаде: „Отпуштете го овој имбецил“, обвинувајќи го дека погрешно ги проценил ефектите на „Старлинк“ врз потрошувачката на гориво.
Во расправијата се вклучи и официјалниот профил на „Рајанер“ на „Икс“, кој го исмеа Маск поради прекин на платформата: „Можеби вам ви треба ви-фи, @elonmusk?“
perhaps you need Wi-Fi @elonmusk? https://t.co/eq82qcLqKv
— Ryanair (@Ryanair) January 16, 2026
О’Лири изјави дека „Старлинк“ не е практичен за нискобуџетните летови на кратки релации, бидејќи надворешните антени ја зголемуваат аеродинамичната отпорност и трошат повеќе гориво – до 2 проценти повеќе, што би чинело стотици милиони долари годишно.
Маск ги оспорува овие податоци, тврдејќи дека веќе постојат авиокомпании кои летаат со авиони опремени со „Старлинк“ и дека високобрзинскиот интернет ќе стане пресуден за изборот на патниците.

