Забава
Пиштолот на славниот капетан Џејмс Кук продаден за 227 илјади долари
Пиштолот кој му припаѓал на славниот британски морепловец и истражувач Џејмс Кук кој ја откри Австралија, е продаден на аукцијата на куќата „Leski Auctions“ во четвртокот во Мелбурн за 227.100 долари.
Месинганиот пиштол „Continental Flintlock“ од почетокот на XVIII век, го изработил холандскиот производител Годефрои Корбау Ле Јеуне и се очекуваше дека на аукцијата ќе постигне цена меѓу 100 и 200 илјади американски долари.
Оружјето е купено од приватен колекционер од Австралија, чие име не се соопштува, рекол за Reuters претставник на трговската куќа „Cassandra Hilber“.
„Голем интерес (за пиштолот), исто така, покажаа и жители од Нов Зеланд“, додал соговорникот.
Не се знае дали капетанот Кук го носел тој пиштол во април 1770 година кога првпат стапнал на австралиската почва, меѓутоа изгледа дека не го употребувал премногу, оценуваат експертите.
Потомците на капетанот Кук во сопственост го имаа пиштолот повеќе од двесте години. Овој пиштол, еден од ретките лични предмети на славниот истражувач Џејмс Кук, се пренесувал од генерација на генерација во семејството Кук, и претставува симбол на односот на Кук и Австралија, а во 2003 година беше купен од страна на поранешниот градоначалник на Мелбурн, Рон Вокер на аукција во Единбург, Велика Британија.
„Имаме делови од неговиот брод и уште некои дребулии, меѓутоа морнаричките капетани не собираат предмети, па и во овој случај малку од тоа што му припаѓало е вратено на семејството. Овој пиштол со тестамент е оставен на неговата сестра и затоа со генерации останал во семејството. Имаме среќа што успеавме да ја утврдиме директната врска меѓу овој пиштол и нашиот, така да го наречам, татко втемелувач“, рече Чарлс Лески претставникот на аукциската куќа пред почетокот на наддавањето.
Џејмс Кук е роден во Англија во 1728 година. Тој водел три светски експедиција за проучување на светските океани. Кук на светската мапа ги вцрта Њуфаундленд, источниот брег на Канада, Австралија, Нов Зеланд, западниот брег на Северна Америка, Пацификот, Индискиот и Атлантскиот Океан. Славниот морепловец загинал во борба со домородците на Хаваи во 1779 година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Вратата ја удри Ријана, нејзината реакција стана хит
Поп-ѕвездата Ријана доживеа мала незгода при излегување од хотел во Њујорк, кога вратата ја удри бидејќи телохранителот не ја придржал. Ситуацијата е снимена и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
Ријана реагираше во свој стил – се насмеа и му дофрли на телохранителот: „Баш сте џентлмен“. На интернет се отвори дебата – некои сметаат дека тој требало да ѝ помогне, други дека тоа не е негова работа. Сепак, повеќето се согласија дека пејачката само се пошегувала.
Rihanna reacts to being hit by a door after her bodyguard fails to hold it:
“Such a gentleman you are.”
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) January 17, 2026
Забава
(Видео) Хурем и Сулејман повторно заедно – по 12 години од серијата, блеснаа на црвениот тепих
По 12 години од крајот на снимањето на популарната серија Сулејман Величествениот, актерите Мерјем Узерли (Хурем) и Халит Ергенч (Сулејман) се појавија на ист настан — доделувањето на наградите Joy Awards во Ријад, Саудиска Арабија.
Мерјем блескаше во долга, богато украсена креација на Khaled & Marwan, наликувајќи на вистинска султана. Со изборот на облека таа ги испочитува културните норми на земјата-домаќин.
View this post on Instagram
На настанот присуствуваа и светски ѕвезди како Мили Боби Браун (која доби признание за личност на годината) и пејачката Кејти Пери, која ја отвори церемонијата.
Мерјем и Халит се најдоа во исти кадри и на видеото кое актерката го објави на стори на „Инстаграм“, што дополнително ги разгоре шпекулациите за нивната блискост.

Халит Ергенч се појави на настанот со својата сопруга, актерката Бергузар Корел, со која денес имаат три деца и заедно ја надминале брачната криза од минатото.
Фото насловна: „Сулејман величествениот“ – промотивен материјал
Забава
Директорот на „Рајанер“ и Илон Маск си разменија навреди: „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“
Јавна расправија со навреди изби меѓу Илон Маск и извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, откако О’Лири во интервју за ирското радио „Њусток“ го нарече Маск идиот и ја нарече неговата социјална мрежа „Икс“ – септичка јама. Причина за конфликтот е одлуката на „Рајанер“ да не ја користи ви-фи услугата „Старлинк“ во своите авиони.
„Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“, рече О’Лири.
Маск реагираше на „Икс“, нарекувајќи го О’Лири целосен идиот и побара да биде отпуштен. Во друга објава додаде: „Отпуштете го овој имбецил“, обвинувајќи го дека погрешно ги проценил ефектите на „Старлинк“ врз потрошувачката на гориво.
Во расправијата се вклучи и официјалниот профил на „Рајанер“ на „Икс“, кој го исмеа Маск поради прекин на платформата: „Можеби вам ви треба ви-фи, @elonmusk?“
perhaps you need Wi-Fi @elonmusk? https://t.co/eq82qcLqKv
— Ryanair (@Ryanair) January 16, 2026
О’Лири изјави дека „Старлинк“ не е практичен за нискобуџетните летови на кратки релации, бидејќи надворешните антени ја зголемуваат аеродинамичната отпорност и трошат повеќе гориво – до 2 проценти повеќе, што би чинело стотици милиони долари годишно.
Маск ги оспорува овие податоци, тврдејќи дека веќе постојат авиокомпании кои летаат со авиони опремени со „Старлинк“ и дека високобрзинскиот интернет ќе стане пресуден за изборот на патниците.

