Забава
Отворена затворска дискотека во Венецуела
Во затворот на островот Маргарита во североисточниот дел од Венецуела на Велики четврток била отворена дискотека во којашто ќе гостуваат стриптизети и во која затворениците ќе имаат „слободен” влез, пишува весникот El Universal.
Поради извонредно лошата ситуација во венецуелските затвори во текот на минатата 2012 година смртно настрадаа 600 затвореници пишува весникот El Universal посветен на затворската дискотека. Клубот кој го носи името „El Yate club” е отворена на Велики четврток пред прославата на католички Велигден, во затворот Сан Антонио во присуство на пријатели и семејства на затворениците на кои им упатиле покани преку социјалните мрежи.
Во поканата детално е опишана дискотеката којашто може да прими до 600 „гости”. Според весникот, дискоклубот е опремен со „спектакуларни светлосни ефекти, професионално озвучување, климатизери, а повремено ќе гостуваат и стриптизети”.
Венецуелското министерство за правосудство не реагирало официјално на текстот. Но весникот повикувајќи се на извори блиски на министерството, пренесе дека забавата се оддолжила до раните утрински часови.
Во Венецуела веќе неколку години се чувствува неподносливата состојба со затворскиот систем, во прв ред поради нивната пренатрупаност со осуденици, но и поради застарената и недоволна инфраструктура, како и насилството меѓу затворениците во кое минатата година смртно настрадаа 591 лице. Во голем случај затворите им се предадени на управување на самите затвореници кои се силно вооружени а понекогаш имаат и лидер.
И покрај тоа што дискотеките се забранети во затворите во Венецуела, министерката за затворскиот систем Ирис Варела смета дека воведувањето на ваква активност во затворите може да придонесе кон намалувањето на насилството во нив. Во некои венецуелски затвори има и базени.
Според податоците на невладините организации, во венецуелските затвори во 2012 година престојувале 48.262 затвореници, иако севкупниот максимален капацитет изнесува 16.539 осуденици./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Вратата ја удри Ријана, нејзината реакција стана хит
Поп-ѕвездата Ријана доживеа мала незгода при излегување од хотел во Њујорк, кога вратата ја удри бидејќи телохранителот не ја придржал. Ситуацијата е снимена и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
Ријана реагираше во свој стил – се насмеа и му дофрли на телохранителот: „Баш сте џентлмен“. На интернет се отвори дебата – некои сметаат дека тој требало да ѝ помогне, други дека тоа не е негова работа. Сепак, повеќето се согласија дека пејачката само се пошегувала.
Rihanna reacts to being hit by a door after her bodyguard fails to hold it:
“Such a gentleman you are.”
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) January 17, 2026
Забава
(Видео) Хурем и Сулејман повторно заедно – по 12 години од серијата, блеснаа на црвениот тепих
По 12 години од крајот на снимањето на популарната серија Сулејман Величествениот, актерите Мерјем Узерли (Хурем) и Халит Ергенч (Сулејман) се појавија на ист настан — доделувањето на наградите Joy Awards во Ријад, Саудиска Арабија.
Мерјем блескаше во долга, богато украсена креација на Khaled & Marwan, наликувајќи на вистинска султана. Со изборот на облека таа ги испочитува културните норми на земјата-домаќин.
View this post on Instagram
На настанот присуствуваа и светски ѕвезди како Мили Боби Браун (која доби признание за личност на годината) и пејачката Кејти Пери, која ја отвори церемонијата.
Мерјем и Халит се најдоа во исти кадри и на видеото кое актерката го објави на стори на „Инстаграм“, што дополнително ги разгоре шпекулациите за нивната блискост.

Халит Ергенч се појави на настанот со својата сопруга, актерката Бергузар Корел, со која денес имаат три деца и заедно ја надминале брачната криза од минатото.
Фото насловна: „Сулејман величествениот“ – промотивен материјал
Забава
Директорот на „Рајанер“ и Илон Маск си разменија навреди: „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“
Јавна расправија со навреди изби меѓу Илон Маск и извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, откако О’Лири во интервју за ирското радио „Њусток“ го нарече Маск идиот и ја нарече неговата социјална мрежа „Икс“ – септичка јама. Причина за конфликтот е одлуката на „Рајанер“ да не ја користи ви-фи услугата „Старлинк“ во своите авиони.
„Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“, рече О’Лири.
Маск реагираше на „Икс“, нарекувајќи го О’Лири целосен идиот и побара да биде отпуштен. Во друга објава додаде: „Отпуштете го овој имбецил“, обвинувајќи го дека погрешно ги проценил ефектите на „Старлинк“ врз потрошувачката на гориво.
Во расправијата се вклучи и официјалниот профил на „Рајанер“ на „Икс“, кој го исмеа Маск поради прекин на платформата: „Можеби вам ви треба ви-фи, @elonmusk?“
perhaps you need Wi-Fi @elonmusk? https://t.co/eq82qcLqKv
— Ryanair (@Ryanair) January 16, 2026
О’Лири изјави дека „Старлинк“ не е практичен за нискобуџетните летови на кратки релации, бидејќи надворешните антени ја зголемуваат аеродинамичната отпорност и трошат повеќе гориво – до 2 проценти повеќе, што би чинело стотици милиони долари годишно.
Маск ги оспорува овие податоци, тврдејќи дека веќе постојат авиокомпании кои летаат со авиони опремени со „Старлинк“ и дека високобрзинскиот интернет ќе стане пресуден за изборот на патниците.

