Забава
Најдобриот ресторан во светот е El Celler de Can Roca во Гирона
Шпанскиот ресторан „El Celler de Can Roca” во Гирона во североисточна Шпанија во понеделникот беше избран за најдобар ресторан на светот, објави британскиот магазин Restaurant.
„Откако последните две години беше втор на листата на најдо0брите, ја замени водечката позиција со данскиот ресторан ‘Noma’ кој ја предводеше листата последните три години”, објавија организаторите на овој избор, односно специјализираниот магазин Restaurant.
Титулата најдобар ресторан на светот „Noma’ во данската престолнина Копнехаген ја загуби по незгодниот инцидент во февруари годинава кога 63 гости се затруја со храна.
Ресторанот „Noma”, кој во изборот на реномираниот магазин „Restaurant” е прогласен за најдобар ресторан на светот за 2010 и 2011 година, издаде по тој повод официјално извинување. Се претпоставува дека за тоа е одговорен за заболен вработен во ресторанот.
Ресторанот е отворен во 2004 година, а познат е по детално аранжираната храна и употребата на свежи продукти, а главниот готвач Рене Реџепи, по потекло од Македонија, го опишуваат како „носител на Новото нордиско движење”. Просечна вечера во ресторанот „Noma” без пијалак чини 260 американски долари, а маса мора да се резервира со месеци однапред.
Ресторанот „ El Celler de Can Roca ” кој има три Мишлен ѕвездички, го водат тројца браќа при што Жоан е задолжен за кујната, Жорди е слаткар а Жозеп е главен сомелие.
„Награден е за глобална мешавина на каталонската кујна, користењето напредни техники и за извонредното гостопримство”, ја појаснува својата одлука уредништвото на британскиот магазин.
На третото место е авангардниот „Osteria Francescana” на сопственикот Масимо Ботура во Моедена во северна Италија.
Со шест реномирани ресторани меѓу првите 50, Франција е најзастапената земја на листата најдобри ресторани во светот, иако првиот француски ресторан на листата „L`Arpеge“ во Париз го зазема дури 16-то место.
Листата произлегува како резултат од гласањето на повеќе од 900 готвачи критичари и гурмани од целиот свет./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото/Видео) Ријана повторно е секс бомба: Три месеци по породувањето, го покажа задникот
Познатата пејачка Ријана пред три месеци роди девојче, третото дете што го доби со раперот ASAP Rocky, но тоа не ја спречи да изгледа како никогаш да не родила.
Ријана претстави кампања за нејзината нова колекција Savage x Fenty, а свој придонес имаше исто така и ќерката на Илон Маск, Вивијан Џена Вилсон.
Бидејќи Ријана беше главна ѕвезда, никој не можеше, а да не забележи како изгледа пејачката само неколку месеци по породувањето. Не е познато која е нејзината тајна, но дефинитивно има ефикасно решение за оваа фигура по три деца.
„Афродита беше дива“, напиша таа во описот на објавата во која позира во неколку различни модели од нејзината колекција.
Прво, таа покажа цветен комплет со наметка, а потоа имаше фотографии од Ријана во секси чипкаст градник и долна облека. И, токму како што многумина се надеваа, таа го сврте грбот на камерата и им го покажа на сите својот затегнат задник.
„Мама“, „Совршена си“, „Гориш“, „Овие објави недостасуваа“, „Бомба“, беа дел од комплиментите што популарната Рири ги собра на Инстаграм.
Забава
Без печење или брашно: Рецепт за најкремастиот десерт
Тортата не мора да има многу состојки за да биде вкусна, а овој рецепт го докажува тоа. Без печење или брашно, ќе го имате најсовршениот кремаст десерт.
Состојки:
200 г обични чајни бисквити
100 г јаткасти плодови по вкус
80 г путер
200 г чоколаден намаз (идеално Нутела)
400 г крем сирење
50 г шеќер во прав
200 мл павлака од 33%
прстофат сол
чоколадо и неколку јаткасти плодови за посипување
Подготовка:
Треба да ги издробите бисквитите и јаткастите плодови, а потоа да додадете 80 г растопен путер во смесата. Втиснете ја основата во кружен калап со димензии од приближно 18 см.
Измешајте 200 г крем сирење и чоколаден намаз, а потоа измиксајте. Прелијте ја кората од бисквити и јаткасти плодови, а потоа измешајте 200 мл павлака и шеќер со преостанатите 200 г крем сирење.
Прелијте ја оваа смеса врз претходниот слој Нутела и сирење. Декорирајте го горниот дел од тортата со парчиња јаткасти плодови и рендано чоколадо.
Ставете ја тортата во фрижидер неколку часа за да се соедини убаво, а потоа исечете ја по желба.
Погледнете го видеото за повеќе детали:
Забава
(Фото) Природна убавина на 57 години: Во пижами и без шминка, го освои интернетот
Благодарение на својот младешки изглед, Кајли Миног (57) е сè уште една од најпосакуваните жени на светската јавна сцена, а откако ја испрати старата година во секси костим на Дедо Мраз, им се обрати на своите обожаватели на почетокот на новата година со полежерна објава која привлече големо внимание.
Таа сподели серија фотографии на кои позира во бели пижами со црни точки, додека пие кафе и ужива во топлината на домот. „Добро утро, на здравје!“, напиша таа на Инстаграм.
Станува збор за елегантни свилени пижами кои доаѓаат од престижната модна куќа „Долче и Габана“, а комплетот може да се најде онлајн за 3.200 евра.
Горниот дел е посебен поради ременот на половината, додека долниот дел е во форма на широки панталони со навидум свиткани краеви.
Пејачката влезе во новата година во одлично расположение, судејќи според фотографиите, а доби и многу комплименти за оваа објава и нејзиниот младешки, без шминка изглед.

