Забава
Илјадници луѓе во светот аплицираат за еднонасочен билет до Марс
Илјадници луѓе низ светот аплицираат за еднонасочен билет за пат до Марс, пишува во петокот The Los Angeles Times. Илјадници луѓе низ светот аплицираат за еднонасочен билет за пат до Марс, пишува во петокот The Los Angeles Times.
Холандската непрофитна компанија „Mars One” којашто има намера програмата за „населување” на Марс да го претвори и во реално телевизиско шоу започна собирање на пријава за астронаути намерници. Кандидатите мора да се претстават со видео материјал и за само две седмици повеќе од 78 илјади луѓе од 120 земји аплицирале. Најмногу се од САД – 17.324, следи Кина со 10.241 и Велика Британија со 3,581, а значителен број апликации има и од Русија, Мексико и од Бразил, па дури една и до Хрватска. За летот до Црвената планета планиран за 2023 година, се предвидува до крајниот рок од 31- ви август да аплицираат околу 500 илјади лица.
Не е потребно никакво претходно искуство во науките за вселената, астрономијата или што и да е друго за да се аплицира за програмата за селекција на патниците колонизатори на Марс, меѓутоа лицата кои се пријавуваат не смеат да бидат помлади од 18 години.
Организаторите потсетуваат дека Марс не нуди комфор на кој луѓето навикнале на земјата бидејќи нема течна вода, воздух кој може да се диши, атмосферата не штити од штетното зрачење а температурите на површината на планетата силно флуктуираат. Повратниот билет не е предвиден и едноставно поради тоа што засега нема технологија за тоа, како и дека во човековиот организам по престојот на Марс ќе настанат физиолошки промени по прилагодувањето на ораганизмот и „враќањето од 38 отсто гравитационо поле на Марс ќе го направи неспособно на многу посилната гравитација на Земјата”.
Поднесувањето на барањето чини 40-ина долари, а идејата е да се изберат 28 до 40 кандидати до 2013 година коишто потоа ќе минат низ седумгодишна обука. Телевизискиот аудиториум ќе ги избере патниците за Марс. Билетот за оваа планета е во една насока и не се предвидува враќање на Земјата.
Сепак, на проектот „Mars One” му претстои и многу работа во смисла на собирање средства со кои би се финансирал потфатот, бидејќи се проценува дека ќе биде неопходно да се соберат најмалку шест милијарди американски долари. Организаторите се надеваат дека дел од средствата ќе се соберат низ наплатување на апликациите и светското реално телевизиско шоу./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

