Забава
Жена магнет: Нишлијка привлекува предмети од метал, стакло, керамика и пластика
Телото на 55-годишната Зорица Јоциќ од Долно Меѓурово кај Ниш има необична вештина да привлекува предмети од метал, стакло, керамика и пластика поради што во селото веќе ја викаат „жена магнет“.
Метални пари остануваат како залепени на нејзиното чело, иако е во стоечка положба, на градите и рацете, и покрај законот за гравитација, како приковани со некоја невидлива сила остануваат да стојат лажици, ножици, клешти, метални тепсии, но и стаклени чинии, далечински управувач, телефони, па дури и камења.
Необичната способност ја открила пред две години, сосема случајно, кога на ТВ Пинк гледала репортажа за момче од Власотинце со слични способности.
„За време на емисијата, нешто ме натера и јас да пробам на телото да ставам метални предмети, ставив лажица и се изненадив кога видов дека не паѓа. Кога на градите ја ставив пеглата, чекан и секира се исплашив“ вели Зорица која во 1984 година, по породувањето со втората ќерка, два дена била во кома.
Несекојдневната моќ директно ја поврзува со она што го доживеала по породувањето.
„Малку се занимавав со проучување на феноменот и според некои теории овие способности се поврзуваат со комата. Сите имаме некоја енергија, некој повеќе или помалку. Но кај некои луѓе кои биле во кома таа била посебно изразена. На моето тело може да ставам предмети од железо, пластика, стакло, па дури и камења. Некогаш чувствувам огромна енергија која мора да ја испразнам“, вели Зорица.
Додека го поставува мобилниот телефон на своите гради се случува еден феномен, екранот почнува да свети иако не допира ништо.
Магнетните сили се особено изразени во зоните на корените на палците, на челото, градите, стомакот и појасот на рамената.
„На почеток не верував, но кога видов како ги поставува предметите на себе го променив мислењето. Нејзиниот допир е навистина благотворен, кога ќе ме заболи заб или кога сум напнат, ги става рацете на мене неколку минути и сè ми поминува“, вели нејзиниот сопруг, Славољуб Јоциќ.
Професорот по геохемија на Природно математичкиот факултет во Ниш, Павле Премовиќ кој се занимава со проучување на овие појави и кој е во контакт со научниците во светот кои го испитуваат феноменот на привлекување вели дека најмногу ги заинтригирало тоа што Зорица има способност да го вклучи екранот на мобилниот телефон.
„Кај привлекувањето на предметите може да биде во прашање биомагнетна енергија или електростатичка енергија. Еден американски научник со кој соработувам има теорија дека луѓето кои преживеале тешки болести лачат одредени хемиски супстанци преку кожата кои буквално ги лепат работите за кожата. За да се знае за што се работи, потребно е да се направи испитување, но мене од сè што сум слушнал најмногу ме фасцинира тоа што мобилниот телефон го пали без допир“, вели Преметовиќ. /крај/блиц/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

