Забава
Осумдесетгодишен Јапонец стана најстариот освојувач на Еверест
Осумдесетгодишниот јапонски алпинист Јуиширо Миура, кој имал четири операции на срцето, се искачи во четвртокот на Монт Еверест со што стана најстариот освојувач на највисокиот планински врв на планетата.
Јуиширо Миура се искачи на врвот висок 8.848 метри на Хималаите, по стандардната југоисточна траса по којашто пред шеесет години први минаа британскиот алпинист сер Едмунд Хилари и шерпасот Тенцинг Норгаи. На Еверсет Јапонецот се искачил во придружба на уште тројца сонародници, меѓу кои и неговиот син, како и шест непалски шерпаси, пренесуваат светските агенции.
„Чувството е прекрасно“, изјавил Миура по доаѓањето на врвот, јавувајќи им се со сателитски телефон на роднините и пријателите собрани во јапонската престолнина Токио, пренесува Reuters.
Инаку трето искачување на Јуиширо Миура на Монт Еверест или познат и како „покривот на светот“. Миура веќе влезе во Гинисовата книга на рекордите кога беше регистриран како најстариот освојувач на Еверсет кога во 2003 година како 70-годишник го совлада врвот. Тогаш тоа беше неговото прво искачување на легендарната планина.
Неговиот рекорд беше надминат во 2007 година од страна на неговиот сонародник Катцусуке Јанагисава, кој тогаш имаше 71 година, а од мај 2008 година рекордот го држеше Непалецот Бахадур Перчан кој се искачи на Еверест на возраст од 76 години. И Миура истата година го направи своето второ искачување на Еверест, имаше 75 години, односно една година беше помлад од тогашниот најстар искачувач на врвот.
„Кога се искачив на 75-годишна возраст, сфатив дека ништо не е невозможно“, изјави Миура.
Дека станува збор за несекојдневен алпинист потврдува и податокот дека во 1970 година Миура бил првиот кој од Еверест се спуштил со скии. Тргнал од височина од околу осум илјади метри и користел падобран за кочење при спуштањето.
Филмот „Човекот кој со скии се спушти од Еверест“ кој беше награден со Оскар во категоријата документарни филмови, е снимен токму за Јуиширо Миура кој инаку потекнува од навистина здрава и долговечна фамилија, бидејќи неговиот татко Кеизо Миура од Мон Блан се спушти со скии на возраст од 99 години./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Концерт на „Нокаут“ на 9 мај во СЦ Јане Сандански
„Нокаут“ ќе слави 30 години постоење со концерт на 9 мај, со почеток во 21 часот, во СЦ Јане Сандански.
Пере и дружината ќе ја прошетаат публиката со својата “временска машина“ низ историјата на нивното постоење, преку концертната изведба на нивните најголеми хитови… Од Еј Би Си, Временска машина, Би се викал те сакам, Телефонскиот број не постои, Hi Fi, Мене ми припаѓаш, Сонувам Диско, Илјада причини за крај, Позитиво, Да си тука вечерва, Кога ме сакаш ти, Лебедот бел, Знаеш каде да ма најдеш…..
Бендот најавува фантастично аудиовизуелно шоу, збогатено со специјални ефекти и „луда“ забава до максимум. Фасцинантната овална сцена, концертен ринг сместен на самиот центар во средината на салата, моќно озвучување кое создава звучна магија, лајт шоу и светлосни ефекти кои приредуваат волшебство од бои и голем лед екран сместен на плафонот од сцената, за прв пат СЦ Јане Сандански ќе го претворат во вистинска музичка арена. Нокаут – 360 степени, концертен спектакл во кој ќе можете подеднакво да уживате со поглед од сите трибини.
Концертниот јубилеј со своите настапи ќе го збогатат и специјалните гости на бендот, Игор Џамбазов, Дарко Гелев Брејк, Дупер, Дарко Димитров, Дамјан Пејчиновски и уште многу други музички изненадувања.
Билетите знаете каде да ги најдете од среда, 18 февруари на www.wayin.mk.
Забава
(Фото/видео) Џипот од 500.000 евра на Бака прасе изгоре во Белград
Луксузниот Мерцедес вреден половина милион евра, во сопственост на еден од најпознатите регионални инфлуенсери, Богдан Илиќ, попознат како Бака прасе, изгоре во Белград синоќа околу 3:30 часот, јавија српските медиуми.

Пожарот бил изгаснат во рок од пет минути, но има голема материјална штета.
Според достапните информации, внатрешноста на возилото е целосно уништена, а топлината ги скршила и прозорците. Бака прасе го купи скапиот автомобил, кој го нарече „бесна машина“, пред три години, и еднаш изјави дека се кае за купувањето.

Кратко по инцидентот, инфлуенсерот објави видео од уништеното возило. Тој се обиде целата ситуација да ја претвори во шега, објавувајќи лажен оглас за продажба на автомобили.
„Оглас за автомобил, Brabus 800 4×4. Прв сопственик, баба го возеше на пазар. Година 2022, малку исполиран и како нов. Во возна состојба, ентериер по нарачка. Заинтересиран сум за DM“, рече тој.
@bakaprase Hitna prodaja 🙏
Причината за пожарот сè уште не е позната, но Telegraf.rs пишува дека првите резултати од истрагата укажуваат дека пожарот бил подметнат. Се сомнева дека автомобилот бил полеан со запалива течност, а потоа запален.
Истрагата е во тек.
фото/депозитфотос
Забава
(Видео) Раскошните облини на бразилските жени повторно го освојуваат светот: И никој не е имун на нив
Магичниот Рио де Жанеиро привлекува голем број туристи секоја година, особено за време на традиционалниот карневал во Рио, кога брзо станува центар на светот, но и на добрите забави.
Овогодинешниот карневал започна на 13 февруари и ќе трае до 21 февруари, а посетителите на овој спектакл ќе имаат можност да уживаат во звуците на самбата, огнените и енергични танцови движења на учесниците, како и во раскошните облини на познатите бразилски жени.
Во овој период, танчерките ќе парадираат по улицата Маркес де Сапука секоја вечер, а жителите на Бразил, како и бројните туристи, внимателно ќе ги следат од сите страни.

