Контакт

Забава

Компанијата Lego во Њујорк го претстави својoт најголем модел од коцки

Објавено пред

Компанијата за производство на детски играчки чија светски позната по коцките за конструкции Lego, на Тајмс сквер во Њујорк ја претстави својата најголема конструкција.

Претставен беше моделот на ѕвездениот борбен ловец X-Wing од популарната сага „Ѕвездени војни“. Распонот на крилата на ловецот изнесува 13,44 метри, а неговата должина е 13,1 метри. За да се изработи оваа конструкција биле употребени 5.335.200 детски коцки, а на овој подвиг работел тим од 32 експeрти на Lego кои потрошиле 17.000 работни часови.

Презентацијата на моделот се одржа во четвртокот во Њујорк во рамките на претстојната премиера на анимираната серија „Хрониките на Јода“, исто така поддржано од Lego. По тридневното изложување во Њујорк, моделот ќе биде пренесен во тематскиот парк „Legoland“ во американската сојузна држава Калифорнија.

Компанијата „Lego“ е основана во 1932 година. Главното производство се состои од детски коцки за моделирање и дизајнирање на стотици тематски играчки во форми на луѓе, минијатурни автомобили, животни, куќи итна. Покрај тоа, компанијата издава и книги, филмови и видео игра, како и друг производи од „светот на Lego“./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Вилијам и Кејт, Камила и Чарлс ќе присуствуваат на премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд

Објавено пред

Кејт, војвотката од Кембриџ и принцот Вилијам ќе им се придружат на принцот Чарлс и Камила, војвотката од Корнвол, во редок заеднички ангажман полн со филмски ѕвезди.

Четворицата членови на кралското семејство следната недела ќе продефилираат на црвениот тепих во Ројал Алберт Хол и ќе присуствуваат на светската премиера на No Time To Die („Не е време за умирање“), новиот филм во серијалот за најпознатиот таен агент 007.

Најновиот и долгоочекуван филм  ќе дебитира во лондонскиот Ројал Алберт Хол на 28 септември.

Насловната песна за филмот ја напиша и ја пее Били Ајлиш.

На премиерата, кралското семејство ќе се сретнат со режисерот Кери Џоџи Фукунага и актерската екипа, вклучувајќи ги Даниел Крег, Рами Малек, Леа Сејду и Лашана Линч.

Исто така, ќе бидат пречекани од сценаристите Нил Пурвис, Роберт Вејд, Фиби Волер Бриџ и изведувачите Били Ајлиш и Финиес О’Конел.

Кралското присуство на премиерата на 25. филм за Бонд, а последен во кој Крег ја има улогата на тајниот агент 007, се вклопува во добротворната работа на кралското семејство.

Британската, воедно и светската премиера, всушност ќе биде од корист за добротворни организации кои ги поддржуваат поранешните и сегашните припадници на МИ5, МИ6, ГХХК и специјалните сили на Велика Британија.

Здравствените работници и припадниците на вооружените сили, исто така, се поканети да присуствуваат на ѕвездениот настан.

Кејт, принцот Вилијам и принцот Хари на премиерата на Spectre во 2015 година

Прикажи повеќе...

Забава

Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа договор за продажба на заеднички имот

Објавено пред

Некогашниот омилен холивудски пар Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа договор што отвора врата за Џоли да го продаде својот удел во винаријата вредна 164 милиони долари, но некои медиуми предупредуваат дека неодамнешна тужба на Пит става пречки на патот.

Џоли и Пит се согласуваат со одлуката за укинување на „стандардната привремена мерка забрана за пристап“ на нивниот заеднички имот, која беше донесена во текот на бракоразводната постапка.

Ова му овозможува на поранешниот пар да продава имот стекнат во периодот на нивниот двегодишен брак, што навидум ја отвора вратата за Џоли да ги продаде своите 50% од акциите на замокот-винарница Шато Миравал во јужна Франција.

Но, претходно оваа недела Бред поднесе тужба со која ја обвини Џоли за „одмазднички план“ да ги продаде нејзините акции, заобиколувајќи го неговото право на прво одбивање и да профитира од „макотрпната работа, време и пари“ инвестирани од страна на актерот и неговите бизнис-партнери, според ексклузивните правни документи до кои дојде „Дејли мејл“.

Замокот Миравал е проценет на 164 милиони долари (140 милиони евра).

Прикажи повеќе...

Забава

Почина Роџер Мичел, режисерот на „Нотинг Хил“

Објавено пред

Режисерот Роџер Мичел, најпознат по филмовите „Нотинг Хил“, „Венера“ и „Мојата братучетка Рејчел“, почина на 66-годишна возраст.

„Семејството на Роџер со голема тага ја сподели веста за смртта на режисерот, писател, татко на Хари, Меги, Роузи и Спероу“, потврди публицистот на Мичел. Причината за смртта не беше наведена.

Најпознатиот филм на Мичел, „Нотинг Хил“, романтична комедија од 1999 што ја напиша Ричард Кертис, а во која глумат Џулија Робертс и Хју Грант, имаше голем успех во светски рамки, со три номинации за „Златен глобус“.

Работеше и на филмовите „Кобно престројување“ (Changing Lanes) од 2002 година со Бен Афлек и Семјуел Џексон, потоа работеше на „Венера“ (Venus) со Питер О’Тул, и две продукции во кои глумеше Даниел Крег – Мother и Enduring Love.

Мичел преговараше за режирање на филмот за Џејмс Бонд во 2006 година, но се откажа, исто како и од филмот „Мандолинaта на капетан Корели“ поради закрепнување од срцев удар.

Роден во Јужна Африка и школуван во Кембриџ, Мичел ја започна својата кариера во театар како помошник режисер.

Ненадејната смрт на Мичел предизвика шок во филмската индустрија. Пред три недели преговараше за работа на нов документарен филм, пишува „Гардијан“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа24 минути

Франција ќе донира двојно повеќе вакцини за сиромашните земји

Францускиот претседател, Емануел Макрон, најави дека Франција ќе им даде 120 милиони дози од вакцината против коронавирус на сиромашните земји,...

Свет37 минути

(Видео) Воз излета од пругата во САД, најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени кога воз излета од пругата во Монтана, САД. Националниот одбор за безбедност...

Регион1 час

Труење, па давање е најверојатно причината за смртта на децата кои беа убиени од нивниот татко во Хрватска

Децата што во Хрватска беа убиени од страна на нивниот татко – Австриецот, Харалд Копиц, најверојатно првично биле отруени, пишуваат...

Европа1 час

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија2 часа

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија18 часа

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија19 часа

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа20 часа

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион1 ден

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа1 ден

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија1 ден

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија1 ден

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Македонија2 дена

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија2 дена

Осумдесет oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија2 дена

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа2 дена

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа2 дена

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Топ2 дена

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија2 дена

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија2 дена

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Досие