Забава
Британската кралица Елизабета II на 60-годишнината од крунисувањето
Британската кралица Елизабета Втора во вторникот ја прослави 60-годишнината од крунисувањето на свеченост во Вестминстерската катедрала каде што се собраа околу две илјади гости.
Како што одбележува британскиот јавен сервис BBC, на свеченоста во вторникот присуствувале и неколку лица коишто биел сведоци и на крунисувањето на кралицата Елизабета Втора во 1953 година.
Надбискупот од Кантербери, Џастин Велби рече дека со оваа прослава се одбележуваат „шеесет години посветеност“.
Во друштво на кралицата биле повеќе од дваесет членови на британското кралско семејство, вклучувајќи го и нејзиниот сопруг Војводата од Единбург кој во понеделникот навечер се повлекол од прославата бидејќи не се чувствувал добро.
За оваа свеченост во Вестминстерската катедрала беа изложени неколку драгоцени предмети поврзани со крунисувањето. Меѓу нив е и тешката златна круна на Свети Едвард поставена на главниот олтар од катедралата, што претставува прво од 1953 година нејзино изнесување надвор од кралската ризница во Tower of London. Можеше, исто така, да се види и Ampulla, златното шишенце во облик на орел од кое со свето масло била помазана Елизабета Втора во текот на крунисувањето во 1953 година. Во катедралата беше изложен и престолот за крунисување, едно од најстарите парчиња британски мебел кое уште е во употреба.
Кралицата Елизабета Втора како 27-годишна е крунисана во 1953 година како 38-от суверен на Обединетото Кралство во катедралата во којашто ваквите свечености се одвиваат уште од крунисувањето на Вилијам Освојувачот во 1066 година.
Кралицата Елизабета Втора на 12-ти мај 2012 година стана вториот монарх според должината на престојот на престолот на Велика Британија, веднаш зад легендарната кралица Викторија.
Историчарите на британскиот дворец пресметаа дека на 12-ти мај 2012 година кралица Елизабета Втора, на престолот мина 59 години и 96 дена, со што го надмина времетраењето на владеењето на кралот Џорџ Трети, кој владеел од 1760 до 1820 година. Сега единствено најдолго владеење пред актуелната британска кралица е периодот на кралицата Викторија која владееше и управуваше со земјата 63 години и 216 дена, така што доколку сè биде во ред, Елизабета Втора на 10-ти септември 2015 година ќе стане монарх со најдолго владеење во британската историја.
Со своите 87 години кралицата Елизабета Втора и натаму продолжува со активниот општествен живот, исполнувајќи ги сите задачи на монарх. Во текот на долгите години владеење, кралицата само неколкупати го откажа своето учество на јавни настани. Кралицата Елизабета Втора најчесто придружувана од нејзиниот сопруг, војводата Филип од Единбург, има направено неколку стотини патувања во странство, а многу од нив се прилично важни./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

