Забава
Се венчаа шведската принцеза Мадлен и американскиот финансиер О'Нил
Помладата ќерка на шведскиот Карл XVI Густаф и кралицата Силвија, принцезата Мадлен се омажи во саботата за њујоршкиот претприемач Крис О’Нил.
Венчавката се одржа во капелата Слотсјучорк на Кралската палата во шведската престолнина Стокхолм и на неа присуствуваа околу 500 гости, меѓу кои пријатели, роднини и блиски на двојката, претставници на европските кралски семејства, членови на парламентот и на владата на Шведска и претставници на дипломатски мисии. Меѓу гостите беа монашката принцеза Шарлен, јапонската принцеза Такамодо и англискиот принц Едвард.
Најмладото дете на шведската кралска двојка, принцезата Мадлен во понеделник ќе го прослави 31-от роденден. Мадлен е четврта во редот на наследство на шведскиот трон зад сестра ѝ Викторија, внуката Естел и братот принцот Карл Филип.
Престолонаследничката Викторија има 36 години и таа е првото дете на кралот Карл XVI Густаф и кралицата Силвија, а по неа е 33-годишниот принц Карл Филип. Во јуни 2010 година Викторија влезе во брак со Даниел Вестлинг, човек од народот, кој израснал во обичнo шведско семејство од средната класа во селото Окелбо во североисточниот дел на земјата. Во февруари 2012 година двојката го доби девојченцето – принцезата Естел.
Мадлен пред неколку години се пресели во Њујорк и се вработи во хуманитарната организација World Childhood Foundation каде што го запозна 38-годишниот Крис О’Нил, кој е роден во Лондон и има двојно државјанство – на Велика Британија и на САД – експерт за финансии кој по венчавката не ја зема титулата принц. Тие се верија на 25-ти октомври минатата 2012 година. Двојката нема намера да живее во Шведска и по медениот месец ќе се врати во Њујорк.
Свадбената церемонија се одржа на два јазика – шведски и англиски. Во цветната декорација доминираа цвеќињата типични за почетокот на летото во Шведска, бели и розови божури, лилијани, делфиниуми..
Шведската принцеза носеше бела венчаница со кружен израз и куси ракави, креација на италијанскиот моден дизајнер Валентино Гаравани. Церемонијата беше пренесувана од шведската државна телевизија SVT.
Како што забележа коментаторот на преносот, Медлин иако не е наследничка на круната, нејзината свадба е значаен настан за шведското кралско семејство. Тоа, наводно, било причината што на венчавката не присуствувале европските монарси. Сепак, во свадбената церемонија беа вклучени елементи на официјалната симболика на кралска венчавка, особено склучување на бракот во капелата на кралската палата.
Според традицијата веднаш по свадбената церемонија во центарот на Стокхолм беше истрелана 21 топовска салва. А уште една карактеристика на кралска свадба беше тоа што младенците во свадбена поворка низ центарот на градот им отпоздравуваа на жителите на шведската престолнина. Вечерта, пак, во кралската резиденција надвор од Стокхолм, палатата Дротингхолм започна свадбениот банкет./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

