Забава
Бомбардер од Втората светска војна изваден од морето крај Британија

Германскиот бомбардер од типот „Dornier 17“ кои бил соборен во текот на Битката за Британија на почетокот од Втората светска војна во 1940 година, е изведен во понеделникот од морето крај брегот на Велика Британија.
Прекриен со школки, остатокот од авионот со голема внимателност е подигнат од дното на површината во текот на операцијата којашто внимателно ја подготвија последните пет седмици експертите од музејот на британското Кралско воено воздухопловство (RAF).
Неколкуте претходни обиди на подигнувањето на авионот од морското дно завршија неуспешно поради лошите временски метеоролошки услови на брегот од грофовијата Кент каде авионот потонал на длабочина од околу дваесет метри откако бил соборен.
Авионот го открија нуркачи во 2008 година крај југоисточниот брег на Англија, а подоцна беше утврдено дека станува збор за „Dornier 17 Z“.Тој беше подигнуван со платформа и „кафез“ од метални цевки околу остатокот од авионот за да се спречи леталото да се прекрши и да се распадне при подигнувањето на површината и неговото натамошно транспортирање.
Остатоците од авионот се во добра состојба. Откритието има големо национално и меѓународно значење бидејќи станува збор за единствениот преостанат авион од овој тип кој учествувал во германската воздушна офанзива врз Велика Британија во летото 1940 година.
Сега претстојат долга и внимателна операција на реставрирање по кое авионот ќе биде изложен во музеј во знак на сеќавање на германските и на британските пилоти кои учествувале во борбите од почетокот на Втората светска војна.
При испитувањата со сонар беше откриено дека трупот и крилата на авионот се цели, гумите на тркалата сé уште се напумпани, додека пропелерите на овој двомоторен авион се забележува оштетување од падот во морето откако најверојатно бил погоден од некој ловец „Spitfire“ на кралските британски воздухопловни сили RAF.
Авионот од типот „Dornier Do 17“ наречен уште и „летечко пенкало“ или на германски јазик „Fliegender Bleistift“, поради неговата тенка и издолжена линија, бил брз и лесен двомоторен бомбардер, идеален за ненадејни напади и врз непријателски територии, благодарејќи на неговата линија и подвижност, а бил многу помалку ранлив од нападите на ловците и противвоздушната артилерија отколку тешките бомбардери од типовите „Heinkel“ и „Junkers“,/крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Преполн Паркот на Франкофонија синоќа за концертот „Нешто што ќе остане“

Илјадници граѓани, синоќа го исполнија Паркот на Франкофонија и заедно уживаа во големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, кој по трет пат собра врвни македонски изведувачи и создаде незаборавна атмосфера. Пет часовна ноќ за паметење со најпознатите македонски хитови на Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона”, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ.
Градоначалникот Горан Герасимовски, во своето обраќање пред присутните, истакна дека кога пред три години ја добил идејата за концертот „Нешто што ќе остане“, не можел да замисли дека ќе прерасне во толку голема традиција со ваков одѕив и поддршка, и од изведувачите и од граѓаните.
„Но ете, идејата прерасна во прекрасна традиција. Трета година по ред се собираме овде, во срцето на Скопје, под отворено небо, на концертот ‘Нешто што ќе остане’. Секоја година со нови изведувачи и нова енергија, но едно останува исто – македонската музика. Овде Македонија пее и ние со неа, на бината и во публиката! Македонските уметници секогаш ја имале и ќе ја имаат мојата поддршка. Тие ја претставуваат Македонија гласно, гордо и со љубов. Уживајте во музиката на нашата и вашата младост, затоа што овие моменти остануваат трајно врежани во сеќавањата. Се гледаме и следната година на ‘Нешто што ќе остане’, затоа што Македонија има свој глас, своја песна, затоа што македонската песна е силата што нè обединува“, рече Герасимовски.
Музичкиот настан „Нешто што ќе остане“ е во организација на Општина Центар.
Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.