Забава
Правата за песната 'Happy Birthday to You' оспорени пред судот во Њујорк

Продуцентската компанија којашто снима документарен филм за песната „Happy Birthday to You“ (Среќен роденден), поднесе тужба во судот во Њујорк со барање за укинување на авторските права на ова познатата мелодија, пишува во петокот Associated Press.
Во моментов авторски права na мелодијата, којашто според Гинисовата книга на рекордите е најпопуларна песна на англиски јазик, се во сопственост на компанијата „Warner/Chappell Music Inc.“.
Продуцентите на филмот, компанијата „Good Morning To You Productions Corp.“, одлучила да се обрати до судот откако под судска закана од неа се бара да плати 1.500 долари за користење на песната.
Во барањето се наведува дека песната била напишана уште во 1893 година и авторските права на неа веќе подолго време се истечени. Според барателите, всушност компанијата „Warner/Chappell Music Inc“ поседува права само за пијано аранжманот на песната, кој бил направен во 1935 година и нема право да наплаќа авторски хонорари за искористување на текстот или мелодијата/крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Свештеник излезе од црквата и со молитвеник застана до „ауди“ – виралното видео го насмеа регионот

Видео, наводно снимено пред Руската православна црква во Софија, неодамна се појави на социјалните мрежи и брзо стана вирално.
Во преден план е свештеник кој стои пред Ауди со крената хауба, а сцената заинтригира и насмеа многу гледачи во регионот.
На профилот „Икс“, една жена наведува: „Во срцето на Софија стои Руската црква, изградена во 1914 година, со златни куполи и тивок шарм. Денес, тоа е и местото каде што возачите на Ауди доаѓаат да ги осветат своите автомобили, надевајќи се дека светата вода ќе го реши она што еден механичар не може“.
In the heart of Sofia stands the Russian Church, built in 1914, all gold domes and quiet charm. These days, it’s also where Audi drivers line up for car blessings, hoping holy water fixes what their mechanic can’t. pic.twitter.com/9fjxFkSyYH
— една българка (@transbulgaria) August 3, 2025
Популарниот портал „господари.ком“, исто така, известува за виралното видео и пишува: „Се чини дека само во Бугарија сè треба да се освети, од станови до ресторани до автомобили“.
Свештеник во црна мантија стои пред автомобил, со отворена молитвеник, додека маж е до него. Не е познато дали е тоа сопственикот на возилото.
Забава
„Како шеќерна волна“: коментари за трудничкиот стајлинг на Ријана

Ријана (37) повторно привлече внимание со својот стил на облекување. Музичката ѕвезда, која го чека третото дете со А$АП Роки, во понеделник беше фотографирана на улиците на Лос Анџелес во необична, но скапа комбинација.
Таа носеше розово-портокалов фустан од брендот Issey Miyake, кој чини околу 2450 евра. Со фустанот имаше необични зелени патики вредни 237 евра. Стајлингот го дополни со златен накит, големи бели обетки и едноставна фризура, а нежната шминка го истакна нејзиниот природен изглед.
„Изгледа како мафин“
Луѓето на социјалните мрежи веднаш реагираа, а мислењата беа поделени.
„Не е нејзина најдобра комбинација, но сепак ја носи како кралица“, „Уф, изгледа како голем мафин“, „Не знам дали ми се допаѓа или не, изгледа како некој цвет“, „Шеќерна волна…“ беа само некои од коментарите на „Икс“.
Сепак, многу обожаватели ја бранеа пејачката: „Секогаш е беспрекорна“, „Го обожавам нејзиниот стил.“
Дали очекуваат девојче?
Ријана и А$АП Роки веќе имаат два сина, а неодамна таа проговори за мајчинството.
„Моите два принца имаат толку енергија што ме исцрпуваат секој ден“, рече за „Аксес Холивуд“ и откри дека малите се возбудени за новото бебе што наскоро доаѓа.
А$АП Роки на недамнешната премиера на „Штрумфови“ во Брисел можеби случајно го откри полот на бебето.
Во разговор со водителот Кевин Фрејзер од телевизијата ET, Фрејзер го праша Роки: „Дали е тоа девојчето што го очекувавте?“, на што 36-годишниот рапер без размислување одговори: „Да, човек, да.“ Сфаќајќи дека можеби открил премногу, А$АП Роки се обиде да го ублажи одговорот држејќи ја куклата Штрумфета и рече: „Еве ја, знаеш на што мислам? Еве ја тука.“
Парот е заедно пет години.
Забава
(Видео) Мајмун упадна во ресторан во Црна Гора, им го изеде ручекот на гостите

Инцидент се случи во ресторан во Сутоморе – мајмун скокна од дрвјата на маса, а гостите избегаа во паника.
Видео од ресторан на црногорскиот брег остави многумина во шок, а коментарите се слеваа со брзина на светлината.
Главниот виновник е мајмун што влегол во ресторанот среде бел ден и ги оставил гостите без ручек.
View this post on Instagram