Забава
На аукција предметите од истрагата во случајот Левински
Колекција предмети како што се писма и парчиња облека користени во истрагата за интимната врска меѓу поранешната приправничка во Белата куќа Моника Левински и поранешниот американски претседател Бил Клинтон се продаваат на интернет наддавање, објави аукциската куќа Nate D. Sanders Auctions.
Збирката од 32 предмети на истрагата ја предаде поранешниот љубовник на сега 39-годишната Моника Левински, Енди Блејлер кој во тоа време бил во брачна врска.
Меѓу предметите е и писмо со меморандум на Белата куќа и потпис на претседателот Бил Клинтон со коешто Левински на Блејлер му честитала роденден на 20-ти февруари 1996 година.
Блејлер ја подучувал Левински во актерската техника и со неа бил во врска којашто траеле пет години, вклучително и во периодот од нејзината врска со тогаш 42-годишниот претседател Клинтон. Осумте подарувани предметите од Левински, меѓу кои кошули и јакни, како и ноќната наметка на тогаш 23-годишната Левински, и фотографија со потпис на Клинтон, на наддавање ги понуди поранешната сопруга на Блејлер, Кејт Нејсон.
Интернет аукцијата завршува на 27-ми јуни вечерта, а почетната цена на секое парче е 2.500 американски долари. Се очекува да бидат заработени меѓу 250 и 500 илјади американски долари, пишува The Daily Mail.
Врската меѓу Моника Левински Блејчер беше разоткриена во текот на истрагата за сексуалната афера поради којашто беше побаран импичмент, односно смена на претседателот Бил Клинтон. Меѓутоа, сенатот го ослободи и Клинтон до крајот го одработи својот втор претседателски мандат.
Моника Левински се пресели во Велика Британија и денес живее надвор од сцената и вниманието на јавноста./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Роналдо и Георгина ќе се венчаат на родниот остров на фудбалерот
Кристијано Роналдо и неговата свршеница Георгина Родригез, по девет години врска, планираат свадба. Според The Sun, парот ќе се венча летово по Светското првенство, на родниот остров на Роналдо, Мадеира.
Роналдо ја одбрал историската катедрала во Фуншал – најстарата црква во неговиот роден град, позната по својот резбан покрив. Славјето ќе продолжи во еден од луксузните хотели на островот.
Локацијата има лично значење за Роналдо: катедралата е блиску до болницата каде што е роден и до стадионот на неговиот прв клуб, Национал да Мадеира, каде што играл пред да премине во Спортинг.
Роналдо и Георгина се запознале во 2016 година во продавница на Гучи во Мадрид. Заедно имаат две ќерки, Алана (7) и Бела (3), а Роналдо има уште три деца родени од сурогат мајки: Кристијано Џуниор (15) и близнаците Матео и Ева Марија (8). Тој претходно изјави дека токму децата го поттикнале да ја запроси Георгина.
Забава
(Фото/Видео) Започна празничната сезона во Белата куќа, Меланија ја пречека новогодишната елка
Меланија Трамп ја пречека овогодишната елка пред претседателската резиденција, официјално започнувајќи ја празничната сезона во Белата куќа – сезона за која таа често изразуваше фрустрација за време на првиот мандат на нејзиниот сопруг, пишува People.
First Lady Melania Trump receives the 2025 White House Christmas Tree 🌲 pic.twitter.com/exxZAN5Qf6
— Office of the First Lady (@FirstLadyOffice) November 24, 2025
Меланија (55) ја презеде елката од Korson’s Tree Farms од Мичиген, која оваа година ја освои титулата победник на национален натпревар и со тоа ја доби честа да го достави централниот празничен украс во Вашингтон. Korson’s Tree Farms ја освои титулата Grand Champion Growers за 2025 година, доделена од Националното здружение на божиќни елки во јули.
Речиси шест децении, победникот на ова натпреварување ја обезбедуваше официјалната божиќна елка за Белата куќа, а овогодишната беше лично избрана во септември од Дејл Хејни, надзорник на теренот на Белата куќа.

Пристигнувањето на елката значи дека Меланија наскоро ќе ја открие темата на празничните украси за 2025 година, кои беа предмет на критики за време на првиот мандат на Доналд Трамп. Откако се одлучи за традиционален стил во 2017 година, следната година таа направи многу похрабри чекори: 40 конусни елки во крваво црвена боја како дел од темата „Американски богатства“.

Необичниот избор брзо предизвика дебата на интернет. Некои ја споредија бојата и обликот на елките со црвените наметки од „Приказната за слугинката“, додека други потсетуваа на реката од крв од „Сјаењето“.
Контроверзноста се зголеми и со аудио-снимка од 2018 година, објавена две години подоцна од CNN, на која може да се слушне како Меланија се жали на одговорностите за украсување. „Работам како коњ на божиќни работи, а кого го интересираат божиќните работи и украси?“, рече Меланија на снимката.
фото: принтскрин
Забава
„Мислев дека ќе умрам од дрога и осаменост“
Џејн Фонда неодамна се појави во подкастот „The Look“, каде што зборуваше за своето темно минато и чувствата на осаменост. Во интервју со Мишел Обама, поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави, познатата актерка откри дека употребата на разни дроги ја обележала нејзината младост.
„Не сум зависник, но мислев дека ќе умрам од дрога и осаменост“, призна таа. „Фактот дека имам речиси 88 години е неверојатен за мене“, додаде таа.
Раното детство на Фонда беше обележано со трагедија, смртта на нејзината мајка, Френсис Форд Сејмур, што доведе до нејзина изолација од остатокот од светот. „Мајка ми почина кога имав 12 години“, објасни Фонда, додавајќи:
„И уште поневеројатно е што сега сум подобра. Фокусирана сум, се чувствувам исполнета и среќна сум. Сама.“

„Никогаш не се плашев од стареењето“
Во понатамошниот разговор, актерката го опиша својот животен пат, како и промените низ кои поминала.
„Никогаш не сум се плашела од стареење и што е поважно, не се плашам од умирање. Ова е почетокот на мојот последен чин.“
Водена од искуството на нејзиниот татко, вели таа, научила да ја прифати смртта како дел од животот. Таа исто така раскажа како била последната средба со нејзиниот татко.

„Го гледав татко ми како умира со многу жалење. Тоа беше важно разбирање на животот за мене, бидејќи ако не сакате да умрете со жалење, тогаш мора да го живеете последниот дел од вашиот живот на таков начин да нема жалење“, рече таа, додавајќи:
„Успеав да му кажам дека го сакам и дека му простив за, знаете, што и да се случи. И се надевам дека ќе ми прости што не бев подобра ќерка. Успеав да му го кажам тоа… И тој не рече ништо, само плачеше. Никогаш порано не сум го видела тоа. Никогаш не сум го видела татко ми да се расплаче.“
фото: принтскрин

