Забава
Олимпискиот оган пред Сочи 2014 патува во Вселената

Незапалениот олимписки факел ќе биде испратен во Веселената пред започнувањето на Зимските олимписки игри во руското летувалиште Сочи во 2014 година.
Федералната руска вселенска агенција Роскосмос ќе ги испрати олимпискиот факел на Меѓународната вселенска станица (ISS) на почетокот од ноември годинава во рамките на четиримесечното штафетно пренесување на факелот коешто започнува во октомври.
Кога ќе пристигне во Вселената, руските космонаути ќе ја пренесат и во вселенска прошетка.
Првиот човек на организациониот комитет на Зимските олимписки игри во Сочи, Дмитриј Чернишенко, изјави дека вселенската прошетка на двајцата руски астронаути со олимпискиот факел „ќе претставува историски момент“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ако е роден во еден од овие два знаци – никогаш не го пуштајте да си оди

Некои луѓе имаат посебна способност да градат долготрајни и длабоки врски.
Нивната комбинација од стабилност, емоционална длабочина и непоколеблива лојалност ги прави идеални партнери за оние кои бараат нешто потрајно.
Ѕвездите можеби играат улога во ова. Луѓето родени под овие хороскопски знаци се особено погодни за долгорочни врски.
Бик
Ако некогаш сте сонувале за партнер кој е стабилен и верен, Бикот е вистинскиот избор за вас. Овој знак е познат по својата упорност и сигурност. Биковите се секогаш тука и подготвени да обезбедат поддршка.
Тие ја ценат безбедноста и удобноста, што значи дека постојано ќе работат на тоа нивната врска да стане стабилно засолниште.
Тие се романтични и уживаат во поубавите работи во животот, па затоа вашата врска ќе биде збогатена со мали луксузи и пријатни моменти.
Нивната упорност гарантира дека ќе вложат труд и време во секој аспект од врската, што е клучно за долгорочен успех.
Рак
Кога станува збор за емоционална длабочина и интуитивно разбирање на својот партнер, Ракот е вистински мајстор.
Овој воден знак живее за љубов. Раковите се исклучително грижливи и внимателни и секогаш ќе ги стават потребите на својот партнер пред своите.
Раковите имаат природна способност да создадат топла средина во која нивниот партнер може да се чувствува сакан и безбеден.
Нивната емпатија и способност да препознаат што им е потребно на другите ги прави идеални за градење длабоки емоционални врски што можат да траат цел живот.
Фото: принтскрин
Забава
(Видео) Салма Хајек не се плаши да ги покаже своите прекрасни облини, а нејзиниот Инстаграм профил е ризница на атрактивни фотографии

Покрај успешната актерска кариера, Салма Хајек е активна членка на социјалните медиуми.
Таа често објавува фотографии од својот деловен и приватен живот, а сака да разговара за рутините за убавина и модните трендови со својата женска публика.
Овој пат, таа објави атрактивна фотографија во бело бикини и не се срамеше да ја покаже својата фигура пред целиот свет.
Салма гордо ги откри своите прекрасни облини и бујни гради, а фотографијата беше дел од моден едиторијал за списанието „Sports Illustrated Swimsuit“ за мексиканскиот пазар.
Покрај завидната фигура, актерката го покажа и своето стомаче, докажувајќи им на многумина како всушност изгледа вистинската убавина кај жената.
Својот стил го надополни со дискретни додатоци, минимална шминка и таканаречена влажна фризура.
Фото: принтскрин
Забава
Ѓоковиќ им подари потпишани маици на Модриќ и на Ковачиќ

Неодамнешна фотографија од фудбалерите Лука Модриќ и Матео Ковачиќ и тенисерот Новак Ѓоковиќ, направена на островчето Вела Ступа во близина на Корчула, стана вирална на интернет.
Лука и Матео позираа и со потпишани маици од колекцијата на Ѓоковиќ од Вимблдон. Српскиот тенисер напиша пораки на нивните маици кои ги воодушевија социјалните мрежи.
„За големиот Лука, од срце, за спомен. Се најдобро, брате“, му напиша тој на Модриќ.
На маицата на Ковачиќ напиша: „За Матео, од срце. Ти посакувам се најдобро.“
На островчето, фудбалерите и тенисерот се дружеа со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
Сите четворица се големи фанови на хрватскиот брег.
Модриќ и Ковачиќ редовно одат заедно на одмор, а Чеферин одмара во Хрватска со години.