Забава
Кадилакот на Елвис Присли и очилата на Џон Ленон на аукција
Кадилакот на Елвис Присли, стариот камионет на Стив Меквин и очилата за сонце со диоптрија на Џон Ленон се само некои од стотината предмети што кон крајот на јули ќе се најдат на аукција во Калифорнија.
Аукциската куќа „Мекум“ соопшти дека на 26 и 27 јули на аукција ќе стави околу 2.000 предмети, од кои некои припаѓале на многу славни личности.
Според нив, главна ѕвезда на вечерта ќе биде кадилакот на Елвис Присли, од 1972 година.Кралот на рокенролот го возел овој автомобил од 1972 до својата смрт во 1977 година, а автомобилот бил гаражиран во домот на менаџерот на Елвис, полковникот Том Паркер, а потоа во хотелот „Хилтон“ во Лас Вегас.
Подоцна е однесен во Грејсленд, за во 1999 година биде продаден на аукција со другите работи на Елвис Присли.
Покрај кабриолетот на аукцијата ќе се мајдат и камионет шевролет и два мотори кои му припаѓале на Стив Меквин.
Моторот во сопственост на Денис Хупер исто така ќе се најде на аукција, заедно со автомобилите на Френк Синатра, Ринго Стар и Бет Дејвис.
Секако, дел од аукцијата ќе бидат и `авијатичарките` на Ленон од 1970-тите, колекцијата на Џон Хангер во која се наоѓа и костимот на Капетан Америка од 1944 година и камшикот користен во „Индијана Џонс“.
Дека се работа за една единствена аукција зборува и фактот што на неа че се најдат и предмети од Џон Вејн, Мерлин Монро, Џек Никлсон, Хантер С.Томпсон, ЏИми Стјуарт, Џин Кели, Барт Рејнолсд и други./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Малкумина знаат дека Џенифер Лопез има сестра – успешна новинарка и добитничка на „Еми“
Џенифер Лопез (56) и нејзината помлада сестра Линда (54) беа фотографирани од папараците додека уживаа во викендот во Хамптонс. Двете поминале ден на плажа и прошетка во есенска атмосфера, облечени лежерно, со топли џемпери и чизми.
Линда Лопез, која ретко се појавува во јавност, е успешна новинарка и телевизиска водителка, добитничка на награда „Еми“. Заедно со Џенифер ја основала семејната фондација, за помош на жени и деца до пристап за здравствена грижа.
Иако ја избегнува јавната сцена, Линда често ја поддржува својата славна сестра на хуманитарни и професионални настани.
View this post on Instagram
Забава
Шкорпиите сакаат контрола, Рибите бегаат од реалноста – најлошите навики на секој хороскопски знак
Секој хороскопски знак има свои слаби страни и навики што можат да создадат проблеми во односите или животот.
Oва се најлошите навики на секој знак.
♈ Овен – Нестрпливост
Импулсивни се и брзо „пламнуваат“ ако нешто не им оди по план.
♉ Бик – Тврдоглавост
Тешко прифаќаат промени и ретко ја менуваат еднаш донесена одлука.
♊ Близнаци – Недоследност
Започнуваат многу работи, но брзо го губат интересот и ретко довршуваат.
♋ Рак – Злопамтила
Премногу долго ги паметат неправдите и тешко простуваат.
♌ Лав – Постојана потреба за внимание
Желбата за признание лесно преминува во зависност од пофалби.
♍ Девица – Прекумерна критичност
Сè забележуваат и често претеруваат со коментари и забелешки.
♎ Вага – Одолговлекување
Стравот да не погрешат ги тера да одложуваат одлуки и шанси.
♏ Шкорпија – Поссесивност
Сакаат контрола и често ги проверуваат блиските.
♐ Стрелец – Избегнување одговорност
Бегаат кога обврските стануваат сериозни, во потрага по слобода.
♑ Јарец – Претерана посветеност на работа
Работат премногу и ги занемаруваат здравјето и личниот живот.
♒ Водолија – Емоционална дистанца
Тешко покажуваат чувства и делуваат студено, и кога не се такви.
♓ Риби – Бегство од реалноста
Сонуваат наместо да се соочат со проблемите, што ги враќа во ист круг.
Забава
Британски водител: Зависноста од порнографија ми го уништи бракот и животот
Британскиот телевизиски и радио водител Орe Одуба (39) откри дека зависноста од порнографија, која почнала кога имал само девет години, го уништила неговиот брак и длабоко го погодила психички.
Во подкастот „Треба да разговараме“ тој призна дека три децении молчел поради срам и страв, а отворено проговорил дури по разводот и смртта на својот татко.
„Требаа 30 години, две смртни случаи и еден развод за конечно да кажам што се случува“, изјави Одуба.
Тој истакна дека решил да ја сподели својата приказна за да ја подигне свеста за раната изложеност на деца на сексуални содржини.
„Ова го правам за своите деца и за сите млади кои можат да западнат во нешто што не го барале,“ рече.
Одуба се прослави во 2016 година со победата во „Стрикли кам денсинг“, а претходно работеше на детската емисија „Њузраунд“ на „Би-би-си“.

