Забава
На расправа за жените во општеството нема ниедна жена
Фотографија од конференција од Саудиска Арабија, на која се прикажани само мажи, без ниту една жена, а присуствуваат на конференција на која се зборува за жената во општеството, кружи по социјалните мрежи.
Конференцијата, наводно е одржана лани, во Универзитетот Ќасим, каде учествувале претставници од 15 нации.
На Twitter е обележана како `апсурдна`, што е само еден во низата докажи за големиот јаз во рамноправноста на половите во оваа блискоисточна нација.
Сегрегацијата меѓу мажите и жените е на највисоко ниво во ова земја благодарение на ултраконзервативното толкување на шеријатскиот закон.
На жените им е забрането да возат, мора да користат посебни влезови в банка и во канцеларии, а најавени се планови за изградба на делови во градот само за работнички.На жените им е потребна дозвола од машки член на семејството или од сопругот за да работат, за да патуваат, да студираат или да се мажат, а женската изјава на суд помалку вреди од машката.
Минатата година се направени мали чекори кој рамноправност на половите. На почетокот на оваа година, кралот Абдула дозволи жените да сочинуваат 20 отсто од 150 члениот совет Шура, тело кое ја советува Владата.
Во април Саудиска Арабија на жените им дозволи да возат мотор или велосипед, но само ако се потполно прекриени и се наоѓаат во придружба на машки член на семејството./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Секој би сакал да има тело како Марго Роби, а тоа сега е можно: тренерот откри како
Марго Роби веќе некое време привлекува внимание од јавноста, а причината е нејзината нереална убавина. Се зборуваше и за можните козметички процедури што ги направила на лицето за да го зачува својот изглед, а сега и нејзиниот личен тренер Дејвид Хигинс се огласи пред медиумите.
Тој нагласи дека зад нејзината убавина стои сериозна работа, труд и посветеност, и откри како изгледа фитнес рутината на актерката, како и каква храна консумира.
Посебен вид пилатес + тренинг за сила
Дејвид истакна дека Марго комбинира тренинг за сила и реформаторски пилатес, кој неодамна доби голема популарност. Тренингот започнува со вежби за загревање кои траат 5 минути, по што следат вежби за сила.
Во зависност од тоа како се чувствува, вели тренерот, Марго избира помеѓу тренинг за сила и пилатес. Таа го прескокнува класичниот кардио тренинг, а еве зошто:
„Кога правите вежби за целото тело, срцето мора интензивно да пумпа крв од еден дел од телото до друг – на пример, од горниот до долниот дел – што дополнително го зголемува пулсот“, објасни тој.
Тој става посебен акцент на зајакнување на стомачните мускули, а неговите тренинзи често завршуваат со предизвик од 100 стомачни. Исто така, открил дека може да држи планк четири минути и десет секунди без тешкотии.
Диета „сè или ништо“
Марго признава дека обожава нездрава храна, но дека е ригорозна во врска со исхраната пред снимањето.
„Не можам да бидам умерена. Станувам мрачна ако не јадам што сакам. Не можам само да јадам салата секој ден и да пијам половина чаша вино секој втор ден. Едноставно не функционира“, изјави таа за „Emirates Woman“.
Таа исто така отворено признава дека е склона кон крајности: „Немам идеална диета. Обожавам пиво, помфрит и бургери. Но, ако треба да скокнам во бикини, ќе јадам стапчиња морков три дена. За мене е или едното или другото.“
Кога се придржува до строг режим, за појадок избира овесна каша со капини или зелено смути со кељ и јаболко. Ручекот обично е пилешко со лимон и интегрален ориз или салата од скуша со домати и краставици. За вечера јаде стек од туна со сладок компир или зеленчукова чорба.
Пред важни настани, таа избегнува заситени масти, брза храна, газирани и засладени пијалоци и чоколадо.
Забава
(Видео) Интернетот полуде по нејзиниот фустан: Но – зошто?
Кејт Хадсон неодамна присуствуваше на доделувањето на Costume Designers Guild наградите во Лос Анџелес. Наградите ги доделува Здружението на костимографи на филмски и ТВ продукции за годината.
На доделувањето на наградите оваа година присуствуваа бројни познати личности од различни области на уметноста, а меѓу оние кои привлекоа најголемо внимание беше и актерката Кејт Хадсон.
За оваа пригода, таа одлучи да носи лаванда фустан од Валентино. Креацијата на прерамки е изработена од сатен и совршено ја следи женската фигура. Се одликува со дискретно деколте и отворен грб што го нагласува женското тело.
Додаде дијамантски чокер од брендот BVLGARI, кој совршено го надополни овој аутфит, кој многу потсетува на стариот холивудски гламур.
Косата ја стилизираше на наједноставен начин – ја пушти слободно да паѓа по рамената, а кога станува збор за шминка, се одлучи за едноставни, земјени тонови.
Насмевката на лицето на Кејт беше исто така забележлива, која ја покажуваше цело време за време на фотосесијата на црвениот тепих.
Забава
(Фото) Македонски шмек на синоќешниот All Star натпревар – Најдобриот NBA играч во моментов, носеше патики од Сатја Грабулоски
Викендов во Лос Анџелес се одржа најголемиот кошаркарски настан во годината, натпреварот на најдобрите кошаркари од NBA лигата, познат како NBA All Star Weekend.
А на All Star натпреварот, еден од најдобрите NBA кошаркари во моментов, Џејлен Браун од Boston Celtics, носеше патики дизајнирани од нашиот Сатја Грабулоски и неговото SWithADot студио.

Патиките се изработени по директна комуникација на Грабулоски со Браун, кој самиот ги даде насоките за уникатните патики што ги носеше.
Браун ги носеше овие патики и за официјалното фотографирање на играчите пред нивниот настап на All Star викендот.

За патиките кои ги изработи за кошаркарот и комуникацијата со него, Грабулоски вели:
„Да соработуваш со еден од најдобрите кошаркари во моментот во светот е уживање – посебно кога се работи и за одличен човек и интелект. Сигурно многу луѓе не знаат, но Џејлен, меѓу другото е и предавач на Универзитетот MIT, па неговата љубов кон бројките и космосот се пресликани во еден пар патики кој ноќеска ги носеше на NBA All Star Weekend. Разговараме и на тема Македонија, па при некоја следна посета на Европа, се надевам ќе го прошетаме низ Скопје“.

Ова не е прва соработка на Грабулоски со луѓе кои се меѓу најзначајните во NBA. Во деловната биографија на SwithADot се запишани и имињата на Шекил О’Нил, Леброн Џејмс, Никола Јокиќ, Јанис Антетокумпо, Двејн Вејд, Ален Ајверсон, Кармело Ентони, Богдан Богдановиќ и многу други.

