Забава
Осуда на американската шпионажа со светлечки натпис во Берлин
Еден берлински уметник го осуди шпионирањето во Европа од страна на разузнавачките служби на САД кога ноќта кон понеделникот врз ѕидот на американската амбасада во Берлин го проектирал слоганот „United Stasi of America“, алудирајќи на политичката полиција на поранешната комунистичката.
„Многу смешно. Кој и да прави таква споредба не знае многу за Штази ниту за Америка“, коментираше службата за односи со јавноста на американската амбасада во Берлин.
Штази беше озлогласената политичка тајна полиција на источногерманскиот комунистички режим , чијашто активност на следење и на најситните чекори и гестови на граѓаните во поранешната Германска Демократска Република е жестоко отсликана во филмот „Туѓиот живот“ од 2006 година.
Акцијата со натписот, инаку, ја организираше Оливер Биенковски, уметник кој се специјализирал за светлосни спектакли, со помош на основачот на Megaupload.com, Ким Дотком, кој одговорноста за настанот ја презема на Twitter.
Ким Дотком, чиешто вистинско презиме е Шмиц, чијашто фотографија, исто така, била проектирана на фасадата на американската амбасада, му ја дошепнал идејата за слоганот на Биенковски, како што вториот изјави за весникот Bild во вторникот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Најсекси фотографиите од нејзината кариера: Хејли Бибер се соблече за „Вог“ и ги помести границите
Хејли Бибер ја краси насловната страница на новиот мартовски број на австралиското списание „Вог“, а за оваа пригода позираше во неколку луксузни креации од светски познати дизајнери, идеални за претстојната пролет.
Постојат три различни насловни страници, па Хејли е во едната фустан од Ив Сен Лоран, на другата акцентот е на впечатливи очила за сонце од Баленсијага, а на третата насловна страница носи розов капут од брендот Муглер.
Со оглед на тоа што Хејли Бибер е и моден инфлуенсер и трендсетер, а поседува и сопствен бренд за козметика Rhode, беше очекувано дека нејзините модни комбинации за едиторијалот ќе послужат како инспирација за многу дами за претстојниот период.
Познатата манекенка донесе различни стилови и впечатливи модни комбинации, меѓу кои некои се издвоија на прв поглед, оставајќи впечаток за нејзините најпредизвикувачки и најсмели изданија во нејзината кариера.
По палтото од вештачко крзно кое е апсолутен моден хит оваа сезона, таа носи само црни хеланки и има интересен детаљ на градите, додека на втората фотографија позира во смело елегантно сако и необичен транспарентен фустан кој речиси ништо не покрива.
Позираше и во кожна јакна и гаќички, но и во црвен градник од чипка. На едната од фотографиите беше уште похрабра – додека позираше во црн долг фустан, нејзиниот гол задник е во преден план, додека на другата е покриен само со голема црна сатенска машна.
Забава
Дејвид Гета (58) го доби четвртото дете
Дејвид Гета го пречека своето четврто дете. Познатиот 58-годишен француски диџеј и неговата 34-годишна девојка Џесика Ледон го пречекаа своето второ заедничко дете, синот Скајлер, а веста ја објавија на Инстаграм.
Двојката веќе има син, Сијан, а Гета е и татко на 22-годишниот Тим Елвис и 18-годишната Анџи од бракот со поранешната сопруга Кети.
Во заедничка објава, која беше споделена и на профилот на Џесика Ледон, тие напишаа: „Добредојде на овој свет, Скајлер ❤️ Најубавата тајна што некогаш сме ја чувале“.
На една фотографија се гледа нивниот син Сијан, кој наскоро ќе наполни две години, како ѕирка во креветчето каде што спие Скајлер. Гета објави и кратко видео во кое новороденчето спие на гради. „Ова мало спие на моите гради“, рече тој, додавајќи: „Шшш“.
Голем број познати личности брзо одговорија во коментарите. „Честитки“, напиша Џенифер Лопез, а Иванка Трамп рече: „Толку сум среќна за вас! Честитки Дејвид и Џесика!“
И колегите диџеи исто така им честитаа – Тиесто напиша: „Честитки, брате“, а Армин Ван Бурен: „Честитки, човече“. Пејачот на Каскада додаде: „О, честитки и целата среќа на светот“.
Дејвид Гета и Џесика Ледон првпат се запознаа во 2015 година. Се вели дека се разделиле во 2022 година, но повторно се зближиле следната година. Во март 2024 година, тие го добија својот прв син.
Забава
(Фото) Трикот за подолги нозе што го обожава Марго Роби: Се враќаме на трендот од 70-тите
Марго Роби често е инспирација за многу жени и секоја облека навистина ѝ стои совршено, па затоа едвај чекаме да видиме со какви нови работи ќе нè изненади и што ќе можеме да „употребиме“ за нашите комбинации.
Сведоци сме на големо враќање на 90-тите, особено кога станува збор за модата, но ова враќање не е ограничено само на модата, туку влијае и на нашите животи.
Марго Роби и Џенифер Лопез го вратија фокусот на широките фармерки што некогаш се носеа; модел што ја нагласува фигурата и ги издолжува нозете. И токму ова е трендот што ги одбележа 70-тите, а многу дами со задоволство се враќаат на него.
Во едно од своите изданија, Марго Роби носеше фармерки со висок струк, тесни на половината и широки ногавици под колената, и покажа дека овој ретро детаљ е сè уште меѓу најголемите трендови, и јасно е зошто.
Фармерките ги комбинираше со кратка јакна што подоцна ја соблече, со потпетици и трендовски елек, а одлично одат и со патики или други рамни чевли, како и со полежерни и елегантни парчиња.

