Забава
Војвотката од Кембриџ примена во болница
Кенсингтонскиот дворец потврди дека војвотката од Кембриџ, Кетрин Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам, е примена во болницата на Света Марија, во понеделникот наутро, каде што ќе го роди своето прво дете, идниот наследник или наследничка на британскиот престол.
Триесет иедногодишната Кејт е примена во приватното крило на болницата Света Марија во Педингтон во западен Лондон, каде во 1982 година е роден нејзиниот сопруг принцот Вилијам, сега војводата од Кембриџ.
„Војвотката пристигна со автомобил од палатата Кенсингтон во болницата Света Марија со војводата од Кембриџ“, соопшти Кенсингтонската палата.
Според изјавите на претставници на палатата, ниту Вилијам и Кејт не го знаат полот на детето.
Бидејќи новороденчето еден ден ќе седне на престолот на Британија, раѓањето се одвива по строго утврден протокол.
Први за раѓањето на детето ќе бидат известени кралицата, тесниот круг од кралското семејство и родителите на Кејт, а пота кралските лекари ќе потпишат известување и ќе ја известат Бакингемската палата. Истовремено во согласност со модерните времиња, оваа информација ќе биде објавена и на социјалните мрежи Facebook и Twitter.
Веста за раѓањето на кралското бебе ќе ја проследат 62 почесни плотуни од Лондонската кула и 41 плотун од Грин Парк, во близина на Бакингемската палата.
Министерот за внатрешни работи ќе го извести градоначалникот на Лондон, а личниот секретар на кралицата ќе испрати известувања до гувернерите на Комонвелтот. На името на детето, сепак, ќе треба да се причека уште неколку дена.
Се очекува дека светот ќе го види наследникот или наследничката на тронот, уште наредниот ден по неговото или нејзиното раѓање. Доколку породувањето биде нормално, Кејт ќе остане со детето во болницата само еден ден. По излегувањето, Вилијам и Кејт ќе излезат пред фотографите кои речиси три седмици го очекуваат тој момент логорувајќи пред главниот влез на приватното крили Lindo Wing. Оние коишто успеаја да заземат најдобра позиција на тротоарот, така, ќе имаат можноста да ја направата првата фотографија на идниот крал или кралица.
Првенчето на Вилијам и Кејт, сепак, ќе чека многу долго време додека се искачи на престолот. Медиумите проценуваат дека ако се земе предвид животниот век на Виндзор, тој или таа ќе се искачи на престолот не порано од 60 години. Но, населдникот/чката има шанса да стане првиот британски монарх во XXII век.
Детето на британскиот принц Вилијам, Кетрин Војвотката од Кембриџ ќе ја носи титулата принцот или принцезата од Кембриџ, а бебето ќе го ословуваат со негово или нејзино Кралско Височество./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

