Забава
Светот ќе биде спасен го чуваат 867 Супермени
Нов рекорд во број на Супермени на едно место, дури 867 луѓе се облекле во костимот на јунакот во Англија и влегоа во Гинисовата книга на рекорди.
Дека Супермен има многу фанови доказ е необичниот собир на `супермажи, супержени и супердеца` на фестивалот во Англија.
Точно 867 мажи, жени и деца го облекле костимот на Супермен и поставија нов светски рекорд.
Во пауза на музички фестивал, на кој меѓу другите настапувале и Primal Scream, The Charlatans, Public Enemy, поклониците на СУпермен направија феноменална слика и за 300 ја подобрија бројката на Супермени на едно место,
Исто така собраа и илјада фунти за хуманитарни цели.
Во „Ескапејд“, фирмата која ги прави Супермен костимите, биле запрепастени колку луѓе се одзвале на оваа акција.
„Сигурно не изненадија со позитивната реакција на повикот да поставиме нов Гинисов рекорд. Уште поубаво и повозбудливо беше што сакаа да помогнеат во хуманитарната акција“, велат од таа куќа.
Инаку, досегашниот рекорд по број на Супермени на дно место во светот беше 566./крај/м/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

