Забава
Еден ден кралски оброк за њујоршките бездомници
Барем еден ден њујоршките бездомници се чувствуваа како кралеви вкусувајќи ги специјалитетите кои само за нив ги подготвија готвачите на некои од најпознатите светски лидери, претседатели монарси, меѓу кои и шефицата на кујната на американскиот претседател Барак Обама.
Ова се случи по една многу проста идеја, имено во саботата дваесетина членови на престижното здружение „Chefs des chefs“ дошле да готват во црквата на Свети Франсиск Ксаверски на Менхетен каде се послужуваат дневните оброци за најбедните жители на Њујорк.
„Здружението ‘Chefs des chefs’ е најексклузивниот гастрономски клуб на светот. Готвачите од овој клуб се чувари на кулинарските традиции на поедини земји“, вели за AFP неговиот основач Жил Брагар.
„Клубот има благородни цели. Идејата беше барем еден њујоршките бездомници да се чувствуваат како кралеви. Секако, тоа е минливо, но со тоа им покажуваме дека за нив некој се грижи, дека некој мисли на нив“, објаснува Брагар.
Тој ден 150 њујоршки бездомници вкусиле салата од цикорија и естрагон којашто ја подготвила шефицата на кујната на американскиот претседател Барак Обама. Следело рижото на милански начин што го зготвил готвачот на италијанскиот претседател Џорџо Наполитано, а пото гаспачо од диња и авокадо подготвено од готвачот на францускиот претседател Франсоа Оланд. Јадења за коишто инаку повеќето обични смртници на планетава или мора скапо да платат, но многу поверојатно е дека нема да ги вкусат никогаш во животот.
Гостите на „кралскиот ручек“, главно хиспано и афроамериканци, внимателно ги слушале објаснувањата на готвачите за приготвените јадења што подоцна им ги послужиле. Бездомниците можеле и да се фотографираат со славните готвачи, а најбарана била готвачката на Обама.
Њујорк е синоним за богатство и луксуз, меѓутоа стварноста е сосема поинаква за оние кои немаат среќа во животот. Њујоршкото здружение Коалиција против гладта го нагласува податокот дека 1,5 милиони жители на овој мегалополис секојдневно зависат од бесплатните оброци во народните кујни.
Пасторот во црквата на Свети Франсиск Ксаверски изјавил за агенцијата дека преку неделата послужуваат топол оброк за 1.200 до 1.400 лица./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Елса Хоск за малку ќе откриеше премногу во фустан со смел шлиц
Шведската манекенка и поранешен ангел на „Викторија сикрет“, Елса Хоск, воодушеви со своето модно издание на гала во Лос Анџелес. Прекрасната русокоса, која наскоро се мажи, ги воодушеви сите со својот софистициран изглед и елеганција што малкумина ја поседуваат.
Елса избра прилично смела креација за овој црвен тепих, фустан од тил со точки и многу висок шлиц, така што нејзините долги нозе беа во преден план и, секако, нејзината убавина, оставајќи сè друго во сенка.

Манекенката сè надополни со спектакуларен ѓердан и обетки, додека не сакаше да експериментира со чевли, па избра класични црни салонки.
Брановите во стилот на стариот Холивуд совршено се вклопуваат во целокупниот изглед, а Елса трпеливо позираше за фотографите и се трудеше секоја фотографија да ја долови магијата и елеганцијата што ја покажуваше кога се појавуваше вака облечена.

Елса Хоск често привлекува внимание кон себе, иако веќе не е толку истакната во медиумите. Таа е во врска со својот партнер Том Дејли веќе десет години и заедно имаат ќерка која штотуку наполни четири години.
фото: принтскрин
Забава
Без триење или груби хемикалии: вашата микробранова печка ќе блесне како нова со овие две состојки
Маснотијата во вашата микробранова печка не е само естетски проблем – може да ги задржи непријатните мириси и да влијае на рамномерното загревање на храната.
За среќа, постои едноставен и природен начин брзо и ефикасно да ја исчистите вашата микробранова печка. Сè што ви треба е лимон и вода. Наполнете сад со вода и додадете го исцедениот лимон и неговите остатоци во водата.
Ставете го садот во микробрановата печка и вклучете го на висока температура неколку минути, додека водата не зоврие и не создаде пареа. Оваа пареа ги омекнува мастите на ѕидовите на апаратот, што го олеснува бришењето.
Откако микробрановата печка ќе заврши со работа, оставете ја вратата затворена уште неколку минути за да ја оставите пареата да си ја заврши работата. Потоа внимателно извадете го садот и избришете ја внатрешноста на микробрановата печка со микрофибер крпа или мек сунѓер. Маснотијата треба лесно да се отстрани, без силно триење или користење на груби хемикалии.
Ако маснотијата сè уште не се отстранува лесно, можете да направите паста од сода бикарбона и вода, да ја нанесете на дамката, да ја оставите неколку минути, а потоа да ја избришете.
Откако темелно ќе ја исчистите микробрановата печка, редовното одржување е важно и за време на секое продолжено загревање храна. Затоа, избришете ја внатрешноста на микробрановата за да спречите насобирање маснотии.
Користете капак или соодветен сад за да спречите прскање маснотии по ѕидовите. Оставете ја вратата од микробрановата печка повремено отворена по чистењето за да избегнете непријатни мириси.
фото: принтскрин
Забава
Нема втора шанса со овој знак: ако нешто се скрши еднаш, готово е засекогаш
Во хороскопот постои знак кој, откако ќе одлучи да затвори врата, го прави тоа со таква решителност што дури ни универзумот не може да најде резервен клуч. Неговата доверба е тешко да се стекне, но уште потешко да се врати откако ќе се скрши.
Шкорпија: Знакот што памти сè и не заборава ништо
Шкорпијата не заборава предавство, лаги или разочарување. Кога некој ќе ја скрши неговата доверба, тој не планира одмазда, туку едноставно повлекува линија. За него, довербата не е лесно достапна валута, а откако ќе се потроши, не може да се врати.
Во неговиот свет, втора шанса значи ризикување со уште едно разочарување, што е луксуз што не сака да си го дозволи.
Членовите на овој знак не реагираат нагло. Тие набљудуваат, анализираат и чекаат вистински момент.
Кога ќе одлучат дека нешто е завршено, тоа не е каприц, туку заклучок, поткрепен со ладна логика и силна емоција. Можеби изгледаат строги, но всушност само се заштитуваат од повторување на истите грешки.
Нема повторувања во животот на Шкорпијата. Неговата филозофија е едноставна: ако нешто се скршило еднаш, не било доволно силно. Секој што сака да остане во неговиот круг мора да покаже искреност уште од самиот почеток, бидејќи со Шкорпија нема втора шанса – само прва и последна.
фото: принтскрин

