Контакт

Забава

Во Германија потстанарот може да биде избркан од зграда ако пуши

Објавено пред

Суд во Германија пресуди дека станар кој пуши во изнајмен стан од него може да биде исфрлен доколку чадот од станот се рашири низ заедничките делови од зградата.

Ваква одлука донесе окружниот суд во Диселдорф по тужбата на сопственичката на зграда во којашто живее Фридхелм Адолфс, на којашто другите станари и` се жалеле дека на басамаците можат да го намирисаат чадот од цигарите што ги пуши Адолфс.

Овој 74-годишен пасиониран пушач на судот изјавил дека неговиот стан не е херметички затворен и дека тој не може да биде виновен доколку чадот под вратата се провлекува на басамаците.

Судот во своите изјаснување објави дека не може да се бара другите станари да го трпат „неприфатливата и неподносливата“ смрдеа. Оттаму, како што се наведува во пресудата, Адолфс, кој во тој стан живее 40 години, од него може да биде исфрлен и покрај важечкиот договор за изнајмување. Пресудата не е правосилна, и овој станоизнајмувач, а тие во Германија се многу заштитена категорија, има право на жалба.

Истиот суд истовремено во своето образложение повторил и дека луѓето имаат основно право да пушат во своите сопствени станови.

Адолфс тврди дека го бркаат од станот за да може сопственичката поскапо да го изнајми. Тој во истиот стан пуши сите 40 години колку што и живее во него, а пушела и неговата почината сопруга.

Откако овој случај се појави на судот и во јавноста, Адолфс стана симбол на пропушачките групи во Германија. Дури тие собираа и пари за судските трошоци.

Иако во Германија е забрането пушењето на јавни места, таа е татковина и на многу познати и влијателни пушачи. Секако најпознат е случајот на поранешниот канцелар сега 94-годишниот Хелмут Шмид кој и денес бара да пуши додека го интервјуираат за телевизиите. Во едно интервју испушил дури 13 цигари пред камерите. По најавите дека Европската унија ќе ги забрани цигарите со вкус на ментол, Шмид се погрижил за своите резерви – купил 200 штеки и ги чува во својот дом./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Принцот Хари и Меган не сакале нивниот син Арчи да ја добие титулата гроф од Дамбартон

Објавено пред

Кога Меган го роди Арчи, сите беа убедени дека тој ќе ја добие титулата според обичајот на кралското семејство, но тоа не се случи. Тогаш почнаа разни шпекулации, а сега се знае вистинската причина.

Медиумите често пишуваат за децата на принцот Хари (37) и Меган Маркл (40), особено за нивните титули. Од раѓањето на Арчи се дебатира дали тој ќе добие кралска титула, а таа тема сега се отвора и за сестра му Лилибет, која се роди оваа година.

Кога Меган го роди Арчи во мај 2018 година, сите мислеа дека тој ќе ја добие титулата според обичаите на кралското семејство, но тоа не се случи. Во тоа време во странските медиуми се расправаше за можните причини, а една од теориите беше дека дворот така одлучил поради неговата боја на кожата.

„Од палатата велат дека нема врска со бојата на кожата. Според кралскиот протокол што го воведе кралот Џорџ Петти, титулата принц или принцеза може да ја добијат само оние што се во директна линија на наследство“, изјави тогаш близок извор на монархијата.

Имено, Арчи би можел да ја добие титулата Earl of Dumbarton (гроф или ерл од Дамбартон), но сè уште ја нема токму поради одлука на Хари и Меган, а сега е откриена и причината зошто.

Кралскиот експерт и биограф Ендрју Мортон во интервју за „Ју-ес викли“ зборуваше за причината. Тој објасни дека парот се откажал од титулата затоа што мислеле дека би можеле да го задеваат на училиште бидејќи неговата титула Earl of Dumbarton го содржела зборот dumb (што на англиски значи глуп).

„Хари и Меган беа против таа титула, мислеа дека ќе се исмеваат со Арчи“, изјави авторот на книгата „Меган и разоткривањето на монархијата: холивудска принцеза“.

„Тие не сакаа нивниот син да го задеваат во училиште, а јасно му го кажаа тоа и на семејството, па одлуката за преземање на титулата ќе му ја препуштат на синот кога ќе порасне“, вели биографот.

Прикажи повеќе...

Забава

Јапонската принцеза, која поради љубов се откажа од титулата, ќе живее во еднособен стан

Објавено пред

Принцезата Мако, внука на јапонскиот император, се откажа од царскиот статус и од обесштетувањето во иснос од 1,2 милиона евра кога се омажи за 30-годишниот Кеи Комуру овој вторник.

Неколку часа по венчавката, младенците одржаа куса прес-конференција, на која не одговараа на прашања, туку го искажаа своето задоволство.

„Благодарна сум од сѐ срце“, рече Мако кога првпат ѝ се обрати на јавноста како цивил изразувајќи благодарност до луѓето што ѝ помагаа и ја поддржуваа.

„Ја сакам Мако. Сакам да го поминам животот со личноста што ја сакам“, им рече младоженецот Кеи на новинарите собрани во просторијата што двајцата ја изнајмија за настанот.

Младенците рекоа дека планираат заедно да изградат топла и мирна семејна атмосфера и иако не открија каде ќе живеат, јапонската телевизија NHK објави дека ќе се вселат во еднособен стан во Токио пред да се преселат во Њујорк.

На почетокот на овој месец царската институција појасни дека нема да се одржи свадбена церемонија, ниту приемен банкет или други ритуали и дека не се одобрува паушалот од 1,2 милион евра што вообичаено им се дава на жените од царското семејство кога се мажат за обични граѓани.

Прикажи повеќе...

Забава

Бритни Спирс му порача на семејството: Ме повредивте и сакам правда

Објавено пред

Пејачката Бритни Спирс сподели фотографија со машина за пишување и три розови рози, но текстот што го напиша не се однесува на фотографијата.

Во својата објава на „Инстаграм“ таа го нападна целото семејство.

„Всушност, смачено ми е од улогата на разумна Мајка Тереза. Ако сте непристојни со мене, јас завршив со вас. Мир. Оваа порака е до моето семејство затоа што ме повреди подлабоко отколку што некогаш ќе дознаат“, напиша пејачката.

„Знам дека конзерваторството ќе заврши набргу, но сепак сакам правда. Висока сум само 163 инчи и целиот живот глумев поголема личност. Знаете ли колку е тешко тоа?“, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет46 минути

(Видео) Тројца ракувале со пиштолот со кој пукаше Болдвин – пронајден смртоносниот куршум

Полицијата тврди дека поседува куршум испукан од пиштолот што го користел актерот Алек Болдвин кога случајно ја застрела и уби...

Македонија5 часа

Регистрирани нови 444 случаи на Ковид-19, починале осум луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.210 тестирања,...

Свет8 часа

Шпанија ќе им ги врати парите на граѓаните казнети за прекршување на карантинот

На сите шпански државјани што беа казнети поради прекршување на мерките за време на минатогодишното тримесечно заклучување ќе им бидат...

Македонија10 часа

(Видео) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта

Данела Арсовска, освен бугарско државјанство, има и бугарска лична карта, издадена во 2017 година, тврди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска....

Македонија10 часа

(Видео) „Името го добив по дедо ми Дане“ – Арсовска тврди дека не го менувала своето име и нема бугарско државјанство

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, и денеска на прес-конференција ги негира обвинувањата дека поседува...

Македонија11 час

Италија забрани туристички патувања за нашите државјани, Данска ги олесни ковид-правилата за влез

Со најновата одлука на италијанските власти Република Северна Македонија се преместува од листата Д во листата Е, со што не...

Свет12 часа

Два процента од богатството на Илон Маск ќе го реши гладот ​​во светот

Мала група исклучително богати поединци може да помогнат во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од нивното...

Регион13 часа

САД размислуваат за укинување на визите за Бугарија

Бугарија е една од земјите за кои американскиот министер за внатрешна  безбедност, Алехандро Мајоркас, изјави дека САД размислуваат да ги...

Македонија13 часа

Бројот на заразени од коронавирус од почетокот на пандeмијата во Македонија надмина 200.000 лица

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата веќе изнесува 200.412 по вчерашните потврдени нови 511...

Македонија14 часа

Заев: Куманово повторно ќе држи лекции, сочувајте го социјалдемократскиот дух на Куманово

„Куманово и на овие избори ќе одржи лекција по социјалдемократија по прогресивност и, секако, по обединување и ќе даде пример...

Свет14 часа

Вакцината на „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години одобрена од експерти на американската агенција за лекови

Советодавниот одбор на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), составен од реномирани американски здравствени експерти, ја одобри употребата на...

Македонија24 часа

Од 15 ноември во ресторани, молови и клубови со потврда за примени две дози вакцина

Владата донесе одлука со која се дозволува влез во секаков вид објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии,...

Македонија1 ден

Дозволено организирање настани во затворено до 50 проценти исполнетост

Владата на денешната редовна 115-та седница, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука со која се дозволува организирање...

Македонија1 ден

Шилегов: Во моментов Скопје работи на три најсложени инфраструктурни проекти во својата историја

Скопје по повеќе децении добива нов мост кој овозможува брза врска на најнаселената општина во Скопје, Аеродром, со Гази Баба,...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Кај Шилегов единствено нешто што му се гледа повеќе од ароганцијата е стравот дека ќе загуби

Одговорот на Заев и Шилегов на дебаклот што им се случи во првиот круг од изборите било да донесат струмичка...

Свет1 ден

Меркел формално разрешена од должноста канцелар

Официјално заврши мандатот на Ангела Меркел како канцелар на Германија, а претседателот на Републиката Франк-Валтер Штајнмаер ѝ се заблагодари за...

Македонија1 ден

(Видео) Шилегов: Со брзата реакција на хероите на градот се спречи поголема материјална штета од пожарот

Денес имаше пожар кај старите бараки на Основен суд Скопје 1 и благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарната...

Македонија1 ден

Владата ја стопира изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци

Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување...

Македонија1 ден

За една недела починале 124 лица од коронавирус, 97 од нив не биле вакцинирани

Во периодот од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти од Ковид-19, од нив над 78 % биле невакцинирани. Од...

Македонија1 ден

Регистрирани 511 нови случаи на Ковид-19, пријавени 10 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Досие