Забава
Песот зева кога се зева и газдата

Ноторен факт е дека зевањето меѓу луѓето е заразно, меѓутоа новото истражување на јапонски научници покажа и дека таа зараза се пренесува и на кучињата од нивните сопствениците.
Учесниците во ова истражување велат дека зевањето е заразно затоа што е емпатично и помага да се одржи будноста на целата група. Во студијата на научниците од универзитетот во Токио, објавена во научното списание Plos One, покажало дека и кучињата почнуваат да зеваат кога ќе видат дека зеваат нивните газди.
Во овој експеримент кучињата го набљудувале своите газди и туѓинци како зеваат или глумеле дека зеваат. Резултатите покажале дека многу е поголема веројатноста дека песот ќе се прозевне кога ќе зева газдата во споредба со лице кое му е непознато.
Се покажало, исто така, дека кучињата зеваат само кога нивните сопственици навистина зеваа, а не кога глумат дека го прават тоа.
„Нашата студија сугерира дека заразното зевање кај кучињата е поврзано на сличен начин како и кај луѓето. Нашите резултати се во согласност со ставот дека таквата рудиментарна форма на емпатија може да биде присутна и кај кучињата домашни миленици“, пишуваат научниците во својата статија.
Две неодамна објавени истражувања покажаа, исто така, дека кучињата имаат способност да ја разберат човековата перспектива, како и дека кучињата и нивните сопственици споделуваат длабока поврзаност, речиси слична на онаа на родителот и детето./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ким Кардашијан на суд во Париз, првпат се соочи со напаѓачите

Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан денес сведочеше на судењето во Париз во случајот со грабежот од 2016 година, во кој ѝ беше украден накит вреден шест милиони долари.
Грабежот се случи во Париз за време на „Фешн вик“, а беше украден нејзиниот накит, вклучувајќи и дијамантски прстен од 4 милиони долари што ѝ го дал поранешниот сопруг Канје Вест.
Кардашијан, повремено во солзи, рече дека дошла во француската престолнина за Модната недела и дека Париз е место што отсекогаш го сакала и каде што се чувствувала безбедно, објави Ројтерс.
„Се разбудив околу три часот наутро и слушнав чекори по скалите. Ја повикав сестра ми и еден пријател, но никој не се јави“, рекла таа, додавајќи дека неколку луѓе во полициски униформи влегле во нејзината спална соба.
Кардашијан рекла дека била многу збунета и зашеметена, обидувајќи се да сфати што се случува, а потоа еден од мажите рекол на англиски со акцент – „Ринг, прстен!“
„Бев во шок и на почетокот помислив дека е некаков терористички напад, и не сфатив веднаш дека го сакаат мојот накит“, рекла таа.
Таа додаде дека напаѓачите потоа ја фрлиле на креветот, дека била многу исплашена и хистерична, и постојано велела дека мора да се врати дома кај своите деца.
Според неа, еден од нив вперил пиштол кон неа и ја повлекол кон себе, па во тој момент помислила дека ќе ја силува, но за среќа само ја врзал.
Ова е прв пат Кардашијан да се соочи со осомничените за нападот и грабежот. Осомничените се на возраст меѓу 60 и 70 години, објави АП.
Судењето започна минатиот месец и во него учествуваат десет обвинети.
Забава
Концерт на легендарниот бенд „Галија“ на 9 август во Охрид

На 9 август, еден од највлијателните рок бендови на овие простори, Галија, ќе одржи концерт во Охрид, на една од највпечатливите културни локации во регионот, Античкиот театар. Настанот, кој е во организација на Прагма продукција, претставува дел од летната концертна сезона што го привлекува вниманието на публиката од цела Македонија, па и пошироко.
Тешко е да се опише она што Галија претставува, затоа што не е само бенд, туку институција. Музички феномен што со децении опстојува без да прави компромис со сопствениот звук и стил. Малку се составите на овие простори кои можат да се пофалат со богата дискографија и, можеби најважно, настап во живо кој звучи моќно, прецизно и автентично, како најдобрите светски рок-групи.
Во Охрид, бендот ќе настапи со препознатливата енергија и репертоар кој вклучува безвременски композиции како: „Још увек сањам“, „Дигни руку“, „Дали си спавала“, „Трубе“… како и музиката од култниот филм Зона Замфирова, песни што одамна прераснаа во химни на една генерација.
Античкиот театар во Охрид, со својата импресивна историја е идеална сцена за концерт од ваков калибар. Простор каде што секоја нота се слуша посилно, а секој стих добива посебна тежина. Музика како таа на „Галија“ природно припаѓа во вакви простори, на место каде што публиката не е само присутна, туку целосно вклучена.
Забава
Стареат како добро вино: на кои хороскопски знаци им е предодреден долг живот

Секогаш им завидуваат на нивниот младешки изглед, убавина и шарм, а најчесто се родени под овие четири хороскопски знаци.
Според астролошките тврдења, одредени хороскопски знаци се привилегирани со долг и среќен живот, а еве некои од нив.
Бик
Во срцето на Бикот лежи тајната на долговечноста. Тие се знаци на стабилност, смиреност и уживање во секој момент. Нивната способност да уживаат во радостите на животот честопати им ги продолжува годините, бидејќи знаат како да го живеат животот до максимум.
Девица
Девиците се познати по својата педантност и грижа. Нивната склоност кон редовни здравствени прегледи и здрави навики честопати ги прави долговечни. За нив, секој детаљ е важен, а вниманието што го посветуваат на своето здравје ги прави отпорни на предизвиците на времето.
Водолија
Водолиите се оригинални и неконвенционални. Нивната отвореност кон нови искуства и идеи ги одржува млади во срцето, што е клучна компонента на долговечноста. Нивната способност да се прилагодат на промените и да го избегнат стресот честопати им го продолжува животот.
Риба
Рибите се длабоко поврзани со интуицијата и духовноста. Нивната способност да пронајдат внатрешен мир и хармонија ги ослободува од стрес и вознемиреност, што честопати придонесува за подолг живот. За нив, внатрешниот свет е клучен за долговечноста.