Забава
Револверот на Бил Хикок на наддавање
Револверот кој Дивиот Бил Хикок го носел кога бил убиен на партија покер во 1876 година, ќе биде понуден на продажба во ноември во Сан Франциско, објави аукциската куќа Bonhams Auctioneers и очекува дека би можел да постигне цена од половина милион американски долари.
Дивиот Бил Хикок, една од легендите на американскиот Див Запад, носел револвер „Smith & Wesson No.2“ за војската кога бил застрелан од зад грб на возраст од 39 години во салунот „Nuttal & Mann’s“ во Јужна Дакота. Интересно е и тоа што славниот револвераш поради својата лична безбедност секогаш седел со грбот свртен кон ѕидот, но на денот на смртта не го почитувал своето правило, затоа што неговиот партнер во играта одбил да го замени местото.
Според процените, се очекува револверот да достигне цена од половина милион американски долари. Овој модел бил особено ценет затоа што за неколку секунди можело да му се замени цилиндарот со куршуми, а бил употреблив дури и ако бил потонат во вода. Револверот нормално би постигнал цена од само две илјади долари, меѓутоа, поради оригиналната сторија и поради тоа што го држела легендарната рака на Хикок, тој ја подигнува цената за 250 пати.
Картите што тогаш ги држел во раката се наречени по тој случај „Dead man’s hand“ (познато како ‘рака’на мртовецот или карти на смртта) а означува пар црни аса и пар црни осумки, додека петтата карта останала тајна. Го убил ловец на бизони и картаџија Џек Маккол, кој според една од легендите го одмаздвуал својот брат а според друга ден претходно загубил пари на партија покер и кој за убиството бил осуден на смртна казна.
Живото на Дивиот Бил, чие вистинско име било Џејмс Батлер Хикок, е тема на многу вестерн романи и е екранизиран повеќе пати.
Бегалец пред законот од својата 18-та година, славата ја стекнал како прецизен стрелец и коцкар, а извесен период работел и како припадник на сојузните сили на законот и редот. Хикок застрелал 36 противници во двобои и престрелки.
Двобојот во кој го убил Дејвис Тат поради спор околу коцкарски долг во 1956 година во мисури станал легендарен, бидејќи бил првиот воопшто двобој со брзо извлекување на оружјето ткн „quick draw duel“. Во текот на тој двобој, наместо извлекување на оружјето лице в лице, двајцата биле свртени странично на оддалеченост од околу 70 метри./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена
С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена и ги носи Забрањено пушење, кои годинава одбележуваат јубилејни 40 години од првиот студиски материјал „Das ist Walter“, најдоброто од Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе со неговиот бенд и екс-ју ретроспективата на Rootboy Selector.
Јубилеј слави и домаќинот „Фреш унион“ – полни 20 години од првиот настан и стартот на реализацијата на идејата за развој на урбаната музичката култура. 20 години за портфолио во коe се запишани соработки со светски познати имиња, но и еминентни имиња од Балканот и, секако, дел од домашната музичка елита.
Овогодинешното издание на С.О.С. фестивалот е закажано на 15 јуни, со почеток во 20:00 часот, на Ракометно игралиште во Битола, и тоа ќе биде своевидно музичко патување низ времето и уживање во хитовите на Забрањено пушење – „Зеница блуз“, „Хаџија или бос“, „Гузоњин син“, „Памтим то као да је било данас“, „Можеш имат моје тијело“… ќе имате можност да го чуете и „Најдоброто од Игор Џамбазов“ придружуван од неговиот Гуру Харе со својот бенд. Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, „Во бестрага“, на материјалот од новиот албум „Првите триесет“, како и анегдоти од над 30-годишната кариера.
Забава
Хороскопски знаци кои го пикаат носот секаде: ги интересира се и повеќе отколку што треба
Хороскопските знаци кои го пикаат носот насекаде се оние кои се обидуваат да дознаат за работи кои апсолутно не ги засегаат.
Хороскопските озборувачи се и хороскопските знаци кои сакаат да знаат сè и ништо не им бега. Тие се многу љубопитни и имаат тенденција да го пикаат носот дури и во ситуации кои не се нивна работа, или поради озборувања или затоа што само сакаат да ги имаат сите информации и да бидат разузнавачка служба која може да има контрола над сите.
Хороскопски знаци кои го пикаат носот насекаде
Близнаци
Ова е знакот што прво на сите им паѓа на ум. Тие се луди по озборувања и сакаат да знаат сè. Ништо не им бега и лесно ќе научат сè за никого. Дури и тој да разговара со вас, а некои други да зборуваат малку подалеку, тие сигурно со едно уво слушаат што се случува. Близнаците извршуваат повеќе задачи и можат многу работи одеднаш.
Шкорпија
Вторите на листата дефинитивно се Шкорпиите и тоа не е случајно. Тие делумно гледаат на озборувањата како на антишпионска алатка. Колку повеќе знаат, толку е полесно да се заштитат. Тие ве имаат во свои раце и можат да го искористат она што го знаат за вас во секое време против вас. Таа го слуша секој разговор, набљудува и надгледува сè и тешко ќе го скриете она што таа сака да го знае.
Бик
Ова е можеби изненадувачки бидејќи никој не очекува Бикот на оваа листа. Можеби изгледаат сериозно и одмерено, но треба да знаете дека се што ги интересира се тајните озборувања. Претставниците на овој знак сакаат да се мешаат во се, полни се со сомнеж и не веруваат никому. Во сè се многу слични на Шкорпијата. Иако овие знаци се хороскопски спротивни, тие имаат некои заеднички елементи како одмаздата која се сервира ладна.
Hitech
(Видео) 7 милиони прегледи: Мајкрософт објави снимка со вештачка интелигенција на Мона Лиза како рапува
Мајкрософт ја претстави новата технологија за вештачка интелигенција наречена VASA-1, која може да комбинира фотографија и аудио клип и да генерира реални видеа.
Тие ја претставија новата технологија со видео на кое Мона Лиза рапува на песната Папараци, но ова не е хит на Лејди Гага, туку рап песна што Ен Хатавеј ја напиша и изведе во ток-шоуто на Конан О’Брајан во 2011 година.
Microsoft just dropped VASA-1.
This AI can make single image sing and talk from audio reference expressively. Similar to EMO from Alibaba
10 wild examples:
1. Mona Lisa rapping Paparazzi pic.twitter.com/LSGF3mMVnD
— Min Choi (@minchoi) April 18, 2024
Видеото набрзо стана вирално и беше прегледано повеќе од 7,1 милиони пати на само еден профил на „Икс“.
„Ова е толку смешно, плачев од смеење“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“, „Кога би можел Да Винчи да го види ова“, се дел од коментарите.