Забава
Во злогласен амстердамски бордел се отвора музеј

Своевремено еден од најексклузивните машки клубови во Амстердам озлогласениот бордел „Yab Yum“ во сабота ќе биде отворен како музеј и неговите посетители ќе може да ги разгледаат сите тајни на најпознатата јавна куќа во Холандија.
За јавноста ќе бидат отворени местата во коишто посетителите претходно немале пристап, како што се собите во коишто девојките се пресоблекувале или кујната преполна со кавијар и шампањ.
Клубот „Yab Yum“ во 1976 година го отворил Холанѓанецот Тео Хеуфт во куќа крај каналот Сингел и посетителите главно биле странци, меѓутоа доаѓале и Холанѓани од амстердамското подземје.
Влезницата пред крајот на работењето на овој локал изнесувала 70 евра, што вклучувало само еден пијалак. „Дружењето“ со „работничките“ во клубот се плаќало 300 евра по час, меѓутоа корисникот на услугите морал покрај тоа да купи и шише скап шампањ. Вработените биле регрутирани најчесто меѓу студентките.
Неговиот сопственик подоцна се обидувал безуспешно да добие дозвола за отворање бордел и на амстердамскиот меѓународен аеродром.
Со овој клуб се поврзани многу скандали, како што е оној кога сопственикот на една холандска брокерска куќа редовно доаѓал до деловните информации одведувајќи ги своите деловни партнери во овој клуб, а многу деловни луѓе знаеле да ги честат холандските функционери во „Yab Yum“. Атмосферата не секогаш била мирна и пријатна, па клубот беше и мегдан на вооружена пресметка на наркобосовите, но тој случај никогаш не е пријавен во полицијата.
Хеуфт ексклузивниот клуб му го продал на еден од водачите на организираниот криминал Хени Витали, роднина не еден од лидерите на бандата Пеколните ангели., Хеуфт подоцна изјави дека се одлучил да го продаде борделот откако добил закани од сега ликвидираните мафијаши Сем Клепер и Џон Миеремет, според тврдењата на холандските власти тој оваа недвижнина којашто била проценета на 9 милиони евра ја продал за само 1,8 милиони евра. Општинските власти на Амстердам се посомневале дека во борделот се одвивале валкани работи и го затворија во 2008 година.
Откако подолго време стоеше празен, објект го купи Крис Краијпоел кој во него сакал повторно да отвори бордел. Дозволата за оваа дејност не му била издадена, бидејќи постоеле сомневања дека е вмешан во криминални активности, па одлучил поранешниот бордел да го претвори во музеј за оваа „дејност“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Сонуван дом, реална добивка – „Доме, сладок доме!“

Секој нов дом почнува со еден сладок сон, а понекогаш и со само еден лоз. Државна лотарија со гордост го претставува инстант лозот „Доме, сладок доме“, кој нуди шанси за парични добивки и можност да се оствари еден од најголемите животни соништа – сопствен дом во Скопје.
Со цена од само 100 денари, секој има шанса да го предизвика сопствениот момент на среќа. Играта е едноставна и брза: се гребат трите добитни броеви и потоа сите 15 полиња на лозот. Доколку еден од твоите броеви се совпадне со некој од добитните броеви, лозот е добитен. Под сјајната површина можеби се крие токму клучот до твојот нов дом.
Главната добивка е стан во нов, модерен станбен комплекс во општина Аеродром, една од најпосакуваните урбани локации во Скопје. Освен становите, лозот нуди и многубројни парични добивки во вредност од 100 до 100.000 денари, што дополнително ја зголемува возбудата.
Во продажба е втората серија од инстант лозот „Доме сладок доме“, а досега од двете серии на оваа инстант игра, веќе има среќни добитници што го остварија својот сон. Луѓе од различни делови на државата, Скопје, Штип, Битола, Кавадарци, Тетово, Кичево, Преспа и Ресен веќе се вселени во своите нови станови. Приказните потврдуваат дека среќата најчесто доаѓа кога најмалку ја очекуваме.
За некого „Доме, сладок доме“ значеше конечно свој кров над глава. За друг, подарок за дете или блиски. Ова не е само игра. Туку вистинска животна шанса, да се почувствува сигурност, стабилност и да се направи голем чекор напред.
Лозот може да се купи на сите продажни места на Државна лотарија низ државата. Ве потсетуваме дека игрите на среќа се форма на забава и треба да се игра одговорно.
(ПР)
Забава
Џон Крајер откри колку заработувал во „Два и пол мажи“

Актерот Џон Крајер, кој го играше ликот на Алан, изјави дека неговата плата во хит-серијата „Два и пол мажи“ била далеку помала од онаа на Чарли Шин.
Додека Шин добивал речиси 2 милиони долари по епизода во последната година пред отказот во 2011, Крајер земал околу една третина од таа сума. Неговата заработка пораснала на 620.000 долари дури по заминувањето на Шин, кога во серијата се приклучи Ештон Кучер.
Откритието стана актуелно преку новиот документарец на „Нетфликс“ „aka Charlie Sheen“, кој ги прикажува бурната кариера и приватниот живот на Шин. Во документарецот Крајер го споредува Шин со диктаторот Ким Џонг-II, поради тоа што, како што вели, неговото „лудо однесување“ му носело се поголеми хонорари.
Се спомнуваат и анегдоти од снимањата, како и изјави од блиски луѓе на Шин, меѓу кои и поранешната сопруга Дениз Ричардс.
Забава
Познат готвач уапсен за три банкарски грабежи во еден ден

Полицијата во Сан Франциско го уапси 62-годишниот готвач Валентино Лучин, осомничен дека истиот ден ограбил три банки во централниот дел на градот. Според извештаите, тој на банкарите им давал ливче со закана да му дадат пари и секојпат успевал да избега со готовина.
Лучин е идентификуван со помош на дојави и приведен без инциденти. Неговата кауција е одредена на 200.000 долари.
Ова не е првпат тој да се соочи со вакви обвиненија – во 2018 година признал грабеж на банка во Калифорнија кога украл над 15.000 долари.
Лучин бил ценет готвач, познат по италијанската кујна и менаџирање ресторани.