Забава
Филмаџија верува дека партитура крие тајна за нацистичкото злато
Холандски режисер верува дека тајната на исчезнатото нацистичко злато се партитурата Marsch Impromptu, пишува магазинот Der Spiegel кој потсетува дека златото исчезнало последните денови од нацистичка Германија и дека со децении останува нерешена мистерија.
Режисерот Леон Гиесен ги проучувал старите записи на партитурата Marsch Impromptu ба композиторот Готфрид Федерлејн и верува дека во нов е запишан клучот до озлогласеното злато којшто го вметнал Мартин Борман личниот секретар на нацистичкиот челник Адоф Хитлер.
За него се особено симптоматични зборовите вметнати во партитурата „каде што Матеј ги влечеше сатенските конци“, што според Der Spiegel Online, се однесува на Митенвлад, град во Германија познат по традицијата на изработка на виолини.
Според Гиесен, таа партитура содржи шематски дијаграм на железничките шини коишто минувале низ градот на почетокот од 1940-те, а зборовите „крајот на танцот“ значи дека богатството може да се наоѓа на местото каде што некогаш стоеле железничките браници.
Оваа теорија првпат ја пласираше холандскиот писател Карл Хамер Каатее минатата 2012 година кога ја објави скенираната партитура стара со децении. Самата музика нема ништо исклучително, но писателот состави белешки за разоткривање на мистеријата. Според него, Борман во последните денови од Втората светска војна го искористил Marsch-Impromptu за да ја сокрие тајната локација на којашто е сокриено богатството коешто се состои од 100 златни прачки и колекцијата на дијаманти на Хитлер позната како „Солзите на волкот“. Фирерот, наводон имал намера документот да му биде предаден на секретарот на Националсоцијалистичката партија Франц Ксавер Шварц во Минхен, но наместо тоа Шварц бил уапсен.
Работејќи одделно од писателот Каатее, режисерот Гиесен собираше донации преку интернет за започнување на потрагата во Митенвалд. Првичните дупчења наводно биле успешни, копачите наишле на „невообичаени“ метали, вели Гиесен за магазинот.
Инаку Карл Хамер Каатее е познат по книгата што ја објави во 2006 година „Satan’s Song“ во којашто е наводно поместена фикциската верзија на вистинската приказна на потрагата на американската разузнавачка агенција CIA по доказите за постоењето на Исус Христос./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Еден тивок симптом може да открие дека сте емоционално исцрпени
Ако дури и наједноставните утрински одлуки, како што е изборот на облека, одеднаш ви станат премногу тешки, ова може да биде знак на емоционална исцрпеност, предупредува психологот Џули Смит. Тоа е состојба која често погрешно се припишува на секојдневниот стрес, иако може да биде ран индикатор за прегорување на работа.
Д-р Смит, која води приватна ординација во Хемпшир, Англија и има милиони следбеници на социјалните медиуми, истакнува дека емоционалната исцрпеност не е дијагноза, туку предупредувачки сигнал дека лицето се приближува до границата на издржливоста.
Таа го опишува како чувство на тежина и непријатност што се јавува уште наутро, кога задачите што биле извршени претходно автоматски стануваат исцрпувачки. Исто така, често има пад на концентрацијата, што го отежнува донесувањето дури и на најмалите одлуки.
Емоционалната исцрпеност е често првиот чекор кон прегорување, состојба на физичка, ментална и емоционална исцрпеност што е препознаена од Светската здравствена организација.
Во оваа фаза, вели психологот, луѓето сè повеќе ги избегнуваат обврските, ги одложуваат задачите и чувствуваат силен нагон да избегаат од секојдневниот живот. Обврските се натрупуваат, а во исто време постои потреба да се пригушат емоциите, што може да се манифестира преку прејадување, консумирање алкохол или други супстанции.
Д-р Смит го споредува стресот со мастило што полека се шири низ аквариум – стресорите се постојано присутни и постепено го заматуваат целиот систем. Иако ситуацијата може да изгледа подобра за време на одмор, враќањето во истите околности честопати го враќа истото чувство на исцрпеност. Затоа, предупредува таа, не е доволно да се направи пауза, туку е потребно да се преиспита што е неодржливо на долг рок.
Таа нагласува дека одреден стрес може да се намали со прилагодувања, особено кога доаѓа од претерано високи стандарди што луѓето си ги наметнуваат себеси. Таа советува прво да се адресираат помалите, управливи извори на стрес за да се намали вкупниот товар.
Долгорочниот стрес може да има сериозни здравствени последици, вклучувајќи зголемен ризик од срцеви заболувања, зголемување на телесната тежина и нарушувања поврзани со дебелината. Меѓу најчестите физички симптоми се болка во градите, главоболки и болки во мускулите, кои се поврзани со зголемено лачење на стрес хормони како што се кортизол и адреналин.
Експертите предупредуваат дека емоционалната исцрпеност сè уште често е минимизирана или погрешно протолкувана, поради што луѓето се двоумат да побараат помош. Сепак, тие нагласуваат дека ова не се минливи состојби, туку реални искуства кои бараат сериозен пристап. Доколку се препознае на време, закрепнувањето е можно и многу побрзо.
фото/Depositphotos
Забава
Џим Кертис објави фотографии со Џенифер Анистон за нејзиниот 57-ми роденден
Џенифер Анистон доби честитка за роденден од своето момче Џим Кертис. Ѕвездата од „Пријатели“ го прослави својот 57-ми роденден во среда, на 11 февруари, а Кертис ѝ посвети емотивна објава на Инстаграм.
Кертис, хипнотерапевт и експерт за здравје и благосостојба, објави две фотографии со актерката. На првата, тие позираат прегрнати и насмеани на палубата на брод, а на втората се бакнуваат. „Среќен роденден, љубов моја ❤️“, напиша тој покрај фотографиите.
Тие ја потврдија својата врска во ноември минатата година, кога Анистон објави фотографија со Кертис на неговиот роденден. „Среќен роденден, љубов моја ❤️“, напиша таа тогаш.
Кертис, автор на „Книгата на можностите“, неодамна зборуваше за својата врска со добитничката на Еми за време на гостувањето во шоуто „Today“ на 26 јануари. Тој рече дека се запознале преку заеднички пријатели.
„Сфативме дека имаме заеднички пријатели и едноставно почнавме да разговараме“, рече 50-годишниот Кертис, додавајќи дека се заедно „речиси една година“.
Забава
Блејк Лајвли и Џастин Балдони го напуштија судот без спогодба по шест часа
Блејк Лајвли и Џастин Балдони не успеаја да постигнат спогодба во нивниот правен спор. Ѕвездите на „It ends with us“ поминаа шест часа во задолжителното помирување во федералниот суд во Њујорк во среда, 11 февруари, но не беше постигнат договор, објави „Пипл“.
Адвокатот на Балдони, Брајан Фридман, им рече на новинарите пред судницата дека нема спогодба. На прашањето дали верува дека случајот ќе оди на суд, тој рече: „Верувам дека ќе оди. Подготвени сме“.
Се очекува разговорите за спогодба да продолжат, но сè уште не е објавен нов датум.
Лајвли, 38, и Балдони, 42, го напуштија судот одделно и без коментар. „Постапката продолжува“, им рече Фридман на собраните новинари.
Тој додаде дека е „многу оптимист“ за исходот за својот клиент, но дека „секогаш постои шанса“ за спогодба. „Ќе видиме“, заклучи тој.

