Контакт

Забава

Се продава највредниот розов дијамант

Објавено пред

Аукциската куќа Sotheby’s во средата го презентираше за јавноста 59,60 каратниот интензивно розов дијамант кој ќе биде понуден на наддавање во Женева коешто ќе се одржи во ноември а почетната цена ќе биде 49 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

„Розовата ѕвезда“, беспрекорен топчест розов дијамант така би требало да стане највредниот дијамант кога и да е понуден на аукција, соопштија од Sotheby’s.

„Имав чест да го прегледам еден од најголемите дијаманти на светот во последните 35 години и можам без двоумење дека Розовата ѕвезда е дијамант од огромна важност“, вели Дејвид Бенет раководителот за скапоцени камења на Sotheby’s.

„Тешко е да се претера во тоа колку се ретки розовите дијаманти од само пет карати, па овој камен 59,60 карати е надвор од сите категории“, додал Бенет дека Розовата ѕвезда припаѓа во „редот на најголемите природни богатства на Земјата“.

Дијамантот кој оригинално тежел 132,5 карати е ископан во рудникот на „Де Бирс“ во Африка во 1999 година и биле потребни повеќе години режење, брусење и полирање за да го добие сегашниот облик. На јавноста првпат и’ беше претставен во 2003 година, а беше продаден во 2007 година. Тогашната продажна цена, како и името на сопственикот никогаш не беа објавени.

Обоените скапоцени камења, на кои отпаѓаат 0,01 отсто од ископаните дијаманти, доминираат според цените на пазарот на накити и драгоцени камења. Нивните посебности и естетскиот изглед предизвикуваат рекордни цени на наддавањата, како што е на пример 24,78-каратниот дијамант Fancy Intense Pink за кој на аукцијата во ноември 2010 година во Женева, лондонската јувелирница „Graff“ плати рекордни 45,6 милиони американски долари.

Се смета дека пазарот на обоени камења е силен поради нивната реткост, како и дека луѓето ги купуваат поради инвестициски цели, како инвестиција од она што се случува на другите пазари./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Ова е најпопуларната верверица на „Тик-ток“

Објавено пред

Корисник на социјалната мрежа „Тик-ток“ сподели видео на кое се гледа како храни верверица и видеото досега собра над 280 милиони прегледи и 35 милиони лајкови.

dobivaj vesti na viber

„Сквиши, здраво, Сквиши“, може да се слушне како ја повикува верверицата, која трча кон него веднаш штом го слушне. „Наполни си ги образите, Сквиши“, ѝ вели тој на верверицата додека јаде.

„Сега знаеме кој победи на натпреварот „Чаби бани“, „Прекрасно“,„Леле, колку е слатка“, „Ги сакам тие обравчиња“, „Неверојатно е колку може да стави во својата мала уста“, „Оваа верверица го живее својот живот“, „Кажи ѝ на Сквиши дека ја сакам“, се само дел од коментарите.

@chipmunksoftiktok My beautiful Betty its time to fill the cheeks #fyp #cuteanimals #cute #chipmunks #betty ♬ original sound – Chipmunks of TikTok

Прикажи повеќе...

Забава

Илон Маск не го купува „Манчестер јунајтед“, вели дека тоа било шега

Објавено пред

Илон Маск појасни дека се шегувал откако на Твитер објави дека ќе го купи фудбалскиот клуб „Манчестер јунајтед“.

dobivaj vesti na viber

Милијардерот претприемач го најави купувањето во краток твит во вторникот, иако на многумина не им беше јасно дали неговата изјава е шега.

51-годишниот Маск им твитна на своите 103 милиони следачи: „Да бидам јасен, ја поддржувам левата половина на Републиканската партија и десната половина на Демократската партија!“

Тој додаде: „Исто така, го купувам Манчестер јунајтед, добредојде“.

Објавата брзо привлече големо внимание, добивајќи речиси 40.000 ретвитови и над 200.000 лајкови за неколку часа.

Ова доаѓа по тужбата на компанијата „Твитер“ против основачот на „Тесла“, откако тој се повлече од договорот вреден 44 милијарди долари за купување на платформата.

Минатата недела беше откриено дека Маск продал речиси седум милијарди долари акции во „Тесла“ пред правната битка, која треба да започне во октомври.

Прикажи повеќе...

Забава

Мадона го прослави 64. роденден во голем стил

Објавено пред

Мадона во вторникот со стил го прослави својот 64. роденден  со раскошна забава во Сицилија, Италија, во палата од 18 век, и очекувано дотерана.

dobivaj vesti na viber

„Д’ матиријал грл“ беше облечена во макси фустан на „Долче и Габана“ со сино-бел принт и отворен грб, соодветни обувки на платформа, морнарски сламен шешир и дијамантски накит.

„Пејџ сикс“ дури и се потруди да ја најде цената на фустанот – 2.911 долари и на сандалите – 1.095 долари.

Роденденската девојка не беше единствената во „Долче“. Нејзините деветгодишни ќерки близначки, Естере и Стела, ѝ одговараа на мајка си во детски верзии (925 долари), во комбинација со чанти (925 долари) и патики (545 долари).

Кралицата на попот сподели фотографии од девојчињата и од себе, заедно со други снимки од вечерта. Најубавите моменти се појавија на нејзините Инстаграм-сторис, а подоцна и насловните страници на таблоидите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Не е пријатно, но провокации имало секогаш, рече Маричиќ за исвиркувањето на македонскиот јазик на забавата за Рамковниот договор

На вицепремиерот Бојан Маричиќ не му било пријатно кога чул како група граѓани на прославата за Рамковниот договор ја исвиркаа...

Македонија1 час

Таравари бара формирање техничка влада

Потпреседателот на Алијанса за Албаниците и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари бара итно формирање на техничка влада. Во објава на...

Македонија2 часа

Каде и да сме, мора да бидеме горди дека сме родени во Македонија, порача Стојменова, која стана министерка во словенечката влада

Емилија Стојменова Дух, доктор на науки и вонредна професорка на Електротехничкиот факултет во Љубљана, од неодамна е министерка за дигитализација...

Македонија2 часа

Деветнаесет пожарникари се справувале синоќа со штетите од невремето кое го погоди Неготино

Тринаесет пожарникари со 3 противпожарни возила од ТППЕ Неготино и 6 пожарникари со 2ПП возило и 2 пумпи за испумпување...

Свет3 часа

Шолц: Војната е на Путин, а не на рускиот народ

„Граѓаните на Русија не ја почнаа војната, но мора јасно да кажеме дека ја поддржуваат“, изјави во понеделникот вечерта финската...

Европа3 часа

(Видео) Шумски пожар зафати патнички воз во Шпанија, патниците скокале од вагонот, повеќе од 20 луѓе се повредени

Повеќе од 20 патници се здобиле со изгореници откако скокнале од воз кој бил зафатен од шумски пожар во близина...

Свет4 часа

Жена од Саудиска Арабија е осудена на 34 години затвор поради користење Твитер

Салма ал Шебаб (34) е осудена на 34 години затвор бидејќи користела Твитер за да ги следи неистомислениците и активистите,...

Свет4 часа

Алигатор убил жена откако не сакајќи паднала во езеро додека работела

88-годишна жена е убиена од алигатор откако случајно паднала во езеро додека работела во градината на заедница на постари лица,...

Свет4 часа

Северна Кореја лансираше две крстосувачки ракети

Денеска Северна Кореја најверојатно тестирала две крстосувачки ракети кон Жолтото Море, изјави јужнокорејски воен претставник, а пренесува „Јонхап“. Лансирањето се...

Свет4 часа

Бајден го потпиша Законот за климата вреден 430 милијарди долари

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја потпиша сметката од 430 милијарди долари, која се смета за најголем пакет климатски мерки во...

Македонија17 часа

(Видео) Невреме во Неготино – паднати дрвја, бандери, поплавени дуќани и автомобили

Големото невреме кое денеска го зафати Неготино зад себе остави паднати дрвја, бандери, поплавени дуќани и автомобили. Силниот ветер носел...

Топ18 часа

Скопјанка киднапирала бебе во ГТЦ и со такси го однела во Ѓорче Петров

Денеска полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот...

Македонија21 час

Вилма Русковска е суспендирана, дисциплинска за уште две обвинителки

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска добила решение за суспензија.  Според информации на „Макфакс“, одлуката е...

Македонија23 часа

Обвинителството ќе го испитува регистрирањето на бугарските здруженија во Македонија

Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата...

Македонија23 часа

ВМРО-НП: Тие што гласно се чудат да се прашаат зошто некој манипулирал и ги учел со лажни податоци

ВМРО-Народна партија го поздравува напредокот на двете историски комисии како чин на позитивниот пат на Северна Македонија кон Евро-атланската интеграција....

Економија23 часа

Од септември мерки за штедење на струја, државните институции ќе мора да ги намалат сметките за 15 отсто

Државните институции од септември ќе мора да ги намалат сметките за електрична енергија за 15 отсто во однос на истиот...

Македонија23 часа

Регистрирани 590 нови случаи на коронавирус, починаа 2 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.593 тестови,...

Македонија1 ден

Бугарските историчари прогласија победа: „Ќе продолжиме да ги браниме позициите и за јазикот, браќата Миладиновци и Гоце Делчев“

Двегодишната битка за одбрана на позицијата на Бугарија во историските спорови со Северна Македонија ја достигна првата победа. Ова се...

Регион1 ден

Ќе требаат нови операции за децата повредени во автобуската несреќа во Бугарија

Двете повредени деца, кои вчера од Стара Загора беа пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија, сè уште се во тешка...

Македонија1 ден

Демократски сојуз: Грешки со историски димензии

Демократскиот сојуз предупредува на процес на сечење на македонските корени преку заедничката комисија за историски и образовни прашања, со што...