Забава
Фотоапарат Leica од 1932-та продаден за 620 илјади долари
Анонимен Азиец платил на наддавање во Хонгконг 620 илјади американски долари за еден од само четирите примероци на светот од фотоапарат од моделот „Leicа Luxus II“ од 1932 година, објави аукциската куќа Bonhams во саботата којашто ја организираше аукцијата на стари фото апарати.
Не е позната судбината на преостанатите примероци од моделот „Leicа Luxus II“ обложен со злато и во футрола од крокодилска кожа.
Друг фотоапарат „Leicа“ од моделот „Luxus I“ е 1930 година е продаден во саботата за истата цена, што според аукциската куќа укажува на сѐ поголемото интересирање во Азија за постарата и луксузна фотографска опрема.
Фотоапаратите од „Leica“ се доста цените во колекционерските кругови и редовно на наддавањата постигнуваат рекордни цени. Така, цената постигната во Хонгконг, сепак, не е ниту одблизу до цените што ги постигнаа некои други модели. Така во мај 2013 година фотоапаратот „Leicа 250 Reporter“ од 1933 година кој беше проценет на 60 илјади евра беше продаден за 528 илјади евра или над 720 илјади американски долари, како и моделот Leica Illf од 1956 година, специјално дизајниран за шведската армија.
Во мај 2012 година, исто така, на аукција организирана од виенската галерија Westlicht беше продаден фотоапаратот „Leica“, серија 0 број 116 од 1923 година кој достигна цена од 1,8 милиони евра, односно со даночните давачки од 2,16 милиони евра или повеќе од 2,8 милиони долари, а исто така купувачот беше анонимен колекционер од Азија. Станува збор за фотоапарат од серијата од 25 прототипови направени во 1923 година, две години пред оваа прославен германска фирма да почне со комерцијалното производство.
Претходната рекордна цена на фотопарат беше постигната во 2011 година, кога апаратот „Leica“ серија 0 број 117 беше продаден за вкупно 1,32 милиони евра.
Во светот постојат уште 12 од овие 25 прототипови на „Leica“.
До 2010 година рекорд за фотоапарат го држеше дагеротип од 1839 година со потпис на неговиот пронаоѓач, кој лани на аукцијата беше продаден за 732 илјади евра/крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Генијален трик со кибрити ќе ја спаси секоја билка што вене
Ставањето кибрити во саксија можеби ви звучи како суеверие, но зад овој трик стои и наука. Со негова помош можете да одгледувате поздрави растенија кои побрзо ќе цветаат и ќе даваат плодови.
Доколку вашите билки и собни растенија не напредуваат, иако имаат доволно светлина и топлина, причината може да биде недостиг на есенцијални минерали во почвата или присуство на штетници.
Поставувањето кибрити во земјата околу растенијата во саксии создава средина што ги одбива штетниците, а истовремено ги „храни“ растенијата со неопходни минерали.
Кибритите содржат фосфорен сесквисулфид, калиум-хлорид и мали количини магнезиум и железни оксиди. Некои видови содржат и црвен фосфор.
Сулфурот во кибритите помага во борбата против штетници без употреба на хемикалии штетни за луѓето, додека калиум-хлоридот и црвениот фосфор делуваат како дезинфициенс и природен пестицид и се сметаат за безбедни за употреба, наведува „Ask Prepper“.
Често е тешко да се одреди точната количина ѓубриво за растенијата. Тие најдобро напредуваат со почести и помали дози, што бара редовна рутина.
Растенија како бамја, модар патлиџан и пиперки се особено зависни од хранливите материи во почвата, но и чувствителни на нивната рамнотежа. Прекумерна количина азот од хемиски ѓубрива може да доведе до буен раст на листови, но без цветови и плодови.
Користењето кибрити како природно ѓубриво ги елиминира овие проблеми. Со редовно наводнување, влагата постепено ги раствора главите на кибритите, ослободувајќи сулфур, фосфор и магнезиум, кои ги хранат растенијата.
Фосфорот и фосфорниот сесквисулфид го поттикнуваат развојот на пупки. Доволно е да забодете 10 до 20 кибрити во земјата, така што главите да бидат добро закопани. Најдобро е тие да се постават на половина растојание меѓу работ на саксијата и стеблото. Не ги ставајте премногу блиску до стеблото за да не го оштетите коренот.
pexels
Забава
Застани и погледни каде си: хороскоп за последните денови од 2025
Последните денови од 2025 година не носат големи ветувања, туку тивка, но силна порака – застанете и погледнете каде сте. Ова е период на затворање циклуси, внатрешни пресметки и свесно отпуштање на сè што ве исцрпува. Малите одлуки сега имаат долгорочно влијание.
Ова не е време за пасивно чекање, туку за активна лична одговорност, јасност и искреност кон себе.
Овен – Успорување и поставување граници. Помалку обврски значат повеќе енергија.
Бик – Вредности и пари. Крај на трошоци и односи што не ве почитуваат.
Близнаци – Комуникација. Искрен разговор носи олеснување.
Рак – Емоционален баланс. Учите да не ги носите туѓите грижи.
Лав – Идентитет. Престанувате да се докажувате – суштината останува.
Девица – Здравје и рутина. Мали промени носат брзи резултати.
Вага – Односи. Бирате мир и стабилност, не компромис по секоја цена.
Шкорпија – Контрола. Ослободувањето носи вистинска сила.
Стрелец – Насока. Ги преиспитувате целите и правите искрен избор.
Јарец – Одговорност кон себе. Балансот станува подеднакво важен како и обврските.
Водолија – Иднина и планови. Идеите сега стануваат темел за 2026.
Риби – Внатрешен глас. Интуицијата води – тишината носи одговори.
Забава
„Зooтопија 2“ стана најпрофитабилен холивудски филм за 2025 година
Вториот дел од приказната на неочекуваното дуо, „Зоотопија 2“, е официјално најпрофитабилниот холивудски филм за оваа година.
Анимираното продолжение на Дизни , преполно со животински ликови, веќе достигна импресивни 1,13 милијарди долари светски приходи само 20 дена по премиерата, победувајќи го римејкот на „Лило и бод“, кој заврши со 1,03 милијарди долари.
Сепак, надвор од Асоцијацијата на филмски уметници, кинескиот анимиран блокбастер „Не Жа 2“ останува најголемата заработка во 2025 година со огромни 1,9 милијарди долари.
depositphotos

