Забава
Милионитата Lieca продадена за 840 илјади евра
Милионитиот произведен фотоапарата од германскиот производител „Leicа“ моделот „M3 Chrome“ е продан за 840 илјади евра на аукцијата на виенската галерија Westlicht, на наддавањето организирано преку викендот по подови стогодишнината од основањето на германската компанија „Leica“ во 1913 година.
Апаратот од моделот „M3 Chrome“ произведен од 1960 година беше во сопственост на музејот „Leica“. Пред наддавањето беше проценет на вредност меѓу 400 и 500 илјади евра, а името на купувачот останува непознато.
На неделната продажба, апаратот од моделот „Lieca Ill f“ од 1950 година кој го има бројот на производство „500.000“ е продаден за 360 илјади евра, а беше проценет меѓу 200 и 250 илјади евра.
Неименуван купувач на истата аукција во ораганизација на виенската галерија Westlicht, во светот, позната како организатор на аукции на скапи фотографии на светски познати фотографи, како и историски парчиња од фотографска опрема, е новиот сопственик на фотоапаратот од моделот „Leica 1 Mod. C Luxus“ од 1930 година, и тоа за 504 илјади евра, што е трипати повеќе од првично предвидената цена.
Меѓу историските фотоапарати кои беа понудени на аукцијата во Виена, апаратот од 1842 година кој му припаѓал на францускиот инженер Шарл Шевалје е продаден за 132 илјади евра.
Галеријата Westlicht истовремено организираше и аукција на фотографии. Така, серијата од 114 фотографии „Автопортрети: САД“ на американскиот фотограф Дејвид Даглас Данкан е продадена за 144 илјади евра.
Фотоапаратите на „Leica“ се водечките на аукциите на фотографска опрема во сите наддавања последните години, како поради нивниот исклучителен квалитет, така и поради раритетноста и лускузноста. Така, викендов анонимен Азиец плати на наддавање на стари фотоапарати во организација на аукциската куќа Bonhams во Хонгконг – 620 илјади американски долари за еден од само четирите примероци на светот од фотоапарат од моделот „Leicа Luxus II“ од 1932 година. Но останува непозната судбината на преостанатите примероци од моделот „Leicа Luxus II“ обложен со злато и во футрола од крокодилска кожа.
Друг фотоапарат „Leicа“ од моделот „Luxus I“ е 1930 година е продаден во саботата за истата цена, што според аукциската куќа укажува на сѐ поголемото интересирање во Азија за постарата и луксузна фотографска опрема.
Фотоапаратите од „Leica“ се доста цените во колекционерските кругови и редовно на наддавањата постигнуваат рекордни цени. Така, цената постигната во Хонгконг, сепак, не е ниту одблизу до цените што ги постигнаа некои други модели. Така, во мај 2013 година фотоапаратот „Leicа 250 Reporter“ од 1933 година кој беше проценет на 60 илјади евра беше продаден за 528 илјади евра или над 720 илјади американски долари, како и моделот Leica Illf од 1956 година, специјално дизајниран за шведската армија.
Во мај 2012 година, исто така, на аукција организирана од виенската галерија Westlicht беше продаден фотоапаратот „Leica“, серија 0 број 116 од 1923 година кој достигна цена од 1,8 милиони евра, односно со даночните давачки од 2,16 милиони евра или повеќе од 2,8 милиони долари, а исто така купувачот беше анонимен колекционер од Азија. Станува збор за фотоапарат од серијата од 25 прототипови направени во 1923 година, две години пред оваа прославен германска фирма да почне со комерцијалното производство.
Претходната рекордна цена на фотопарат беше постигната во 2011 година, кога апаратот „Leica“ серија 0 број 117 беше продаден за вкупно 1,32 милиони евра. Во светот постојат уште 12 од овие 25 прототипови на „Leica“.
До 2010 година рекорд за фотоапарат го држеше дагеротип од 1839 година со потпис на неговиот пронаоѓач, кој на аукцијата беше продаден за 732 илјади евра/крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.

