Забава
Препреден четириножен крадец ‘уапсен' во САД
Управителка на продавница во местото Клинтон во јужна Калифорнија се изненадила кога обидувајќи се со помош на безбедносните камери да открие кој ја поткраднува, открила дека крадецот е домашното милениче на нејзина сограѓанка.
Како што покажуваа снимките од безбедносните камери, песот стрпливо чекал пред врата да ја отвори некој од купците, потоа ќе се протнел, ќе зграпчел вреќичка со храна за куќиња, како сушени свински уши или говедски коски, и ќе истрчал надвор од продавницата. Пленот го носел во блискиот сервис за миење коли и го закопувал во дупки кои претходно ги ископувал.
Локалната полиција сосема сериозно составила записник за серијата кражби и како идентитет на осомничениот навела „голем пес хаска“, а како вид на пријавениот инцидент запишала „пес – џепчија“. На Хали Дарден, сопственичката на песот по име Като, за кој вели дека често бега од синџирот за водење, полицајците ѝ соопштиле дека тоа било најдоброто апсење во нивните кариери.
Управителката на продавницата, според полицискиот записник, решила да не подигнува тужба против Като, а тоа нема да го стори ниту полицијата, иако наведува дека станува збор за „рецидивист“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Британец одбил интервју за работа – не сакал да го интервјуира вештачка интелигенција
Британскиот комичар и писател Ричард Стот одбил интервју за позиција копирајтер кога дознал дека разговорот ќе го води вештачка интелигенција, а не човек. Според него, тоа е непочитување кон кандидатите, па ја повлекол пријавата – што поттикна широка дебата за улогата на вештачката интелигенција (ВИ) во процесот на вработување, јави „Би-Би-Си“.
„Ако нивното време не вреди за разговор во живо, тогаш ни позицијата не вреди за моето,“ изјави Стот, додавајќи дека личноста и човечката интеракција се незаменливи.
Иако признава дека ВИ може да биде корисен за технички задачи, смета дека „интервјуто лице в лице е непроценливо“.
Стручњаците се согласуваат дека, иако компаниите се повеќе го користат ВИ во регрутацијата, „човечкиот елемент не може да се замени“, бидејќи робот не може да ја процени личноста и потенцијалот на кандидатот.
Забава
Мадона се мажи за момче 38 години помладо од неа: „Предбрачниот договор се подразбира“
Познатата пејачка Мадона (67) веќе некое време ужива во турбулентна љубовна врска со 38 години помладиот Акем Морис, а како што објавува „Радар онлајн“, двојката планира свадба.
Наводно, Морис ѝ предложила брак на Мадона во тајност и сега сите чекаат официјална потврда.
Пејачката не крие од своите најблиски колку е заљубена, и како што вели, „Морис ја прави самоуверена и среќна, никој никогаш не се однесувал така со неа“. Гласини за свршувачка се појавија и претходно кога обожавателите ја видоа со дијамантски прстен на раката, но Мадона во тоа време не потврди ништо.
Според изворот, свадбата би можела да се одржи во Италија или Португалија, а вљубениот пар сака интимна церемонија каде што ќе ги соберат само најблиските роднини и пријатели. Но, и покрај нивната голема љубов, тие ќе потпишат предбрачен договор.
„Секако, таа ќе потпише предбрачен договор. Акем нема забелешки на ова, тој веќе се согласил на сите клаузули за доверливост, така што нема конфликти по ова прашање“, изјавил извор близок до Мадона.
Двојката ужива во својата љубов од 2022 година, а познато е само дека во одреден момент ја ставиле својата врска на чекање, само за да се смират минатата година.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Тој има сопруга 34 години помлада од него, а ова е неговата тајна: „Само кога таа ми дозволува“
Познатиот актер Ричард Гир (76) во последните години ужива во семејниот живот со својата сопруга Алехандра Силва, далеку од рефлекторите, камерите и љубопитните папараци. Тој се пресели во Шпанија со сопругата и децата, а неодамна беше фатен на улиците на Њујорк во сосема обична облека, што јасно стави до знаење дека сè уште е неодолив шармер.
Неговиот брак со неговата сопруга, која е 34 години помлада од него, е исто така неодолив, а познатиот холивудски заводник ја откри тајната на нивниот успех. Тоа е секојдневна навика што му носи чувство на смиреност и среќа, а исто така и на неговата сопруга.
„Треба да ја бакнеш својата сопруга. Кога таа ми дозволува, се разбира, што не е секогаш“, се пошегува Гир во интервју за Hello!.

И овој пат имаше пофални зборови за својата подобра половина, наведувајќи дека таа го направила подобар родител.
„Таа е неверојатна мајка. Гледајќи ја, научив како да бидам подобар татко“, призна тој, а потоа откри дека чувствувал силна привлечност кон Алехандра од првиот ден и дека тоа било взаемно.
„Нашата карма се привлече во моментот кога се запознавме. Не ја игнорирам разликата во годините, но кога има толку силна енергија, проблемите исчезнуваат сами по себе“, верува Ричард Гир.

