Забава
Фан на серијата ‘Breaking Bad' правел наркотици во мешалка за цемент
Американец од Флорида кој победил на натпреварот за гледачите за што беше награден со дружење со екипата на популарната серија „Breaking Bad“, е обвинет за распространување на наркотици, а за производство на дрогите младиот маж користел мешалка за цемент, пренесе во четвртокот Associated Press.
Во септември минатата година кога беше емитувана последната епизода од серијата, 28-годишниот Рајан Ли Керол допатувал во Лос Анџелес каде што се дружеше со актерите. Во серијата се раскажува сторијата на еден професор по хемија, кој заедно со поранешен ученик започнува да произведува и дистрибуира метамфетамини.
Како што се испоставило, Керил се раководел во своите активности од еден познат афоризам, според кој животот треба да ја имитира уметноста. За време на претресот на неговиот дом, полицијата пронашла количество синтетичка марихуана во вредност од над од милиони долари, којашто ја распространувал по целата земја.
Според истрагата, Керол кој бил уапсен токму на новогодишната ноќ, ги произведува наркотиците во мешалката. Исто така, при претресот на домот на момчето биле најдени костими за хемиска заштита со потписи на актерите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Герасимовски и Викторија Лоба: Утре во Паркот на Франкофија музички хепенинг со најпознатите македонски музичари

Градоначалникот Горан Герасимовски и македонската музичарка Викторија Лоба ги покануваат сите граѓани кои викендов ќе бидат во Скопје да дојдат на големиот музички хепенинг што ќе се одржи во Паркот на Франкофонија. На овој музички хепенинг којшто ќе биде бесплатен за сите граѓани ќе настапат едни од најпознатите македонски изведувачи Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и групата „2 Бона“.
Музичарката Викторија Лоба истакнува дека концертот „Нешто што ќе остане“ ќе биде вистинска магија со многу музика, емоции и прекрасно друштво.
„Ја имам таа чест на 13 Септември да ве поканам во Паркот на франкофонија, во традиционална организација на Општина Центар, када ве чека голем концерт кој ќе биде вистинска магија и нешто што ќе остане. Со многу музика, емоции и прекрасно друштво под отворено небо ќе создадеме моменти кои ќе останат во нашите срца. Ве очекувам во Парк на франкофонија“, вели Лоба.
Герасимовски потенцира дека концертот веќе прерасна во традиција која ги обединува граѓаните.
„Ова е трет пат како ја организираме оваа манифестација и секој пат Паркот на Франкофонија е исполнет со прекрасна енергија, со скопјани, но и со гости од целата држава. Ве поканувам заедно да уживаме во добра музика и позитивна атмосфера, да создадеме убави спомени и да покажеме дека Центар знае да биде вистинска општина на културата“, истакнува Герасимовски.
Забава
Една од најбараните модели на денешницата планира да се пензионира

Една од најбараните модели на денешницата, Кендал Џенер, е ѕвездата на новата насловна страница на „Вог“.
Таа ја делеше насловната на познатото списание со својата колешка и долгогодишна пријателка Џиџи Хадид, и може да се каже дека двете убавици блескаа.
View this post on Instagram
Сепак, најголемо внимание на јавноста привлече Кендал и нејзината „контроверзна“ изјава. Имено, таа планира засекогаш да ја напушти модната писта, за да се посвети на дизајнот на ентериер.
„Се колнам, се откажувам од сè и само ќе дизајнирам ентериери на куќи. Не е шега“, рекла таа.
View this post on Instagram
Се чини дека рефлекторите повеќе не ѝ одговараат, а таа сака потивок живот за себе.
View this post on Instagram
„Го сакам просторот во Лос Анџелес, но го сакам и едноставниот живот. Обожавам да се будам секое утро и да облечам костим за капење или тренерка, без шминка. И обожавам да бидам слободна цел ден“, додаде таа.
View this post on Instagram
Животот и воспитувањето на Кендал беа во центарот на вниманието, а кога се појави во реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“ имаше само 11 години.
View this post on Instagram
Подоцна стана една од најплатените модели на новата генерација, а нејзиното „рано пензионирање“ може да го потресе светот на модата.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Џенифер Анистон прошета по улиците на Њујорк во модна комбинација која привлече многу внимание

Џенифер Анистон го освежи својот препознатлив имиџ со елегантно парче и беспрекорна модна комбинација која беше главна тема на разговор.
Сигурно ќе се согласите дека Џенифер Анистон изгледа подобро од кога било, бидејќи од неодамна е заљубена, а за прв пат призна на јавноста дека е „на седмо небо“. Нејзиниот партнер е и нејзин животен тренер, хипнотерапевтот Џим Кертис, кој очигледно е задолжен и за нејзиниот нов стил.
Можеби не е промена на стилот, но секако е неочекуван избор за саканата ѕвезда од „Пријатели“.
Таа се прошета по улиците на Њујорк во модна комбинација која привлече многу внимание; кратка црна јакна и виолетов асиметричен фустан кој е делумно транспарентен.
Елегантниот фустан го истакнува нејзиното деколте и очигледно е дека Џенифер го носи без градник, а кројот потсетува на 90-тите и актерката очигледно сакала токму ова парче да биде впечатливо на неа, па го комбинирала со помалку наметливи парчиња.
Таа носеше и минималистички сандали со ременчиња, а во раката имаше мала кожна чанта, во бојата што е најпопуларна оваа сезона.
Со овој беспрекорен моден избор, Џенифер Анистон покажа дека сè уште знае како да го освежи својот препознатлив долгогодишен стил и да си игра со модни парчиња што позитивно изненадуваат.
фото: принтскрин