Контакт

Забава

Возачите во БиХ на државата ѝ должат 50 млн евра

Објавено пред

Вкупниот долг на возачите коишто полицијата во Босна и Херцеговина ги казнила за сообраќајни прекршоци сѐ уште ѝ должат на државата 97,5 милион конвертибилни марки, или околу 50 милиони евра, а пијаните возачи коишто зачестено избегнуваат да ги платат казните должат околу 11,3 милиони евра, покажуваат податоците на Агенцијата за идентификација на документи

dobivaj vesti na viber

Најголемата поединечно изречена а неплатена казна за возење под влијание на алкохол изнесува 1.543 евра. Меѓутоа, уделот на прекршоците коишто ги сториле „веселите“ возачи всушност го прави помалиот дел во вкупниот број неплатени казни бидејќи полицијата начесто го казнува оние коишто возат со преголема брзина, па на чекање се најмногу токму такви казни.

На одговорните не им е јасно како е можно да се натрупаат казните кога на сила од почетокот на годинава е новиот систем според кој никој што не ја платил казната за сообраќаен прекршок не може да го регистрира возилото, ниту возачката и сообраќајната дозвола. Но очигледно дека возачите користат некои недостатоци во законот./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Евровизиските фанови се лути што една земја не се пласираше во финалето: „Шок, ова е ремек дело“

Објавено пред

Втората полуфинална вечер на Евровизија не помина без изненадувања. Иако многумина очекуваа пласман на белгискиот претставник во финалето, тоа не се случи. Мустии со песната Before The Party’s Over неочекувано беше елиминиран во полуфиналето, што налути многу евровизиски фанови.

dobivaj vesti na viber

Под видеото од неговиот настап од полуфиналето има речиси исти коментари – овој настап заслужи да оди во финалето.

„Лут сум затоа што Белгија не се пласираше во финалето“, „Ова е најголемата измама на Евровизија“, „Што не е во ред со Евровизија? Ова беше во топ 5 песни оваа година а не помина во полуфинале. Голема почит за Мустии и Белгија за ова ремек дело, продолжуваме да го слушаме“, „Не ми е гајле за резултатот, ова е мојот победник“, „Шокиран сум“, се дел од коментарите.

Според вчерашните обложувалници, кои превидуваа кои земји се пласираа во финалето, Белгија беше на осмото место. Исто така, пред неколку дена, кога Бејби Лазања имаше 34% шанси за победа, Мустии беше на 12-тото место во обложувалниците. Под него беа Норвешка, Финска, Грузија, Шведска, Австрија… Сите тие земји се пласираа во финалето.

Прикажи повеќе...

Забава

Марија Шерифовиќ со остра критика поради Евровизија: Море мрш!

Објавено пред

Пејачката Марија Шерифовиќ „остро“ се огласи на Икс, а се претпоставува дека причината е Евровизија, пишуваат српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Море мрш“, напиша Марија на својот профил.

Со оглед на тоа дека Марија редовно ја следи Евровизија, се претпоставува дека токму конкуренцијата ја изнервирала.

Во времето кога таа го напиша овој пост, настапуваше Естонија.

Медиумите потсетуваат дека Марија ја поддржа овогодинешната претставничка на Србија, Теја Дора.

„Напред девојче“ Вечерва испраќаме добра енергија и топли мисли до целата српска делегација во Шведска“, напиша Марија на својот Инстаграм профил.

По нејзиното поминување во финалето, таа не го криеше задоволството.

„Значи“, напишала кратко и јасно на својата инстаграм приказна покрај фотографијата на Теја Дора.

Прикажи повеќе...

Забава

Шпанскиот суд ја отфрли втората тужба против Шакира за даноците

Објавено пред

Шпанскиот суд во четвртокот ја отфрли даночната истрага против колумбиската поп-ѕвезда Шакира, откако обвинителите одлучија да не покренуваат обвиненија.

dobivaj vesti na viber

Шакира се согласи на спогодба минатата година за да избегне судење во Барселона под обвинение дека не и платила на Шпанија 14,5 милиони евра данок на приход од 2012 до 2014 година. Таа, исто така, се соочи со втора истрага за наводна измама на приход и данок на имот во 2018 година.

Судот во градот Есплугес де Лобрегат, во близина на Барселона, објасни дека нема докази за поддршка на тврдењето на обвинителот дека Шакира „свесно и доброволно ги испуштила информациите и документацијата“ при подготовката на нејзината даночна пријава за 2018 година.

Пејачката, која има продадено милиони албуми ширум светот, живееше со поранешната шпанска фудбалска ѕвезда Жерар Пике 11 години и заедно имаат две деца. По разделбата се пресели во Мајами.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје3 часа

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа4 часа

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет5 часа

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...

Свет5 часа

Орбан по средбата со кинескиот претседател: Ја прошируваме соработката и во нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот...

Македонија13 часа

Зеленски и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова

Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа „Икс“ по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори,...

Македонија14 часа

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија23 часа

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија24 часа

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија1 ден

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија1 ден

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија1 ден

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...

Македонија1 ден

„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова

Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на...

Македонија1 ден

Уште едена оставка од потпретседателската функција во СДСМ: Перо Костадинов се повлекува од функцијата по изборниот пораз

По Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните...

Македонија1 ден

Реков дека сум доктор и дека на крајот ги давам лековите: Таравари ѝ препиша терапија на ДУИ

Откако на првичните изборни резултати освоија 13 мандати, коалицијата „Вреди“ славеше а Арбен Таравари на Фејсбук испрати порака до ДУИ....

Македонија1 ден

Мојата оставка ќе биде целосно ефективна кога тоа ќе го сторат и моите другари од раководството на партијата – од првиот до последниот: Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи со видео обраќање преку својот Фејсбук профил соопшти дека поднесува оставка од функцијата потпретседател...

Македонија1 ден

По поразот на изборите, претседателката на ДОМ поднесе оставка

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин преку Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа функција во партијата, по поразот на нивната...

Македонија1 ден

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати

Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови. „На ниво...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себеси, време е ДУИ да одат заедно со СДСМ во опозиција

„Успеавме, успеавме. Победи Македонија, историска победа на народот“, кажа вечерва на прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Криминалот, корупцијата, неспособноста,...