Забава
Карлсен го матираше Гејтс во девет потега

Коосновачот на информатичкиот гигант Microsoft и вториот најбогат човек на светот, Бил Гејтст, не се прослави во оваа игра бидејќи од новиот светски шампион Норвежанецот Магнус Карлсeн беше совладан во само девет потега.
Според договорот, Бил Гејтс на располагање имал по две минути за секој свој потег, додека Магнус Карлсен морал да го повлекува секој свој потег за најмногу 30 секунди. Сепак, и покрај тоа, партијата траеле само 71 секунда, од кои Гејтс „потрошил“ 59.
„Вау, ова беше брзо“, изјавил Гејтс по партијата.
Партијата, инаку, била одиграна во средата во Лонодн, а во петокот во вечерниот термин била прикажана во гледаното телевизиско шоу на норвешката национална телевизија на популарниот водител Фредрик Скавлан.
Дваесет итригодишниот Карлсен во ноември стана најмладиот светски шаховски првак, кога во Ченаи го совлада бранителот на титулата, Индиецот Вишванатан Ананд.
„Немаше среќа и падна на моите тактики, но исто така направи и некои добри потези. Со повеќе време би можел да биде многу подобар…“, коментирал Карлсен. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Дали знаете дека ова е најлошиот знак во хороскопот: лош темперамент и уште полош карактер

Припадниците на овој знак се познати по нивната голема и моќна енергија, но и по нивната способност да го гледаат секој проблем од повеќе агли, да го анализираат и да донесуваат паметни одлуки.
Тие имаат голема желба за слобода, па затоа избегнуваат луѓе и ситуации што ги ограничуваат и пречат.
Станува збор за Водолија.
Луѓето родени помеѓу 21 јануари и 20 февруари се обично ладни, мирни и смирени, но можат да бидат многу сурови и да ја покажат својата друга страна ако некој ги повреди.
Водолијата е фиксен знак, што значи дека е многу стабилен, но во исто време и ограничен.
Многумина велат дека тие се всушност најлошиот знак во хороскопот.
Луѓето кои не ја познаваат добро личноста родена под овој хороскопски знак ќе го окарактеризираат нејзиното вообичаено однесување како грубо. Често ќе бидат нарекувани некултурна личност без манири, но вистината е дека тие се однесуваат според тоа како се чувствуваат во тој момент и Водолиите не гледаат ништо спорно во тоа.
Нема лоша намера зад работите што ги прават, но нивните постапки може да наидат на неодобрување од луѓе кои не ги познаваат.
Водолиите исто така можат да имаат лошо чувство за хумор. Тие често знаат да се шегуваат на туѓа сметка или да споменат чувствителна тема, поради што другите ги сметаат за навредливи.
Исто така, припадниците на овој знак го имаат Уран во својата натална карта, поради што имаат уникатни карактеристики – можат да бидат расположени и претерано чувствителни, но никогаш нема да го покажат тоа на другите.
Честопати им е тешко да постигнат длабоки и стабилни емоционални врски, бидејќи можат да бидат променливи, но и тврдоглави, што им го отежнува одржувањето на врската.
Забава
(Фото) Не се знае која е поубава – мајката или ќерката: очите не ве лажат, тие се исти

Таа е речиси копија на нејзината мајка, една од најуспешните модели на сите времиња и најубавите жени во светот, Синди Крофорд.
Легендарната манекенка Синди Крафорд ја доби својата вистинска наследничка на модните писти, нејзината ќерка Каја Гербер, која одамна докажа дека е слика на нејзината мајка и дека е родена за светот под рефлекторите.
Синди и Каја станаа заштитни лица на новата кампања на брендот Vuori за пролет/лето 2025 година, а во кампањата се појавија и Ренде Гербер, сопруг на Синди Крофорд, и нивниот син Пресли Гербер.
Брендот промовира сеопфатен стил на облекување, кој дамите, заедно со остатокот од семејството, го претставија во кампањата, а најголемо внимание привлекоа прекрасната Каја и неодоливата Синди, која изгледа одлично и на 60-годишна возраст.
Каја Гербер ја започна својата кариера како модел на само 10 години, кога се појави во кампања за тинејџерската линија на Версаче.
Оттогаш, таа постојано постигнува успеси, а колку повеќе расте, толку повеќе наликува на нејзината мајка, која некогаш беше меѓу најуспешните супермодели во светот.
Забава
„Нема ‘голи’ фустани на црвениот тепих“: Канскиот филмски фестивал воведува построги правила

Пред отворањето на Канскиот филмски фестивал организаторите одлучија да ги заострат правилата во врска со облекувањето на црвениот тепих, пишува „Дејли мејл3. Новите правила диктираат дека дамите ќе мора повнимателно да ги избираат своите свечени облеки.
Во последните години некои учеснички привлекоа големо внимание избирајќи ги таканаречените голи фустани. За да се обезбеди поголема пристојност, организаторите одлучија да забранат вакви облеки оваа година.
„Голотијата е забранета на црвениот тепих, како и во другите области во кои се одржува фестивалот“, се наведува во официјалната одлука објавена од странските медиуми.
Исто така, беше нагласено дека пристапот до фестивалот ќе му биде одбиен на секој што не ги почитува горенаведените правила.
Сè уште е непознато дали телевизиските станици што го емитуваа настанот имале какво било влијание врз оваа одлука.
За потсетување, 78. издание на фестивалот ќе се одржи од 13 до 24 мај.