Забава
Кина се подготвува за прослава на годината на коњот

Кина и кинеските заедници насекаде во светот се подготвуваат за една од најважните свечености во годината, прославата на кинеската лунарна година којашто годинава се дочекува во петок на 31-ви јануари, кога започнува годината на коњот според кинескиот зодијак.
Плоштадите и улиците во кинеските градови се искитени со традиционалните црвени лампиони, а дарувањето на децата, огнометот и парадите со змаеви и лавово се составен дел од дочекот на лунарната година. Почетокот на новата година се означува со биење на камбани. Петардите, исто така, се составен дел од древниот традиционален дочек на новата година, меѓутоа сѐ повеќе градски власти во Кина почнаа да ги забрануваат. Прославата трае две седмици односно од Нова година до Фестивалот на фенерите кои се одржува на 15-от ден од лунарната година.
Семејствата традиционално се собираат пред Нова година на вечера и тогаш се одвива најголемата привремена миграција на населението на планетата. Годинава се очекува дека ќе бидат остварени 3,62 милијарди индивидуални патувања во текот на прославата на кинеската Нова година.
Подготовките започнуваат со чистењето на домовите за да се исфрли несреќата и злото и да се направи место за среќата. Прозорците и вратите се украсуваат со предмети од црвена хартија и со натписи со стихови и со жеби.
Според традиционалниот кинески лунарен календар, првиот ден од новата година може да падне во кој и да е ден меѓу крајот на јануари и средината на февруари. Календарот е изработен врз основа на лунарниот циклус и положбата на Сонцето. Според легендата, датира од периодот од околу 2600 година пред нашата ера, кога митолошкиот жолт цар го започнал првиот циклус на кинескиот хороскоп и одредил 12 животни коишто ја претставуваат секоја година во 12-годишниот циклус од зодијакот.
Според кинескиот хороскоп, луѓето коишто се родени во годината на коњот се активни и полни со енергија, елегантни, независни и вредни./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Беше најубавата жена на светот, а потоа исчезна: сега нејзиното лице се „појави“ на социјалните мрежи

Откако се повлече од светот на глумата, Ева Мендес живее помирен живот. Таа ужива во семејна идила и, далеку од очите на јавноста, ги одгледува и образува своите две ќерки од бракот со Рајан Гослинг.
Иако е активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, речиси никогаш не го покажува своето лице во јавноста – барем така беше досега.
Нејзиниот сопруг и актер Рајан Гослинг се подготвува за својата улога во филмот „Star Wars: Starfighter“ во Лондон, а се верува дека Ева дошла да го поддржи.
Таа неодамна беше фотографирана во Нотинг Хил додека ги извршуваше своите секојдневни обврски. За таа пригода, таа одлучи да носи лежерна облека – преголем фустан, кожни чизми до колена и голема чанта на рамо. Таа додаде и шапка во својот стил за да го заштити својот идентитет од љубопитните фотографи.
Eva Mendes makes a rare appearance for the first time in six months as she steps out to run errands in Notting Hill https://t.co/FsVxTIOfQ2
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) September 16, 2025
Но, нејзиниот план не успеа. Фотографиите стигнаа и на интернет, а нејзините обожаватели, по толку време, можеа да ја видат вистинската верзија на поранешната убавица.
Многумина беа изненадени од нејзиниот изглед, бидејќи нејзината природна убавина сè уште ја краси. Навистина, таа е жена на која возраста не ѝ може ништо…
фото: принтскрин
Забава
Со насмевка ги кријат своите внатрешни бури: 4 знаци кои вешто чуваат сè во себе

Некои хороскопски знаци носат насмевка како штит и не им дозволуваат на другите да видат како навистина се чувствуваат одвнатре.
На прв поглед, луѓето родени под овие хороскопски знаци изгледаат смирени, весели и секогаш подготвени за шега, но под таа веселост често се крие вистински мал хаос. Додека другите паничат гласно, тие се насмевнуваат и се однесуваат како да имаат сè под контрола.
Никој не би рекол дека стресот ги јаде одвнатре, бидејќи нивната мирна надворешност вешто ги крие внатрешните бури.
Вага
Вагите ја сакаат хармонијата и сакаат сè околу нив да изгледа беспрекорно, па затоа ретко му се доверуваат на некого кога се под стрес. И додека се грижат за илјада работи одвнатре, однадвор сепак ќе изгледаат дотерани, насмеани и совршено смирени, како ништо да не е проблем.
Рак
Раковите не сакаат да ги оптоваруваат другите со своите грижи, па затоа често го кријат својот стрес зад нежна насмевка. Иако се емотивни и лесно се засегнати од сè, тие би се преправале дека сè е во ред отколку да признаат дека нешто ги јаде одвнатре.
Нивната грижа за другите секогаш ја надминува потребата да ги покажат сопствените слабости.
Лав
Лавовите сакаат да остават впечаток на сила и сигурност, па затоа никогаш не сакаат да покажат дека се под стрес. Дури и кога се на работ на распаѓање, тие ќе останат насмеани, горди и самоуверени, бидејќи е важно да бидат видени како непоколебливи.
Јарец
Јарците се мајстори на самоконтрола и не дозволуваат стресот да им го наруши надворешниот мир. Додека решаваат цел список на проблеми внатре, тие ќе останат собрани и со ладна глава на површината.
Нивната насмевка често е штит што крие колку сè навистина им тежи.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Кога дама провоцира – сè гори: Иванка Трамп во проѕирен фустан

Иванка Трамп се појави на гала вечера со својот сопруг Џаред Кушнер и во таа пригода ги остави сите без зборови со ново модно издание.
Ќерката на сегашниот американски претседател Доналд Трамп, Иванка Трамп, ги засени сите со својот избор на фустан и се чини дека малку го промени својот стил, додавајќи малку боја на своите монохроматски изданија.
На гала вечерта REFORM Alliance Casino Night, таа блесна во полупроѕирен фустан што Никол Шерцингер веќе го носеше. Се чинеше дека овие две дами никогаш нема да го носат истото парче облека, но сепак се случи.
Таа го комплетираше своето модно издание со едноставни сребрени сандали и црна плетена чанта од Bottega Veneta.
Кушнер не заостануваше многу зад неа кога станува збор за мода, тој избра класично црно одело и бела кошула, а со тоа никогаш нема грешка.
Иванка одамна е позната по своите модни изданија кои секогаш се беспрекорни. Понекогаш е малку похрабра, понекогаш најелегантна на светот, но секогаш одмерена и совршено стилизирана за ситуацијата во која се наоѓа.
фото: принтскрин