Контакт

Забава

Virgin за неколку месеци започнува со комерцијални летови во вселената

Објавено пред

Кон половината на оваа година компанијата Virgin ќе ги започне првите комерцијални летови во вселената.

Цената на еден билет изнесува 183.350 евра. Virgin досега продаде 680 билети, при што заработиле повеќе од 58 милиони евра.

Основачот на фирмата Сер Ричард Брансон вети дека лично ќе учествува во првиот лет, во кој сите патници ќе ја искусат бестежинската состојба, како и погледот на Земјата од вселената.

Virgin објавид ека наскоро очекува дозвола од американската Федерална агенција за авијација, по што ќе бидат извршени последни технички подготовки. /крај/кл/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Британски „Милионер 2001“: натпреварувач го прашале за сливова ракија, ја повикал мајка си

Објавено пред

На „Твитер“ се шири видеозапис од популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“ стар точно дваесет години.

Во епизодата, која се емитувала во Обединетото Кралство во февруари 2001 година, за 125.000 фунти Џон Секстон требало да одговори за сливова ракија (сливовица) и нејзината главна состојка.

Секстон, не знаејќи кое овошје е главната состојка во оваа ракија, ја повика мајка си. Таа како од топ му го даде точниот одговор и му откри дека сливовата ракија, односно slivovitz brandy, се прави од слива (англиски plum).

Секстон ѝ се заблагодари на мајка си и ѝ кажа дека ја сака, а сите во студиото ентузијастички аплаудираа на знаењето и брзината со која таа реагира. Секстон на крајот освои 250.000 фунти на квизот, а таа година стана ѕвезда во Обединетото Кралство за огромната сума што ја освои.

Клип од оваа емисија со наградното прашање деновиве објави српски твитерџија, а коментарите под објавата се урнебесни. „Мама сигурно пиела сливовица кога била на Јадран“, „Ваква сигурност во одговорот има само по испиен литар“.

„Една е мајка!“, твитна друг корисник.

Прикажи повеќе...

Забава

Шварценегер ужива во пура додека вози винтиџ „екскалибур“ во Лос Анџелес

Објавено пред

Арнолд Шварценегер не дозволи студеното време во Јужна Калифорнија да го спречи од дневен излет со неговиот кабриолет.

Папараците го забележаа холивудскиот терминатор (74) во неделата како вози класика лимузина „екскалибур“ во Лос Анџелес додека дува пура.

Поранешниот гувернер на Калифорнија на себе има кафеава кожена јакна со амблем од државното знаме на градите, а американското знаме на раката.

Моделот „екскалибур“ (Excalibur), според „Хот-карс.ком“, првпат бил направен во 1965 година како репродукција на „мерцедес-бенц ССК“ од 1928 година.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Никол Кидман во блескаво издание 

Објавено пред

Таа ја толкува улогата на една од најпознатите телевизиски ѕвезди на сите времиња, Лусил Бол.

Затоа не е изненадување што Никол Кидман го донесе стариот холивудски гламур на црвениот тепих додека присуствуваше на премиерата на биографската драма Being The Ricardos („Да се биде Рикардос“) во Лос Анџелес во понеделникот вечерта.

Актерката (54) изгледа етерично во лелеава тоалета на „Армани прајв“ додека му се придружува на сопругот на екранот Хавиер Бардем на промоцијата на филмот.

Филмот е базиран на вистинита приказна, а дејството се фокусира на Лусил (Кидман) и нејзиниот прв сопруг Деси Арназ (Бардем), автори на серијалот „Ја сакам Луси“, додека се соочуваат со криза што се заканува да стави крај на нивните кариери и со друга криза што може да стави крај на нивниот брак.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Вкупно 16 починати и 375 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на...

Европа3 часа

Објавени нови сателитски снимки од руска војска на украинската граница

Американските медиуми продолжуваат да презентираат докази за руска акумулација на сили по должина на границата со Украина и подготовки за...

Економија5 часа

За еден месец, гасот поскапел повеќе од 5 отсто, а лебот 3,8 проценти

Кај гасот за домаќинствата, лебот и житото и кај туристичките аранжмани во ноември бил забележан најголем пораст на трошоците во споредба...

Македонија7 часа

Лажен оџа и неговите соработници осомничени за полов напад врз 9-годишно девојче и за измами во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое лажно се претставувало како оџа и...

Македонија7 часа

Тетово привремено го укина јавниот превоз, од Општината велат дека претпријатието е во хаос

Јавниот автобуски превоз во Тетово е привремено стопиран по четири месеци. Општина Тетово како причини за прекинот го наведе работењето...

Македонија8 часа

Ангел Димитров: Република Северна Македонија не е подготвена да почне преговори за членство во ЕУ

Тешко е дека постои земја што повеќе од Бугарија би посакувала пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Но,...

Европа8 часа

Компанијата „Фајзер“ обвинета за ширење лаги за вакцината на „Астра зенека“, дури и дека предизвикува рак

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ е обвинет дека подмитувал експерти за да ја дискредитираат вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“, пренесуваат светските...

Македонија8 часа

Заев ги информираше коалиционите партнери за постигнатиот договор со Алтернатива

Претседателот на Владата, Зоран Заев имаше средба со лидери на партии од владината коалиција на која ги запозна со постигнатиот...

Свет9 часа

СЗО: Крвната плазма да не се користи во третманот на болните од Ковид-19

Крвната плазма земена од оздравени пациенти не треба да се користи во третманот на луѓе заболени од Ковид-19, а кои...

Свет10 часа

Путин и Бајден преку видеоврска за многубројни прашања

Рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Џо Бајден, денеска ќе имаат виртуелен самит на кој ќе разговараат за многубројни...

Свет11 час

САД ги предупреди граѓаните за Божик да не патуваат во Франција и Португалија

САД ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број...

Свет11 час

(Видео) Силно невреме направи хаос на Хаваите – поплавени улици, откорнати далноводи

Силно невреме проследено со силен ветер и екстремно силен дожд денеска ги поплави патиштата и ги откорна далноводите на Хаваите....

Топ23 часа

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена...

Регион24 часа

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет1 ден

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион1 ден

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија1 ден

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет1 ден

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија1 ден

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Македонија1 ден

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентира својата изборна...

Досие