Контакт

Забава

Марк Цукерберг е најдарежлив Американец

Објавено пред

Со донирани околу милијарда долари, основачот на социјалната мрежа Facebook, Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила се најдоа на чело на листата на најдарежливи луѓе во Америка во 2013 година.

Според магазинот „Chronicle of philanthropy“ што ја објавува годишната листа на 50 најдарежливи Американци, 29-годишниот Цукерберг лани донирал 18 милиони акции од популарната социјална мрежа во вредност од 970 милиони долари на добротворната фондација „Silicon Valley Community“.

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда минатата година донирале околу 181,3 милиони долари, додека поранешниот директор на Nike, Фил Најт со сопругата Пенелопи донирале 162 милиони долари.

Меѓу првите десет филантропи се најдоа и Пјер Омидијар (eBay), Сергеј Брин (Google) и Пол Ален (Microsoft).

Сите 50 донатори од листата подариле вкупно 7,7 милијарди долари во добротворни цели, што е 4,4 проценти повеќе од лани.крај/мф/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Том Холанд ќе го глуми Фред Астер во биографски филм

Објавено пред

Британскиот актер Том Холанд откри дека ќе го портретира легендарниот Фред Астер во претстојниот биографски филм за човекот кој ќе остане запаметен по танцувањето и пеењето со Џинџер Роџерс во повеќе мјузикли како Top Hat и Swing Time.

Познат како еден од најголемите танчери на сите времиња, Астер имаше седумдецениска кариера во филмот и на сцената во Бродвеј и Вест Енд.

„Го глумам Фред Астер. Сценариото стигнало пред една недела. Сè уште не сум го прочитал. Не ми го дадоа“, изјави Холанд.

„Ејми Паскал го има сценариото“, рече тој, мислејќи на продуцентката на „Спајдермен“.

Прикажи повеќе...

Забава

Еди Фалко искрена за зависноста од алкохол

Објавено пред

Еди Фалко, која е трезна веќе три децении, откри дека додека била млада лошите финансии ја навеле да се откаже од кокаинот и да се сврти кон алкохолот.

„Со години не пиев, потоа го испив првиот пијалак на факултет и пронајдов нирвана. Тоа беше одговор на сите мои проблеми и причината за сите мои други проблеми. Бев љубител на кокаин, но никогаш немав доволно пари, марихуаната ми предизвикаше вознемиреност,“ призна таа во интервју за британски „Гардијан“.

58-годишната актерка, која е будист, исто така откри дека кога била зависна од алкохол, нејзиниот порок бил одлучувачки фактор за тоа со кого ќе избере да биде во врска. „Чекав да слушнам колку брзо ќе спомне алкохол и така знаев дека тој е следниот човек“.

Ѕвездата на „Сопранови“, која има две посвоени деца, подоцна се откажала од пиењето кога се разбудила со мамурлак и сфатила дека ја оставила својата влезна врата ширум отворена. Години подоцна доби главна улога во серијата „Медицинска сестра Џеки“ (Nurse Jackie), каде требаше да глуми зависничка од дрога.

„Тешко ми падна идејата за комедија за зависноста,“ рече Еди за „Гардијан“.

„Им реков: ако последната сезона главниот лик не оди на групна терапија и не добие помош, на крајот мора да биде мртва, за луѓето да знаат како е.“

Прикажи повеќе...

Забава

Илон Маск ја продаде и последната куќа, сега нема свој дом

Објавено пред

Вториот најбогат човек на светот, Илон Маск, го исполни ветувањето и ја продаде својата последна куќа и официјално повеќе нема дом.

Извршниот директор на „Тесла“ и „SpaceX“, го продаде својот имот во Силиконската долина за 30 милиони долари, што е за 7,5 милиони долари помалку од првичната барана цена од 37,5 милиони долари.

Илон Маск, тежок повеќе од 151 милијарда долари, претходно изјави дека имотот од 47 хектари јужно од Сан Франциско е неговиот последен преостанат дом.

Маск, кого шефот на „Амазон“, Џеф Безос, го прескокна на врвот на листата на „Форбс“ за најбогати луѓе во светот, моментално живее во куќа што ја изнајмува за 50.000 долари во Бока Чика, Тексас, во близина на неговата фабрика за ракети.

„ Мојот примарен дом е буквално куќа од 50.000 долари во Бока Чика која ја изнајмувам од SpaceX. На крајот на краиштата, тоа е некако одлично“, напиша Маск на Твитер.

Новиот сопственик на вилата Хилсборо во Калифорнија на 891 Crystal Springs Road не е објавен во јавноста.

Огромниот имот има седум спални соби, седум бањи, музичка соба, голема сала за бал и коктел соба со полици за библиотека на извлекување.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа36 минути

Откриен извештај-Германија воведува задолжителна вакцинација во неколку ресори

Новата германска влада има намера од средината на март да воведе задолжителна вакцинација за вработените во одредени ресори, пренесуваат светските...

Европа1 час

Невакцинираните во Италија нема да можат да користат јавен превоз без ковид-потврда

Во Италија од денеска стапија на сила построги мерки против коронавирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу...

Свет13 часа

Папата на Лезбос со мигрантите – стотици бели ливчиња, апел за помош

Папата Франциско на вториот ден од посетата на Грција го посети бегалскиот камп на островот Лезбос. Тој ја обвини Европа...

Свет14 часа

Путин предупреди: Полјаците ги полеваат мигрантите со хербициди на граница

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика директорката на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческа Рока, да внимава на...

Свет14 часа

Фаучи: Засега, не треба да бидеме премногу загрижени за омикрон

“Првите „малку охрабрувачки знаци“ доаѓаат од Јужна Африка кога станува збор за сериозноста на инфекциите со омикрон” , изјавил советникот...

Европа16 часа

(Видео) Со водени топови и солзавец растерани демонстрантите во Брисел

Белгиската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да ја растера групата демонстранти во Брисел. Учесниците на маршот протестираа...

Македонија19 часа

Заев прифати меѓународна истрага за случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и Алмир Алиу

Постигната е согласност Владата да испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои...

Македонија20 часа

(Видео) Алтернатива доби две министерства и министер без ресор, Гаши и Заев најавија стабилно мнозинство

Алтернатива доби три министерства во Владата на заедничка прес-конференција соопштија претседателот во заминување на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на...

Македонија20 часа

Десет починати и 276 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.720 тестирања,...

Регион22 часа

(Видео) Поројни врнежи од дожд во Хрватска, поплавени улици и патишта

Пороен дожд утрово врне на Јадранот локално и со пороен дожд и грмежи. Во текот на денот се очекуваат обилни...

Топ23 часа

Петмина повредени во судир на автомобил и трактор на патот Битола-Ресен

Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“. Несреќата...

Свет23 часа

Научниците со нови сознанија: Омикронот можеби презел дел од генот на вирусот на настинката

Новиот сој на коронавирус, омикрон, можеби стекнал барем една од неговите мутации со собирање фрагмент од генетски материјал од друг...

Топ23 часа

МВР со апел: Граѓаните да не користат петарди, казните се од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се...

Свет24 часа

Си-Ен-Ен го отпушти најпознатиот водител Крис Куомо, брат на поранешниот гувернер на Њујорк

Американската медиумска куќа Си-Ен-Ен во саботата објави дека водителот Крис Куомо е отпуштен и дека одлуката веднаш стапува на сила....

Македонија2 дена

(Видео) Алтернатива влегува во Владата

Алтернатива на Африм Гаши влезе во Владата, соопшти партискиот портпарол. Ова доаѓа по состанок на Централниот совет. Со мнозинство гласови,...

Свет2 дена

Путин и Бајден во вторник ќе разговараат за Украина

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден, ќе разговараат во вторник на 7 декември, соопшти Кремљ....

Свет2 дена

(Видео) Инциденти и апсења на протестите во Австрија – полицијата употреби бибер спреј

Во центарот на Виена попладнево се одржуваат бројни протести на противниците на ковид-мерките и задолжителната вакцинација, поради што многу улици...

Свет2 дена

Русија е можно во јануари да ја нападне Украина, тврди украинскиот министер за одбрана

Американскиот државен секретар Ентони Блинкинен го предупреди својот руски колега дека Москва ќе плати „висока цена“ доколку ја нападне Украина....

Македонија2 дена

15 починати и 355 новозаразени со Ковид-19

Денес се регистрирани 355 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19...

Македонија2 дена

Владата ги замрзна цените на основните артикли

На денешната 124-та редовна седница, Владата донесе Одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на...

Досие