Забава
Сѐ повеќе теории за потеклото на најдениот ‘ќуп со златници' вреден 10 млн долари
Се појавија многу теории за потеклото на старите златници во САД во вкупна вредност од 10 милиони долари, за чиешто пронаоѓање беше објавено минатата седмица.
Во американската сојузна држава Калифорнија биле откриени 1.427 стари златни монети во вкупна вредност од 10 милиони долари, откако кучето на една двојка почнала да копа во дворот недалеку од нивниот дом и под едно дрво ископало пет лименки до врвот полни со златници кои потекнуваат од периодот меѓу 1847 и 1894 година.
Двојката пронашла околу 1.400 златници од 20 долари, 50 од по десет долари и четири од по пет долари.
Една од теориите коишто деновиве се развија во САД е дека бандата на легендарниот одметник од американскиот Сив запад Џеси Зејмс го закопала богатството со надеж дека еден дека ќе ја финансира втората американска граѓанска војна. Според друга, пак, станува збор за злато коешто му припаѓало на ограбувачот Блек Бар кој е познат по тоа што пишувал стихови во паузите меѓу два грабежа на поштенски кочии.
Сепак, најмногу медиумско внимание ѝ е посветено на теоријата според којашто станува збор за златници коишто главниот благајник Волтер Димик ги украл од ковачницата во Сан Франциско 1901 година, а кои никогаш не се пронајдени. Димик украл шест запечатени вреќи со златници од кои секога содржела по 250 златници од по 20 долари. Претставниците на американскиот нумизматички завод соопштија дека не располагаат со никакви податоци за евентуалната поврзаност на пронајдените златници со грабеж на која и да е американска ковачница на монети.
Професионалниот нумизматичар Дејвид Кол од градот Саната Ана потврди пред извесно време дека се најдени повеќе од 1.427 монети, од кои некои од монетите, според него, се проценуваат на 27 илјади долари, но има и такви чијашто вредноста надминува милиони долари.
„Станува збор за неверојатно единствено откритие, можам да кажам дека тие го нашле ќупот со злато на крајот од виножитото”, изјави познатиот американски колекционер на монети Дон Кегин, запознаен со случајот. Додаде дека среќната двојка побарала да останат неименувани и да не се открива точното место каде се пронајдени монетите, за да не се предизвика „златна треска” и да се привлечат илјадници вооружени со детектори за метал.
Единствено е прецизирано дека богатството е пронајдено во северниот дел од државата Калифорнија на територијата на земјиште коешто многу одамна било користено за земјоделско производство, и тоа пред една година.
Среќната двојка преку Кегин соопшти дека сега има намера да продаде поголем дел од златниците, а некои да ги подари на нумизматички музеи, а со добиените пари да им помогнат на сиромашните сограѓани./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

