Забава
Запознајте ја бабата која има над 300.000 следбеници на Instagram

Внукот на осумдесетгодишната Бети Симпсон и креирал профил на Instagram (grandmabetty33), а нејзината харизма привлекла речиси 320 илјади следбеници, меѓу кои и познатиот музичар Фарел Вилијамс.
Нејзиниот внук Зек Белден од Индиана, САД, секојдневно објавува интересни видеа и фотографии од Бети која храбро се бори со ракот, а профилот и го направил, како што вели, во знак на поддршка и љубов кога и било откриено дека боледува од оваа болест.
„Идејата ми беше да го направам профилот за моите пријатели да ја запознаат познатата баба Бети. Тогаш тоа стана нешто поголемо. Мило ми е што можам да ја споделам нејзината приказна затоа што сакам да ја запаметат засекогаш”, вели Зек.
Само два месеца подоцна нејзиниот профил го следеле повеќе од сто илјади луѓе, а на бабичката не и одолеа ниту Фарел Вилијамс.
Пораки со поддршка и пристигнуваат од целиот свет, а во коментарите на нејзините фотографии многумина споделуваат сопствени искуства за тешката борба со ракот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Триесетгодишна девојка раскажа зошто одлучила да остане сама, нејзиното видео стана вирално

Тиктокерката Пат М., 31-годишна милениумка од Чикаго, предизвика многу дискусии на социјалната мрежа кога ја сподели причината зошто одлучила да остане сама.
И додека на социјалните мрежи често се романтизира идејата дека некој треба да биде во врска до триесеттите години, Пет, која работи во корпоративниот сектор, решила да се фокусира на себе. Нејзината објава од 22 јануари, во која таа појасни дека нејзината одлука нема никаква врска со пребирливоста, туку со промена на фокусот од нејзиниот љубовен живот кон личен развој, досега е прегледана повеќе од 721.000 пати и „лајкувана“ повеќе од 103.000 пати.
На видеото Пет седи во автомобил и искрено зборува пред камерата за неодамнешниот разговор со татко ѝ (63), кој ја прашал дали станува препребирлива во љубовта со годините.
@patoxplomo Being single is not a problem 🫶🏽 it’s a gift right now #fyp #fypage #fypシ #foryoupage #relatable #dating #single #relationship ♬ growth – Gede Yudis
„Имам 31 година и решив да останам сама засега. Имам стандарди, а тие не се високи. Не барам ништо од маж што не можам сама да си го обезбедам“, објаснила таа.
Нејзиното видео силно одекна, особено меѓу жените, бидејќи Пат нагласила колку вложила во сопствениот емотивен развој преку психотерапија и едукација и дека очекува тоа да го направи и потенцијалниот партнер.
„Со години се образовав, градев кариера и се развивав, а сето тоа во свет во кој како жена на почетокот сум во неповолна положба. Ако вие како маж веќе почнувате со предност, тогаш нема оправдување зошто не можете барем да бидете на исто ниво како мене“, вели таа.
Коментарите бргу почнаа да се појавуваат, при што многу жени споделуваа свои искуства и поддршка.
„Познавам успешни жени во четириесеттите, кои сè уште го кажуваат истото тоа“, „Бев сама речиси цела триесетта! Од 30 до 38. Сродната душа ја запознав на 38, се оженив на 39 и добив дете една недела откога наполнив 41 година. Не задоволувај се со помалку! Знај си ја вредноста!“, ѝ напишаа.
„Жените растат на прекрасни начини и јас сум среќна што сум дел од тоа“, заклучи Пат.
Забава
Вилијам и Кејт ја слават 14-годишнината од бракот во Шкотска

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт денеска патуваат во Шкотска, каде што ќе ја прослават 14-годишнината од бракот и ќе го направат најзначајното заедно патување оваа година.
Престолонаследникот Вилијам се ожени со Кејт Мидлтон на 29 април 2011 година во Вестминстерската опатија на церемонија што ја следеа милиони луѓе од целиот свет.
Тие се запознале десет години порано кога и двајцата биле студенти на Универзитетот „Сент Ендрјус“ на источниот брег на Шкотска.
Принцот и принцезата од Велс се враќаат во Шкотска како дел од официјалната дводневна посета на островите Мул и Јона, кои се дел од архипелагот Хебрид во близина на западниот брег.
Тие ќе ги посетат пазарот, производителите на храна и центрите на заедницата на островите со цел да се запознаат со важноста од зачувување на природната средина, соопшти нивниот кабинет.
По службените обврски, годишнината ќе ја поминат во мала изолирана куќа на островот Мал, позната по драматичните и прекрасни пејзажи, објавија британските медиуми.
Патувањето е ретко заедничко појавување на парот откога Кејт почна со превентивна хемотерапија за ракот, кој сега е во ремисија.
„Шкотска ми е неверојатно важна и секогаш ќе има посебно место во моето срце“, изјави Вилијам, кој ја носи титулата господар на шкотските острови.
Забава
На Евровизија годинава ќе може да се вее палестинското, a знамето на ЛГБТ-заедницата e забрането

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) усвои нови правила во пресрет на годинешниот Избор за песна за Евровизија. Според изменетите прописи, публиката годинава ќе смее да вее палестински знамиња, што минатата година предизвика политички полемики.
Но, тоа не е сè – тие ги забранија и сите ЛГБТК+ знамиња, што налути многу активисти. Затоа на изведувачите оваа година ќе им биде дозволено да ги носат само знамињата на земјите што ги претставуваат на сцената.
Забраната за носење знамиња за изведувачите ќе се применува на сцената, во фан-зоната, во зелената соба и на официјалните површини, каде што натпреварувачите ги чекаат резултатите. Групите за права на ЛГБТК+ веќе ја критикуваа одлуката тврдејќи дека знамето на виножитото претставува личен идентитет наместо политичка изјава.
Швајцарскот победник Немо минатата година носеше небинарно жолто-бело-виолетово знаме за време на парадата на знамето. На еден од панелите по победата рече дека морале да го прошверцуваат оти организаторите им го забраниле споменатото знаме. Неколку фанови се обидоа со тоа во публиката, но обезбедувањето ги натера да ги фрлат знамињата пред да влезат во салата.
Оваа година на Евровизија ќе учествуваат неколку изведувачи кои припаѓаат на ЛГБТК+ заедницата. Меѓу нив се Миријана Конте (Малта), Џеј Џеј (Австрија), Ерика Викман (Финска), како и хрватскиот претставник Марко Бошњак.