Забава
Електронски џоинт во продажба во Холандија

Холандската компанија E-Njoint BV го произведе првиот електронски џоинт во светот.
Станува збор за производ за еднократна употреба наменет за журки, музички настани, барови, клубови и други слични локации и настани, велат од компанијата.
Дневното производство е 10.000 електронски џоинти кои може да се купат ширум Холандија, во трафиките и продавниците за тутун, а наскоро и во остатокот од Европа.
Електронскиот џоинт по дизајн е сличен на вистинскиот и е сосема легален затоа што не ја содржи супстанцата THC, ниту тутун и никотин.
Се продава по цена од девет евра со шест различни овошни ароми. Фирмата E-Njoint BV планира во иднина да произведе и вистински електронски џоинт што корисникот ќе може да го полни со течен канабис.
„Холандија е позната во светот како толерантна и либерална земја во поглед на лесните дроги, а воведувањето на новиот производ претставува јасна порака: сé е во ред додека не сметате и не ги загрозувате другите и останувате во рамки на законот“, рекол генералиот директор на холандската компанија Мено Контант.
Тој додал: „Ова е сон на секој произведувач. Продажбата се одвива со брзина на светлината и без посебен маркетинг. И не треба да се грижиме затоа што ова што го правиме ние не е криминал“.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
AERO Street Food Festival 2025 – паркот „Авионче“ ќе биде центар на уличната гастрономија и на музиката

Од 5 до 8 септември, во паркот „Авионче“, општина Аеродром ќе се одржи првиот AERO Street Food Festival, настан кој ќе ги обедини најдобрите улични гастрономски брендови со урбана музичка програма и забавни активности за сите генерации, а влезот ќе биде бесплатен.
Гастрономската понуда ќе опфати храна од 4 кујни, А-американска, Е-европска, Р-регионална и О-ориентална. Посетителите ќе можат да дегустираат богат избор на специјалитети – од интернационални улични вкусови до автентични традиционални јадења. А покрај тоа ќе имаат можност да уживаат во извонреден избор на пијалоци по екслузивно достапни цени.
Фестивалот ќе се одржува секој ден од 17:30 до 00:30 часот и ќе понуди настапи на реномирани изведувачи: Рингтонс, Southpark, Breakdown band, Goce SAF, Dj Aleksandar Jordanov, DJ Marko, DJ Micov, DJ Shime, DJ Mono, DJ Foodieman, DJ Guardian и DJ Fico.
Понудата ќе биде составена од над 12 познати брендови за храна, меѓу кои: Jojo’s BBQ, Oljo’s, Fat Kitchen, Sorelle Focaccia, Lora’s Sushi, Bistro 64, 15 за 12, Milkey, Destan, Smash Burger, La Pizza, Ноа Гирадико и други.
Покрај музиката и храната, фестивалот ќе понуди и интерактивни предизвици за публиката, вклучувајќи натпревари во најбрзо јадење, квизови, трки и други интерактивни забавни активности со награди. Настанот ќе се реализира со поддршка од Општина Аеродром.
„Нашата цел е да создадеме настан кој ќе ги поврзе луѓето преку храната, музиката и заедничките моменти. AERO Street Food Festival е локална приказна по светски стандарди и ќе биде празник на вкусови, звуци и позитивна енергија“ – изјавија организаторите.
Забава
Пет митa за убавина во кои сè уште веруваме, а треба да престанеме

Во светот на убавината митовите се шират побргу од новите трендови на „Тик-ток“. Време е да ги разбиете и да ѝ дадете на вашата рутина за нега на лицето и телото малку повеќе слобода.
И додека некои од овие митови за убавина што ни се пласираат секој ден и во кои слепо веруваме затоа што звучат логично или дури и научно, вистината е дека многу од овие п„равила“ повеќе нè попречуваат отколку што помагаат.
Првиот и веројатно најупорен мит е дека поскапите производи секогаш значат подобра грижа
Иако луксузните брендови често нудат премиум-пакување и посебен мирис, ефикасноста на производот зависи првенствено од состојките и од нивната концентрација, а не од цената. Понекогаш наједноставниот крем од аптека дејствува еднакво добро, ако не и подобро, од оној што чини неколкупати повеќе.
View this post on Instagram
Друг тврдоглаво прифатен мит е верувањето дека за мрсната кожа не треба да се користи масло
Всушност, квалитетните растителни масла може да помогнат во регулирањето на себумот и во намалувањето на воспалението, а прекумерното сушење на кожата честопати има спротивен ефект – кожата произведува уште повеќе масло за да се заштити.
Третиот мит е дека повеќе чекори во вашата рутина за нега на кожата значат подобра нега
Инспирирани од корејските програми од 10 чекори, многумина почнаа да натрупуваат производи, но дерматолозите сè повеќе предупредуваат дека премногу слоеви може да ја иритираат кожата, особено кога се комбинираат силни активни состојки. Понекогаш минимализмот во негата на кожата носи најдобри резултати.
Четвртиот мит е верувањето дека ако некој производ пече или затегнува, тоа значи дека дејствува
Ова чувство често доаѓа од иритација, а не од длабинско чистење или активирање. Кожата што пече или се чувствува претерано затегната, испраќа сигнал дека нешто не е во ред, а игнорирањето на овие знаци може да доведе до трајно оштетување на бариерата на кожата.
View this post on Instagram
Петтиот, и можеби најпопуларен мит, е дека природното секогаш значи безбедно
Иако многу природни состојки се прекрасни, фактот е дека дури и целосно природните супстанции може да предизвикаат сериозни алергиски реакции или иритација. Арсенот и отровниот бршлен се исто така природни, но ние не ги нанесуваме на лицето. Клучот е во докажаните формулации и во безбедните концентрации, а не во етикетата „100 % природно“.
Разбивањето на овие митови не значи дека треба да се откажеме од пронаоѓањето на она што најдобро функционира за нас. Напротив, кога ќе ги отстраниме слоевите на заблуди, има простор за информиран избор, поедноставни рутини и нега на кожата што се базира на докази, а не на маркетинг. Убавината е во крајна линија повеќе од само производ – таа е за тоа како се чувствуваме во врска со себе.
фото: принтскрин
Забава
Од вечерва кино на отворено во Кисела Вода

И ова лето паркот „Македонија“ кај Домот на култура „Билјана Беличанец“ ќе се претвори во филмска сцена под отворено небо.
Од вечерва, 21 август, до 24 август, Општина Кисела Вода во соработка со „Киноверзум“ ДООЕЛ Свети Николе, „Кинотека на Македонија“ и Францускиот институт во Скопје ќе донесе богата програма за различни возрасти и вкусови – од анимирани и детски содржини, преку франкофонски и македонски остварувања, до наградувани документарни приказни.
Програма:
21.08.2025(четврток)
Вечер на ,,Киноверзум ”
20.00- Игран филм за деца,,Бунтовната принцеза( синхронизиран на македонски јазик)
21.30-Филм посветен на Марија Калас-,,Марија”
22.08.2025(петок)
Франкфонска вечер
20.00 Цртан филм,,Каламити”
21.30 Игран филм,,Повторно родена”
23.08.2025( сабота)
Македонска вечер
20.00- Блок краткометражни играни филмови за големи и мали деца
,,Ракетно моделарство”
,Баскет”
20.45-Македонски филм,,ДО БАЛЧАК”
24.08.2025( недела)
20.00- Анимиран филм за јунаците од светот на Биби „Златната пеперутка“
21.30- Македонски документарен филм „Медена земја“