Забава
36 години подоцна, Ума Турман ја сподели својата „најмрачна тајна“
Ума Турман ја сподели својата најмрачна тајна, како што напиша, откривајќи дека таа абортирала во доцните тинејџерски денови.
Ѕвездата на Kill Bill („Убиј го Бил“) го сподели своето искуство за прекинување на бременоста во раната младост кога го критикуваше новиот закон во Тексас – кој им овозможува на граѓаните да ги тужат докторите кои вршат абортус и секој друг што ѝ помага на жена да абортира по шеста недела од бременоста – и објасни дека нејзината одлука била донесена делумно затоа што се чувствувала неспособна да обезбеди стабилен дом во тоа време.
Во колумна за весникот „Вашингтон пост“ таа напиша: „Ја започнав актерската кариера на 15 години, работејќи во средина каде што честопати бев единственото дете во собата.“
„Во доцните тинејџерски години, случајно затруднев од многу постар човек. Живеев во Европа, далеку од моето семејство и требаше да почнам нова работа. Долго време се мачев да смислам што да правам. Сакав да го задржам бебето, но како? ”
51-годишната актерка побарала совет од своето семејство и на крајот се одлучила за прекин, одлука која сè уште ѝ предизвикува тага, но таа смета дека таа одлука ја доведе до местото каде што е денес. „Решивме како семејство дека не можам да продолжам со бременоста и се согласивме дека прекинот е вистинскиот избор. Но, како и да е, моето срце беше скршено.“
Ума, која има две деца, Маја (23) и Левон (19), со поранешниот сопруг Итан Хок, и деветгодишната Луна со Арпед Басон, ја сподели својата приказна „со надеж дека ќе ги пренасочи пламенот на контроверзите од ранливите жени, врз кои овој закон ќе има непосреден ефект “.
Таа додаде: „Тоа беше мојата најмрачна тајна до сега. Имам 51 година и ја споделувам со вас од домот каде што ги израснав моите три деца, кои се моја гордост и радост.“
Актерката од Pulp Fiction („Евтини приказни“) ја опиша законската регулатива како „криза за човековите права што дискриминира жени во неповолна состојба“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

