Забава
Старец обвинет за полигамија
Полицијата во Канада го уапси Оливер Килен (71) под обвинение за полигамија.
Полицијата во Канада го уапси Оливер Килен (71) под обвинение за полигамија.
Килен, според полицијата, се женел во Онтарио, Ирска и Англија, иако не се развел од ниту една жена.
Детективката Ема Кора од Торонто рече дека тоа не е се, затоа што Килен има многу повеќе жени ширум светот, но оти засега не може да се изнесуваат повеќе информации за тоа, затоа што се уште трае истрагата.
Според Кора, Килен прв пат се оженил во Англија пред 35 години, а за него е снимен и документарниот филм „Измамник со 14 жени“.
Британците, пред пет години, поради полигамија го осудија на три години казна затвор, а потоа го депортираа во Канада.
„Јас само им го давам на жените тоа што го сакаат. Ако се толку блесави да се омажат за мене по само неколку седмици пријателство, тоа е нивен проблем. Требало малку да се распрашаат“, рече Килен во интервју дадено 2006 година, додавајќи дека е многу лесно да се изневеруваат жените.
Тој вели дека добро ја проучил женската психа и примерите на однесување, и оти може да ја избере секоја жена која ќе ја посака./крај/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Роналдо отворено зборуваше за свршеницата: Таа е единствена, се грижи за мене и за куќата – тоа е она што го барам
Кристијано Роналдо неодамна конечно се сврши со својата долгогодишна партнерка, Џорџина Родригез, а сега зборуваше подетално за нивната врска.
Прославениот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез често се предмет на медиумско внимание. Убавата Џорџина обожава да привлекува внимание со својот изглед, а луксузот со кој се опкружени е секогаш во центарот на вниманието.
Сепак, тие, како и многу други, имаа тешки моменти низ кои поминаа како семејство. Роналдо зборуваше за ова во гостување кај Пирс Морган.
Фудбалерот откри дека трагичната загуба на нивниот син Анхел, кој почина веднаш по раѓањето, ги зближил многу.
„Чувствувам дека секогаш се поддржуваме еден со друг. Понекогаш во врската имате добри моменти, а понекогаш и тешки моменти. Тоа е дел од патувањето, но веројатно ја зајакнавме нашата врска уште повеќе во тој период. Мора да најдете рамнотежа за сè, и во добрите и во лошите моменти“, беше искрен фудбалерот.
Роналдо призна дека децата многу го промениле и дека научил многу, дури и од болни ситуации.
„Искрено, научив многу. Го видов животот од поинаква перспектива, мојата ќерка сега има три години и таа е кралица на семејството, таа е онаа што ја прави куќата среќна. Сè се случи со причина, верувам во тоа. Ние сме благословено семејство, верувам во тоа“, заклучи Роналдо.
Тој се осврна и на Џорџина. „Има толку многу добри работи кај неа што ги сакам. Верувам дека е единствена по тоа што се грижи за мене, што е многу важно. Се грижи за семејството, за куќата, а тоа бара многу работа. Таа е посебна за мене затоа што, покрај нејзините квалитети, нејзиното тело и сè што сакам, таа е личност што ме разбира. Тоа е она што го барам“, рече Роналдо.
фото: ЕПА
Забава
(Видео) Објавени првите пет минути од новата сезона на Stranger Things: сè се враќа на почеток
„Нетфликс“ ги објави првите пет минути од долгоочекуваната петта и последна сезона на хит серијата „Stranger Things“, дополнително поттикнувајќи ја возбудата кај обожавателите пред нејзината премиера овој месец.
Видеото ги враќа гледачите во 1983 година, на самиот почеток на приказната кога Вил Бајерс првпат исчезна. Премиерната епизода, насловена како „Ползењето“, започнува со сцена сместена во злокобниот The Upside Down, каде што во близина се крие Демогоргон.
Атмосферата станува исклучително напната кон крајот на клипот, кога се појавува главниот негативец Векна. Тој го заробува Вил, му се приближува и го допира по лицето со злокобните зборови: „Конечно, можеме да започнеме. Ти и јас, ќе правиме толку убави работи заедно.“
На премиерата, што се одржа вчера во Холивуд, се собра целата екипа. Ѕвезди и гости прошетаа по црвениот тепих, меѓу кои и Мили Боби Браун, Дејвид Харбор, Винона Рајдер и многу други. Петтата сезона на „Stranger Things“ ќе започне да се емитува на 26 ноември.
Забава
(Видео) Тејлор Свифт објави ремикс на хитот The Fate of Ophelia
Тејлор Свифт подготви уште едно музичко изненадување за своите обожаватели објавувајќи нова верзија на својот хит The Fate of Ophelia.
Новиот ремикс, потпишан од дуото Loud Luxury, пристигнува малку повеќе од еден месец по објавувањето на нејзиниот албум The Life of a Showgirl. Луѓето се воодушевени од новата верзија, а бројот на коментари под видеото на „Јутјуб“ постојано расте.
„Предобро“, „Ја слушам на ‘репит’“ и „Ја обожавам“, се само дел од пофалбите.
Во меѓувреме, оригиналната верзија на песната The Fate of Ophelia продолжува да доминира на музичките топ-листи обележувајќи ја својата четврта последователна недела на првото место на топ-листата „Хот 100“ минатата недела. Нејзиниот албум The Life of a Showgirl исто така цврсто се држи на врвот по поминати четири недели на првото место на топ-листата „Билборд 200“.
За што е песната?
Тејлор пее за млада жена од високото општество, која под огромен притисок од патријархалниот свет се заљубува и е уништена од него. Нејзиното семејство ѝ наредува да го заборави мажот што го сака, а нејзините емоции се користат против неа. Нејзиниот живот е доминиран од мажи што се обидуваат да ја контролираат, а таа наоѓа сила пеејќи за својот гнев, дури и кога ја нарекуваат луда.

