Контакт

Забава

Пие само Кока кола

Објавено пред

Хрватскиот пензионер Перо Ајтман од селото Каранац, во близина на Осијек, изминатите 40 години не пиел ништо друго освен кока кола.

Хрватскиот пензионер Перо Ајтман од селото Каранац, во близина на Осијек, изминатите 40 години не пиел ништо друго освен кока кола.

Како момче, Перо пиел само вино и често доаѓал дома пијан, сè додека далечната 1968. година мајка му не го натерала да и вети дека повеќе нема да пие.

Токму тие времиња во поранешна Југославија почнала да се продава Кока кола, која станала омилен пијалок на Перо.

„Почнав да ја пијам затоа што најмногу ми личеше на црно вино, а сега таа ми е дрога и ќе ја пијам до крајот на живото“, вели Перо и додава дека пие откога ќе стане, се додека не легне.

 

Ајтман тврди дека никогаш немал никакви здравствени проблеми, иако дневно испива повеќе од два литра од газираниот пијалок. /крај/фо/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Двоен удар! Ван Дам се пресоблече на бодибилдинг пауза

Објавено пред

Жан-Клод ван Дам сè уште го има тоа.

Белгискиот актер и мајстор за боречки вештини беше забележан во Лос Анџелес во вторникот, на кратка пауза од билдање мускули надвор од теретаната.

Ван Дам (59) го покажа своето мускулесто тело кога реши да ја смени својата испотена облека во јавност.

Се чини дека акционата ѕвезда сè уште го оправдува славниот прекар „Мускулите од Брисел“ покажувајќи го своето оружје во тесна маичка.

Тој требаше да глуми во анимираниот филм „Мињони“: Подемот на Гру“ но заради пандемијата на коронавирус продукцијата е одложена за јули 2021 година.

Претходно, актерот откри за „Дејли мејл Австралија“ дека сака да направи еден „финален и епски филм со боречки вештини“.

Прикажи повеќе...

Забава

Џад Ло, најверојатно, ќе биде Капетан Кука во „Питер Пан и Венди“

Објавено пред

Џад Ло, актерот со две номинации за „Оскар“, наводно е во преговори за да го глуми лошиот Капетан Кука во Дизниевата акција во живо „Питер Пан и Венди“, наменет за киносали, а не за стриминг-платформата „Дизни плус“.

Според „Варајати“, 47-годишниот Англичанец би бил последен во долгата низа актери што го глумеа злобниот пират во адаптација на романот на M.М. Бари од 1911 година.

Негативецот Кука претходно го портретираа Кристофер Вокен, Дастин Хофман, Џејсон Исакс, Рис Ифанс, Колин О’Донахју, Герет Хедланд и Стенли Тучи.

Прикажи повеќе...

Забава

Хејли Бибер убава и без шминка

Објавено пред

Хејли Болдвин Бибер ужива во опуштена дружба со сопругот Џастин Бибер во романтично бегство од секојдневието.

Во вторникот манекенката сподели фотографија во бикини, која го покажува нејзиното тонирано и исончано тело во аква син дводелен костим за капење од брендот Lali + Layla.

Манекенката на „Томи Хилфигер“ изгледа како тукушто излезена од океанот додека го покажува својот беспрекорен тен без шминка.

Таа исто така позира во елегантен фустан што се врзува на градите.

Хејли (23) не откри каде е, но во текот на викендот уживаше во патувањето во Јута со својот сопруг по повод Денот на независноста, 4 Јули.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион2 часа

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион3 часа

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион3 часа

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија4 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет5 часа

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Свет6 часа

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет6 часа

Во САД над 3 милиони заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, сè повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Македонија6 часа

Задолжителен тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и на Црна Гора при влез во земјата, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок, на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез...

Регион6 часа

(Видео) Солзавец и оклопни возила на протестите во Белград по најавата за нов полициски час

Полицијата во Белград утрово успеа да ги растера демонстрантите што од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија, Александар...

Свет18 часа

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19...

Регион21 час

Србија го враќа полицискиот час, забрана за движење од петок до понеделник

Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од...

Македонија22 часа

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус. Симулацијата ќе...

Регион24 часа

Грчки медиуми: Повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19

Грчките медиуми пренесуваат дека повеќето од туристите од Србија се позитивни на Ковид-19, а тоа е и половина од новите...

Македонија24 часа

Нови 120 заболени и петмина починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Со цитати од Конески и Мартиновски, Ципрас упати поддршка до Заев

Претседателот на грчката партија СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, упати видеопорака со поддршка на претседателот Зоран Заев,...

Македонија1 ден

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски,...

Македонија1 ден

Заболените од коронавирус и оние во самоизолација до утре може да се пријават за да гласаат

Утре истекува рокот за пријавување на лицата што се позитивни на Ковид-19 или се во домашна изолација, а кои сакаат да гласаат...

Свет1 ден

Шведска, сепак, воведува мерки против коронавирусот

Во Шведска денеска стапуваат во сила строги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти. Минималното растојание...

Македонија1 ден

Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите од Комисијата за заразни...

Досие