Забава
Песимизмот и оптимизмот се кодирани во гените

Генетската варијација го објаснува различниот поглед кон животот на оние кои сметаат дека чашата е половина празна и оние со став-половина полна
Генетската варијација го објаснува различниот поглед кон животот на оние кои сметаат дека чашата е половина празна и оние со став дека е половина полна, покажува истражување на група британски научници.
Веќе е констатирано дека генот 5 – HTTLPR го контролира нивото на серотонин, молекула невротрансмитер. Серотонинот пренесува информации до централниот нервен систем и најмногу е поврзан со сонот или депресијата.
Научниците веќе утврдиле три варијанти на генот, два куси алели (алтернативна форма на генот), кои што се поврзани со поголем ризик од депресија и обиди за самоубиство и за кои што се претпоставува дека создаваат премногу силна реакција кон стресните ситуации.
Генот може да има варијации и со долг алел.
Научници од универзитетот во Есекс, предводени од Елен Фокс, набљудувале 97 луѓе, на кои што им биле покажани по две фотографии од меѓународен психолошки тест.
Сликите биле поделени на три категории – негативни, еротски и неутрални.
Шеснаесет од учесниците во испитувањето, кои имале долг алел, биле привлечени од пријатните фотографии, а оние негативните ги отфрлале. Оние кои имале куси алели, не го пројавиле истиот интерес и покажале помала решителност во изборот.
Научниците утврдиле дека долгите алели имаат заштитна сила, овозможувајќи подобра реакција кон стресот во животот./крај/бгнес/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото/Видео) Совршено тело, но што е со нејзиното лице: oбожавателите на „Викторија Сикрет“ во шок

Една од најпопуларните модели на денешницата, Емили Ратајковски, конечно прошета за познатиот бренд за долна облека „Викторијас Сикрет“.
Се чини дека ова е круната на нејзината манекенска кариера, бидејќи, како што изјави за странските медиуми, отсекогаш сакала да носи ангелски крилја.
И конечно, нејзината долгоочекувана среќа се оствари на 35-годишна возраст, а познатата убавица не можеше да го скрие своето воодушевување на модната писта.
Емили прошета во комбинација од розова чипка, а својот стил го комплетираше со високи потпетици кои ги обвиткуваа нејзините нозе како лоза.
Треба да се напомене дека централниот мотив на овој изглед беше преголемиот детаљ на грбот. Наместо ангелски крилја, таа носеше ливчиња од орхидеја украсени со светки.
Стајлингот ја истакна нејзината витка фигура која ја краси со години, а кога станува збор за нејзината фризура – таа се одлучи за права коса.
Сепак…
Иако изгледот беше совршено вклопен, стилот на шминка малку го расипа целокупното искуство на модната писта. Имено, шминкерите пренагласија јаболчниците на Емили, а беа малку премногу попустливи кога користеа бронзер и течно руменило.
Резултатот од оваа техника на шминкање е непрепознатливото лице на моделот и пренагласувањето на розовата сенка за очи.
Изгледот на Емили Ратајковски веќе беше привлечен, па затоа немаше потреба од премногу драматична шминка.
фото: принтскрин
Забава
(Фото/Видео) Кралица на заводливоста: најубавата жена на светот „гори“ во црвена чипка

Моделот Бела Хадид се врати на модната писта само еден месец откако беше хоспитализирана и прими интравенска инјекција, за што ги информираше и своите следбеници на социјалните мрежи.
BOMBSHELL! bella hadid on runway for victoria’s secret ❤️🪽 pic.twitter.com/fOL9LKS4bF
— DUDA (@saintdemie) October 15, 2025
Нејзиното големо враќање се случи на ревијата на „Викторијас Сикрет“, а таа имаше чест да го затвори целиот настан.
Бела прошета во долна облека од црвена чипка што го одзема здивот, а сè комплетираше со наметка во истата нијанса.
За да ја затвори ревијата, таа избра уште побомбастична комбинација, тоа беше сребрен комплет долна облека со ресни и светки, додека гаќичките исто така беа направени од чипка.
bella hadid stunning at the victoria’s secret show pic.twitter.com/NA6p35w2Bq
— 2000s (@PopCulture2000s) October 15, 2025
Познатите крила овој пат беа навистина ангелски, бели и исполнети со цвеќиња.
Сандалите исто така беа во фокусот, бидејќи беа „невидливи“, Бела избра модел со ПВЦ ременчиња, и со тоа го заокружи своето провокативно издание на ревијата што ја чекавме цела година.
фото: принтскрин
Забава
Џенифер Лопез за своите поранешни партнери: „Тие не беа способни да ме сакаат“

Џенифер Лопез неодамна се појави во „Шоуто на Хауард Стерн“ за да го промовира мјузиклот „Бакнежот на жената-пајак“. Покрај нејзината деловна кариера, познатата поп-пејачка одговараше и на прашања за нејзиниот личен живот.
На прашањето на водителот Стерн – „Дали мислите дека бевте навистина сакани?“, Џенифер одговори по кратка пауза: „Не“.
„Тие не беа способни да ме сакаат… Тие го немаа тоа во себе. Ми дадоа што имаа. Ми дадоа сè, секој пат – сите прстени, сè што некогаш можев да посакам. Куќи, прстени, брак и сè тоа, но дел од проблемот беше што во тоа време не се сакав себеси“, призна таа.
Лопез беше мажена и разведена четири пати, но се чини дека нејзиниот последен развод – од Бен Афлек – ја погоди вистински. Со поранешниот сопруг Марк Антонио, таа ги има 17-годишните близнаци Макс и Ема.
„Кога се разведов последен пат, тоа беше најдоброто нешто што ми се случи, бидејќи навистина ме натера да свртам нов лист. Мислам, имав фитнес тренер, имав брачен терапевт, имав индивидуален терапевт, имав тренер за зависности. Имав сè. Си мислев: Ќе го решам ова, дури и ако ме убие“, рече Лопез.
Таа вели дека сега има поголема самодоверба и научила да ги разбира луѓето околу неа.
„Сега можам да седам тука со многу поголема самодоверба… Се чувствувам навистина удобно и добро што сум своја…“