Забава
Гаф на водителка на Си-Ен-Ен
Новинарката на Си-Ен-Ен Заине Варјес ќе влезе во аналите на оваа глобална ТВ мрежа бидејќи во едно јавување во живо дури два пати несвесно го кажала
Новинарката на Си-Ен-Ен Заине Варјес ќе влезе во аналите на оваа глобална ТВ мрежа бидејќи во едно јавување во живо дури два пати несвесно го кажала зборот “пенис“. Варјес известувала во живо за авионските компании и барањето на патниците да се послжуваат кикирики во авионите.
Поради некоја причина, имала проблем да го каже зборот “пинат“ (кикирика), па наместо тој збор, на два пати рекла “пенис“ и шокирала милиони гледачи ширум светот.
Всушност, ги информирала дека американската авиокомпанија Нортвест повторно почнала “да послужува пениси во своите авиони“, како и тоа дека Џорџија е “еден од водечките производители на пениси во светот“.
Што е најчудно, било очигледно дека воопшто не била свесна што кажала, па на разни блогови, голем број на гледачи коментирале дека таков лапсуз може да се објасни со фројдовата теорија на потсвесно./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Вистинска убавица: минијатурното бикини ги откри сите нејзини атрибути
Пејачката Дуа Липа ужива во заслужен одмор, но и во друштво на својот сакан Калум Тарнер. Пејачката неодамна ја заврши музичкта турнеја во Мексико, а сега одлучи да се посвети на својата благосостојба.
Таа објави компилација од фотографии на „Инстаграм“, на кои се гледаат нереалните кадри од природата, како и нејзината завидна фигура. Може да се заклучи дека снимките од нејзиното згодно тело привлекоа внимание бидејќи предизвикаа и лавина коментари на интернет.
Дуа позира во минијатурно бикини во леопард-принт, кое ги нагласуваше нејзината завидна фигура и обликуваното тело.
Коментарите од обожавателите беа секако забележливи, а многумина ја пофалија за нејзината убавина.
View this post on Instagram
„Прекрасна природа, но сепак си поубава“, „Те обожавам, девојко“, „Какво тело и каков глас…“, се само неколку.
Дуа Липа, според неодамнешното истражување на PlayersTime, поседува карактеристики на вистинска убавица. Тие исто така споменаа кои физички карактеристики ја красат:
„Имињата може да се менуваат, трендовите може да се менуваат, но одредени особини остануваат: елеганција, раскошна коса, самоуверено присуство и таа недостижна мешавина од младост и софистицираност“, објаснија тие.
Забава
Еден хороскопски знак треба да игра лото: среќата му е на дофат!
Со влегувањето во сезоната на Јарец, од 21 декември, започнува поволен финансиски период за дел од хороскопските знаци. Распоредот на планетите отвора можности за заработка, добивки и паметни финансиски одлуки, особено до 27 декември.
Најмногу среќа со парите, според астролошките прогнози, ќе имаат Стрелец, Јарец, Близнаци и Девица, кај кои се можни зголемени приходи, бонуси или неочекувани приливи.
Дополнително, Бик е знак на кој ѕвездите му препорачуваат да се обиде со игри на среќа, бидејќи постои можност за изненадувачка добивка.
Забава
(Фото) Изгуби 14 килограми, а потоа ги покажа мускулите: „Сакам да бидам одговорен татко и да изгледам добро“
Познатиот пејач Ед Ширан направи драстични промени во својот живот – се откажа од некои лоши навики и успеа да ослаби 14 килограми. Како што вели, сака да биде добар пример за своите ќерки.
Ед позира за насловната страница на списанието Men’s Health и откри што го натерало да се подложи на нов режим и да ослаби. Пресвртот се случил кога неговата најстара ќерка, која сега има пет години, имала само две недели.
View this post on Instagram
„Мојата најдобра пријателка беше кај мене и пиевме вино. Си легнав, а потоа таа се разбуди по 20 минути. Се разбудив и помислив дека веројатно не треба повеќе да пијам ако се чувствувам толку лошо. Сакам да можам да ги извршувам ноќните обврски со децата, да бидам одговорен татко и да изгледам добро“, рече тој.
Па наместо пиво по настап, Ед почна да вежба пилатес и трчање, а наместо да оди во пабови и кафулиња – по концерт, оди директно во својата хотелска соба.
Самиот Ед Ширан сподели фотографии од себе на „Инстаграм“ и откри некои детали од својата трансформација во описот.
„Нешто за кое мислев дека никогаш нема да можам да го направам, но еве нè. Пред десет години пиев пиво, јадев ќебапи и пушев. Родителството ме натера да ги прекинам овие навики и сериозно се посветив на вежбање и умереност. Не велам дека престанав да уживам, сè уште пијам. Обожавам црвено вино, обожавам добар оброк, но не секој ден“, напиша Ед.

