Забава
Сините патки „изумираат“ – останале двајца геј-мажјаци

Вработените во засолништето за птици во Вест Сасекс се надеваа дека последната женка од сините патки во Велика Британија, Чери, ќе се пари со еден
Вработените во засолништето за птици во Вест Сасекс се надеваа дека последната женка од сините патки во Велика Британија, Чери, ќе се пари со еден од двајцата преостанати мажјаци, Бен или Џери.
Но, на огромно разочарување на еколозите, ниту еден од нив не „загризал“ на Чери. Меѓусебно го минуваат времето, игнорирајќи ја женката. Директорот на засолништето Пол Стивенс на почетокот беше многу разочаран од нивната полова ориентација, но на крајот сепак ги засакал такви, какви што се.
Посетителите на паркот мислат дека се сладок пар. Луѓе од целата земја доаѓаат за да ги видат. Немаат поим дека тоа е всушност геј пар.
Сините патки потекнуваат од Нов Зеланд, а споменатата тројка се единствените примероци во Велика Британија и затоа во паркот толку се надевале во подмладок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џесика Алба на празнична забава со семејството

Џесика Алба ретко се појавува во јавноста со семејството, но во неделата таа се реши за јавен настап со сопругот Кеш Ворен и трите деца на празничната забава во Лос Анџелес.
Непрофитната организација Baby2Baby во неделата ја одржа својата годишна празнична забава во Лос Анџелес, и како и обично, привлече голем број ѕвезди од висок профил кои го донираат своето време и ресурси за да помогнат во собирање пари за деца што живеат во сиромаштија.
Овој пат Џесика Алба, која работи во бордот на директори, направи редок јавен настап со сопругот Кеш Ворен и нивните три деца: ќерките Хонор, 11 години, Хевн осум, и синот Хејс, една година.
Поранешната ѕвезда на Dark Angel, 38, ja покажа нејзината тонирана фигура во црн модерен комбинезон.
Панталоните со висок појас поврзани се со бела кошула со долги ракави и црни чизми.
Здравје
Петгодишно момче доби вештачка рака и за првпат го прегрна својот брат

Петгодишниот Џејкоб бил предвреме роден без лева рака и до неодамна никој не можел да му помогне. Неговите родители, Џема Тарнер и Крис Скримшо, собрале 16.000 фунти со цел да му овозможат на својот син функционална протеза.
Сепак, експертите верувале дека ваква протеза може да се направи само доколку пациентот има рака до под лактот. Затоа на Џејкоб никој не можел да му помогне, барем не досега.
Во овој поглед во пресрет им излегол Британецот Бен Рајан чиј син имал ампутација на раката на само десетгодишна возраст. Кога тоа се случило, тој ја напуштил работата како професор по психологија и ја основал компанијата „Амбионикс“ со цел да развие специјална хидраулична протеза.
„Амбионикс“ неодамна се спои со полската фирма „Глејз“, која изработува протези, а Џејкоб бил еден од нивните први клиенти.
Желбата на семејството на Џејкоб била да се изработи совршена протеза – лактот да може да се нагоди на различни позиции, а раката да има механизам за фаќање.
Рајан успеал да ја изработи ваквата механизација, но она што е поважно за Џејкоб, е дека раката е голама и зелена, како на суперхерој.
„Тоа го сакаше Џејкоб, така што се испадна совршено“, вели Рајан.
Во четвртокот, тој му ја донел новата рака на Џејкоб. Истата совршено се вклопила и функционалноста ги надминала сите очекувања.
„Сега тој може да го гушне брат му и да го држи за рака“, објаснил Рајан.
Мајката на Џејкоб вели дека било прекрасно да се види нејзиниот син со рака. Таа додава дека момчето е навистина задоволно со новата протеза.
Објаснила дека детето не сакало протеза која не е функционална, а дека вештачката рака е зелена бидејќи тој сакал да биде поразлична од сите други.
Забава
Локација за храбри фотографи: камен заглавен меѓу две карпи на височина од 1.000 метри

Камен, кој стои меѓу две карпи на планината Кјераг, освен планинарите, ги привлекува и оние што сакаат совршена фотографија на речиси 1.000 метри над бездната.
Кјерагболтен е веројатно најпознатиот камен во Норвешка, кој се наоѓа во близина на селото Лисеботн. Иако е голема атракција на „Инстаграм“, поради тешкиот терен, само оние што се одлично физички подготвени може да дојдат до ова место.
View this post on Instagram
Не е сигурно како овој камен се нашол во пукнатина меѓу карпите, но претпоставката е дека се наоѓа таму уште од последното ледено доба. Со оглед на тоа што карпата е на надморска височина од 989 метри, само најхрабрите се осмелуваат да стапнат на него со цел да направат совршена фотографија.
View this post on Instagram
Но, дури и оние кои немаат храброст да се качат на каменот, сепак можат да уживаат во неворојатниот поглед. Кјерагболтен и планината Кјераг се дел од спектакуларни карпести формации во близина на Лисефјорд, кој важи за еден од најубавите фјордови во Норвешка.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија6 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија2 недели
Јовановски: Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде