Забава
Риби роботи ќе го откриваат загадувањето на водите

Риби роботи, создадена од британски научници, ќе ги откриваат загадувањата на речните, езерските и морските води
Риби роботи, создадена од британски научници, ќе ги откриваат загадувањата на речните, езерските и морските води.
Рибите во форма на шарани, ќе бидат пуштени од пристаништето Хихон во северна Шпанија, по тригодишен научен проект.
Ако истражувањето се покаже успешно, научниците се надеваат рибата робот да се користи за одредување на загаденоста на реките, езерата и морињата низ целиот свет.
Роботите, кои многу личат на вистински риби и ги имитираат нивните движења во водата, ќе имаат вградени мали хемиски сензори, кои што ќе ги детектираат изворите на потенцијалните опасни загадувачи на водите, како што се испуштање на загадени материи од бродови и подводни гасоводи.
Откако рибата робот ќе се врати на копно, ќе ги пренесува податоците преку Wi – Fi технологија. Рибата работи на батерии со издржливост до осум часа. Рибите минуваат околу еден метар на секунда.
Проектот е финансиран од Европската комисија. Првите пет риби се создадени од професорот Хоушенг Ху и неговите експерти по роботика од Универзитетот за компјутерски науки и електронско инженерство во Есекс. Професорот Ху се надева дека рибите роботи во водите ќе можат да запловат до крајот на следната година./крај/бгнес/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Глобалниот феномен ARGY – по Tomorrowland и Бразил, на 13 декември директно во Скопје

Најгласното, најмоќното и најочекуваното електронско доживување на годината ќе се случи на 13 декември 2025 година во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. ARGY, едно од најистакнатите имиња на современата електронска сцена, доаѓа со спектакл каков што досега не сме виделе. Шоу што ги руши сите граници на звукот, продукцијата и енергијата.
Во време кога светот живее во пулсот на електронската култура, Скопје ќе го почувствува врвот на тој бран, преку уметникот кој од подземјето создаде глобален феномен.
ARGY е артист што одамна го надмина статусот на диџеј и стана симбол на современиот хаус и техно звук.
Со сетови што предизвикуваат транс, со магична сценска естетика и харизма што ја поттикнува колективната еуфорија, тој создава атмосфера што ги брише границите меѓу уметност, звук и емоција.
Во арената „Борис Трајковски“ ќе биде поставена продукција со највисоки светски стандарди. Сценографијата и визуелните ефекти ќе создадат амбиент што ќе го премине секој физички простор, претворајќи ја арената во импресивна катедрала на звук и светлина. Комбинацијата од технологија, визуелен дизајн и акустична прецизност ќе резултира со нешто што не се гледа, туку се доживува.
Забава
Привлекуваат љубов само кога ќе ѝ го свртат грбот: дали си и ти меѓу нив

Некои хороскопски знаци мора да научат на тешкиот начин дека љубовта ќе дојде само кога ќе престанат да трчаат по неа. Само кога ќе се опуштат и ќе престанат да бараат потврда однадвор, вистинската љубов го наоѓа својот пат до нив.
Вага
Вагата често бара рамнотежа преку другите. Кога конечно ќе најдат мир во себе, се појавува некој што ги гледа такви какви што се. Љубовта им доаѓа само кога ќе престанат да им угодуваат на сите и ќе научат да се сакаат себеси.
Риби
Рибите имаат идеализирана слика за љубовта и често страдаат за погрешни луѓе. Но, кога ќе престанат да бараат „сродна душа“ и ќе почнат да ја ценат едноставноста и искреноста, тие привлекуваат љубов што е стабилна и вистинска.
Девица
Девицата често се сомнева, анализира и бара совршенство. Но, кога ќе престанат да размислуваат премногу и ќе си дозволат да чувствуваат, тогаш личноста што е токму она што им треба доаѓа во нивниот живот, без планирање или пресметка.
Вистинската љубов не доаѓа кога најмногу ја сакаме, туку кога сме подготвени за неа.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Жешкиот бакнеж меѓу познатата актерка и згодниот маж, 24 години помлад од неа, предизвика бура

Гвинет Палтроу откри дека нејзините пријатели „полуделе“ поради нејзиниот бакнеж со Тимоти Шаламе.
Иако станува збор за сцена од филмот „Marty Supreme“, кој е снимен во Централ Парк во Њујорк, актерката признава дека нејзините најблиски, особено нејзините пријатели, биле воодушевени од сцената.
„О, Боже, сите мои групни разговори со нив беа возбудливи… Тие полудеа! Сите беа како: Да, Гвинет, само напред! А јас бев: Луѓе, смирете се“, се пошегува таа.
Гвинет призна дека, и покрај славата на Шаламе, не знаела многу за него. Таа исто така се присети на нивната прва средба.
„Сите ми се потсмеваат затоа што не знам ништо. Го прашав: Дали имаш девојка? И тој рече да. Спомена дека таа имала деца од претходна врска, а јас реков: Тоа е навистина убаво. Мило ми е што го слушам тоа од млад човек како тебе. Немав поим дека зборува за Кајли Џенер“, призна таа со смеа.
фото: принтскрин