Контакт

Забава

Стан за хумана Крагуевчанка

Објавено пред

Градоначалникот на српскиот град Крагуевац, Верољуб Стевановиќ и предаде клучеви од нов стан на хуманата Владанка Ѓоковиќ, која што дарувала крв

Градоначалникот на српскиот град Крагуевац, Верољуб Стевановиќ и предаде клучеви од нов стан на хуманата Владанка Ѓоковиќ, која што дарувала крв 130 пати.

Хуманата Крагуевчанка, 36 години живее како потстанар со нејзината деведесет годишна мајка и со синот студент во изнајмена куќа.

Таа работела во фабриката „21. Октомври“, но во 2001 година е прогласена за технолошки вишок, а оттогаш чека да го исполни условот за пензија и месечно добива по 13 илјади динари.

„Ова е најмалку што можевме да го направиме за исклучително хуманата и повеќе од скромна жена, рече градоначалникот Стевановиќ при предавањето на клучевите од станот.

Ѓоковиќ, која на 13.април ќе наполни 57 години рече дека е среќна што конечно добила свој покрив над главата и понуди крв за настраданите во земјотресот во Италија./крај/амп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Кралицата бара администратор на социјалните мрежи, плата 67.000 долари

Објавено пред

Британската кралица Елизабета Втора е подготвена да плати до 67.000 американски долари годишно на личност која би управувала со нејзините профили на социјалните мрежи, сѐ со цел да најде, како што рече, нови начини за одржување на нејзиното присуство на јавната и светската сцена.

Кралското семејство, кое исто така неодамна се појави на LinkedIn, истакна дека работата вклучува и анимирање на публика низ целиот свет, не само во Велика Британија.

„Успешниот кандидат ќе раководи со мал дигитален тим експерти, ќе создаде стратегија за содржини за нашите дигитални канали и ќе работи со колегите за континуирано подобрување на нашето дигитално присуство“, се вели во соопштението.

Избраната личност мора, како што се бара, да обезбеди дека социјалните мрежи на кралицата се од интерес и за публиката, со истовремено зачувување на угледот и влијанието на ова семејство.

Тоа лице исто така треба да има искуство во користење на различни платформи за управување со содржини, социјални мрежи и алатки за аналитика, јавува CNBC.

Менаџерот за социјално вмрежување би имал 33 дена годишен одмор (вклучувајќи празници) годишно, бесплатен ручек, обука и придонеси за пензионирање. Истотака, се наведува дека годишната плата се движи помеѓу 45,000 и 50 000 фунти (околу 67,000 американски долари), во зависност од искуството.

Прикажи повеќе...

Забава

Ширум светот одржан фестивалот на дедо мразовци

Објавено пред

Во многу градови низ светот, вклучително и Њујорк, се одржа традиционалниот фестивал на Дедо Мраз.

Илјадници луѓе облечени во црвени костуми на Дедо Мраз се собраа на Тајмс Сквер во Њујорк за Фестивалот Сантакон.

И покрај студот, тие пееја, танцуваа и им делеа слатки на децата.

Како и претходните години, годинашниот фестивал се организира преку социјалните мрежи.

Фестивалот Сантакон првпат беше организиран во 1994 година во Сан Франциско и оттогаш стана меѓународен феномен, пренесува „Њузвик“.

Прикажи повеќе...

Забава

Илјадници риби со необичен облик преплавија плажа во Калифорнија

Објавено пред

Низата зимски бури што ја зафатија Калифорнија предизвикаа плажата северно од Сан Франциско да биде преплавена со необични суштества. Тие многу личат на машкиот полов орган и затоа добиле прекар пенис-риби.

View this post on Instagram

SHOOK 😳 Thousands of these marine worms—called fat innkeeper worms, or “penis fish”—were found on Drake’s Beach last week! These phallic organisms are quite common along the West coast of North America, but they spend their whole lives in U-shaped burrows under the sand, so few beachgoers are aware of their existence. ⛈🌊 A recent storm in Northern California brought strong waves that washed away several feet of sand from the intertidal zone, leaving all these fat innkeeper worms exposed on the surface. 🏖 Next time you go to the beach, just think about the hundreds of 10-inch, pink sausages wiggling around just a few feet under the sand. 🙃 . . Get the full story in our new #AsktheNaturalist with @california_natural_history via link in bio! (📸: Beach photo courtesy David Ford; Worm photo by Kate Montana via iNaturalist)

A post shared by Bay Nature Magazine (@baynaturemagazine) on

Според списанието Bay Nature, овие суштества се всушност морски црви. Најмногу се наоѓаат под песокот и далеку од плажите, но неодамнешните бури ги извадија на површина.

Како што се гледа на фотографиите, изложени на плажа, пенис-рибите се лесен плен за птиците.

Инаку, овие суштества се деликатес во Јужна Кореја.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт1 час

Македонец е светски првак во УФЦ–Александар „The Great“ Волкановски

Македонецот Александар „The Great“ Волкановски (31) е новиот шампион во УФЦ, во перо категорија. Волкановски утринава во Лас Вегас го...

Економија2 часа

Почнува наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“

Од денес со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од...

Регион14 часа

Обвинителството во Албанија гони 17 лица по земјотресот – се градело без почитување на стандардите

Албанското обвинителство издаде 17 налози за апсење под обвинение за убиство и злоупотреба на службената положба поради смртта на 51...

Свет16 часа

Уништувањето на шумите во Амазонија достигна највисоко ниво за месец ноември

Уништувањето на шумите во бразилската Амазонија го достигна своето највисоко ниво за месец ноември, откако почна да се бележи неславни...

Македонија19 часа

Заев за ДУИ ќе се консултира во СДСМ и со малите партии

Премиерот Зоран Заев најави внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии на кои ќе се одлучува за поднесувањето на...

Топ19 часа

Пожар во стан во Тетово – еден тешко повреден, десетина затруени

Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица се затруени од чад, во пожарот што се случи денеска...

Македонија20 часа

Врховните судии потврдија дека Јован Врaнишковски перел пари

Врховниот суд го отфрли како неосновано барањето за вонредно преиспитување на пресудата против расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски. Тројцата...

Македонија20 часа

(Видео) Русковска: На почетокот на јануари се надевам на второ обвинение за „Рекет“

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека втората истрага за случајот „Рекет“ е при...

Македонија22 часа

Николоски тврди дека со СДСМ имале договор: За изборниот модел требаше да преговараме по изборите

Преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак, по вина на власта којашто на подмолен и недемократски начин, сака...

Македонија22 часа

(Видео) Дескоска, Здравев и Џолев на примопредавање на златната метла

Министерката за правда, пред почетокот на денешната акција за чистење на претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев му ја подари...

Македонија23 часа

Коце Трајановски нема да биде гонет за конкурсот за Водовод, застарело делото

Ексградоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и уште три други лица нема кривично да одговараат за злоупотреба на службената положба...

Топ1 ден

Патнички воз удри во автомобил, жена со повреди заврши во болница

Вчера напладне на железничка пруга Велес-Кочани, на патен премин кај селото Лозово, се случи железничка незгода во која патничкиот воз...

Европа1 ден

Џонсон: Нема втор референдум за независност на Шкотска

Британскиот премиер Борис Џонсон и порача на шкотската лидерка Никола Старџен дека нема да има нов рефердендум за независност на...

Свет1 ден

Северна Кореја изведе нова нуклеарна проба

Северна Кореја ја инофмрира светската јавност за нов „важен тест“, направен на космодромот Сохе во земјата, пренесоа руските медиуми. „На...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева го злоупотребила буџетот на СЈО за роднини и пријатели

Катица Јанева , под заштита на Зоран Заев, била дел од милионска рекет шема, но и го злоупотребувала буџетот на...

Македонија2 дена

(Видео) Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени...

Топ2 дена

Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Скопје

Управата за финансиска полиција  поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.А., поранешна директорка на средното училиште „Браќа...

Македонија2 дена

Поднесено обвинение против Јанакиески и уште 10 лица за предметот „Шпански скали“

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција  достави обвинение до кривичниот суд против 11 лица за предметот популарно наречен „Шпански...

Топ2 дена

Ексамбасадорот Томислав Димитровски репетирал пушка и ја вперил кон соседот додека се расправале во зградата

Поранешниот амбасадор во Љубљана, Томислав Димитровски вчера репетирал пушка и ја вперил кон сосед, за време на расправија во зграда...

Македонија2 дена

(Видео) Поповска: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите за да се откочи можноста за една изборна единица

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, една од 17-те иницијатори за законот за една изборна едниница од собраниската прес-сала, рече дека...

Досие